Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар
2Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар
3Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
БалканОд следната година во Грција: За пет илјади евра можен влез во Акропол и после работното време Грција планира да понуди ексклузивни тури до познатиот Акропол за помал број богати посетители надвор од работното време, почнувајќи од 1 април следната година, но по цена од 5.000 евра.Оваа мерка е дел од ревизијата на политиката за посети на археолошки локалитети и музеи, која ќе се прошири и на други места од април 2025 година. Претставничката на грчкото Министерство за култура, Николета Дивари-Валаку, вчера изјави дека новата ексклузивна понуда за посета на Акропол ќе се состои од најмногу четири групи од по пет лица и ќе чини 5.000 евра по група, а ќе може да се оди на турнеја индивидуално, но по цена на целата група. „Одлучивме да ја воведеме оваа мерка затоа што има побарувачка, луѓето побараа ваква понуда, која нема негативно да влијае на архолошкиот локалитет, згора на тоа, ќе придонесе за подобра промоција на Акропол, а приходот ќе се користи за инвестиции во културни проекти и споменици“, појасни Дивару-Валаку. Специјалните посети, со сертифицирани водичи, ќе траат два часа - наутро од 7 до 9 часот, пред отворањето и од 20 до 22 часот по затворањето на Акропол. Таа додаде дека, ако се оди како што треба, програмата треба да вклучи и други големи археолошки локалитети во Грција од 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСредно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт. Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“. Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската. Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци. Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот. Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти. Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања. Фото: ВИ Извор: Б92Тагови: Белгија Средно училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ЖивотЧовек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“Еден жител на Осиек освои џекпот од 209.552,19 евра во дополнителната игра „Џокер“ на Хрватската лотарија.За големата добивка дознал сосема случајно – додека на вестите слушал дека премијата била извлечена токму во неговиот град. Штом ја слушнал информацијата на телевизија, отишол на интернет-страницата на лотаријата за да го провери својот тикет. Набргу сфатил дека веста за новиот милионер всушност се однесува токму на него. Moжеби ќе ве интересира: Добил милион на лото, но не се јавил за да ја земе наградата- ливчето може да го фрли во ѓубре – Не можев да поверувам дека јас сум човекот од вестите – признал среќниот добитник. Радосната вест не ја чувал долго само за себе – веднаш ја споделил со семејството, па откривањето на големата добивка набргу се претворило во заедничко славење. Овој жител на Осиек е редовен играч кој уплаќа речиси сите Лото игри – Лото 7, Лото 6, Еуроџекпот и „Сè или ништо“. Продажните места ги посетува два до три пати неделно, а при изборот на комбинации секогаш се придржува до истото правило – комбинира важни лични датуми со неколку случајно избрани броеви. Иако ги уплаќа главните игри, најголемата добивка во животот му ја донела дополнителната игра „Џокер“, која редовно ја избира на тикетите. Добитниот тикет бил уплатен на 22 јули, кога покрај Лото 7 ја уплатил и комбинацијата „Џокер“, која му донела повеќе од 200 илјади евра. Иако станува збор за неговата најголема добивка досега, жителот на Осиек не планира да го менува начинот на живот ниту секојдневните навики. Ќе продолжи да игра како и досега, а на останатите играчи им порачува само едно: бидете упорни. Извор: Večernji.hr Слика: ChatGPTТагови: лото милионер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаЛефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за ГостиварЕден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши. Почитувани граѓани, Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода. Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook