Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани - Канал 5

Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани

Покрај авионот, рано денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат хоспитализирани таму.

Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани

Заради медицинска евакуација, за Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари, јави МИА од Белград.

Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбрана.

Покрај авионот, рано денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат хоспитализирани таму.

Синоќа со авион на вооружените сили на Србија беа пренесени во Белград 12 пациенти на кои им беше укажана помош во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.

Шест лица од ВМА останаа во Македонија - двајца хирурзи, анестезиолог, анестезиолог и двајца медицински техничари - инструментари, наведе МО на Србија.

Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, но биле спречени

Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, но биле спречени од припадници на МВР на Република Српска.

Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, но биле спречени

Агенти на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) синоќа се обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадници на полиција на Република Српска.

Инспекторите на СИПА се обиделе да го приведат Додик додека престојуваше во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, но тие се повлекле кога на патот им застанале полицајците задолжени за обезбедување на актуелниот претседател на РС.

Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, немало директен конфликт меѓу припадниците на државната и ентитетската полиција, туку тие само разговарале.

Инспекторите на СИПА биле во вообичаени униформи, додека приодот до зградата каде што бил Додик бил блокиран од тешко вооружени специјалци на МВР на РС.

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, потврди дека полицијата на овој ентитет веднаш е ставена во состојба на готовност, а ја критикуваше и СИПА за лошо организираниот обид за апсење.

„Испраќањето на неколку инспектори во административниот центар на владата на РС во Источно Сараево со наредба да се обидат да го приведат Милорад Додик и сето тоа без помош на специјална единица на СИПА навистина фрла сомнеж во способноста на државната агенција да обезбеди доследно почитување на законот на целата нејзина територија или зборува за неможноста на раководниот персонал да ја анализира и планира успешната операција“, рече Исак.

Судот на Босна и Херцеговина распиша потерница по Додик и му одреди притвор бидејќи одби да одговори на поканата за сослушувањето на Обвинителството на Босна и Херцеговина кое против него води истрага поради сомнение дека се обидел да го загрози уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

Состојба на патиштата

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. 

Состојба на патиштата

На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. 

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата.

До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава –не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата!

Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.

Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците.

Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста?

Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.

Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.

Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.

Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани.

Скопје, 24.04.2025

СДСМ

притисни ентер