Од што зависат климатските цели на ЕУ до 2040 година - Канал 5

Од што зависат климатските цели на ЕУ до 2040 година

По големите протести на земјоделците против зелените реформи и четири месеци пред европските избори, ЕУ ги објави климатските цели за 2040 година и патоказот за следната фаза на нејзината енергетска транзиција.

Од што зависат климатските цели на ЕУ до 2040 година

ЕНР – Брисел

По големите протести на земјоделците против зелените реформи и четири месеци пред европските избори, ЕУ ги објави климатските цели за 2040 година и патоказот за следната фаза на нејзината енергетска транзиција.

Дваесет и седумте земји членки на Европската Унија имаат за цел да постигнат климатска неутралност до 2050 година, а до 2030 година сакаат да ги намалат емисиите на стакленички гасови за 55 проценти во споредба со нивоата од 1990 година. Наредната цел потоа – 2040 година – Европската Комисија (ЕК) цели за намалување од 90 проценти.

Најавата доаѓа во време широко распространети протести на земјоделците, кои ги заматија плановите за транзицијата на блокот кон позелена иднина. Земјоделците протестираа пред зградата на Европскиот парламент, незадоволни од намалувањето на приходите, зголемените трошоци и според нив се построгите зелени регулативи.

Еврокомесарот за климатска акција Вопке Хоеукстра изјави дека блокот се залага за „фер транзиција“, овозможувајќи им на бизнисите да напредуваат и обезбедувајќи „никој да не биде запоставен“.

Во знак на тоа колку политички оптоварен станува еколошкиот проблем, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен најави дека ќе го повлече предлогот за регулатива за одржлива употреба на пестициди до крајот на оваа деценија. Таа додаде дека предлогот „станал симбол на поларизација“, при што законодавството заглави поради поделбите меѓу европратениците и земјите членки на ЕУ. Незадоволство може да ги блокира обидите за усвојување на планот за намалување на емисиите за најмалку 90 отсто до 2040 година.

Европската комисија најави дека новата цел ќе придонесе за намалување на бројот на предвремени смртми случаи поради лошиот квалитет на воздухот на годишно ниво од 466.000 во 2015 година, на 196.000 во 2040 година. Исто така, очекува дека предлогот ќе „испрати јасни сигнали“ и дека пазарот на чиста технологија ќе порасне за 600 милијарди евра во 2030 година.

Од Брисел велат дека сега ЕУ одвојува четири проценти од целокупниот БДП за увоз на јаглеводороди и посочуваат дека помеѓу 2030 и 2050 година ќе мора да се вложат дополнителни 1,5 отсто од БДП во енергетската транзиција. Затоа Брисел предлага пренаменување на ресурсите со нивно оддалечување од „помалку одржлива намена, како што се субвенциите за фосилни горива“.

Предлогот, што ќе стане главна тема на предизборната дебата, мора да биде одобрен од сите земји членки и Европскиот парламент, што малку го ублажува нивото на амбиција во споредба со претходните нацрти со отстранувањето на директните наводи за напорите што мора да ги направи земјоделскиот сектор.

Екстремно десничарските и антиестаблишмент партиите се инволвираа во земјоделските протести, поради што се очекува да имаат големи придобивки на избоите во јуни. Лидерот на италијанската екстремно десничарската и антиевропска партија Лига, Матео Салвини, ги искористи протестите за да ја нападне ЕУ. - Да живеат земјоделците, чии трактори ја принудуваат Европа да се спротистави на лудилото наметнато од мултинационалните компании и левицата, изјави тој.

Реакции

Некои институции стануваат се погласни со нивните реакции кон климатските политики на ЕУ, а неколку лидери повикуваа на „пауза“ на новите правила за животна средина.

На иницијатива на Данска, 11 земји членки, меѓу кои и Франција, Германија, Шпанија и Словенија, испратија заедничко писмо до Брисел во кое се вели дека транзицијата кон „амбициозната“ цел до 2040 година треба да биде „фер и праведна“ и дека никој не треба да биде запоставен, особено не „најранливите граѓани“.

Амбициите не го постигнаа резултат што го посакуваат еколошките здруженија

Но, за еколошките здруженија, амбициите на ЕК не го постигнуваат посакуваниот резултат, на пример, отсуството на краен рок за постепено укинување на фосилните горива и поврзаните субвенции.

- Ова е исто како да се постави цел за спречување на рак на белите дробови без никаков план за се забрани пушењето, изјави Силвија Пасторели од „Гринпис“.

Според Светски фонд за природата, со оглед на тоа дека целта на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени е да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови на прединдустриското ниво и „имајќи ја предвид одговорноста на ЕУ во врска со историски емисии, поправедно би било да целиме кон нула нето емисии до 2040 година“.

Фондот го потенцираше фактот дека ЕК ја отфрлила целта за намалување на емисиите во земјоделството, кое ослободува 11 проценти од целокупните емисии на ЕУ, за 30 проценти, како што беше наведено во претходен работен документ.

Европската организација на потрошувачи (БЕУЦ) рече дека „колку и да се труди ЕК да се справи со земјоделците, фактите се тврдоглави работи: нашите системи за храна и земјоделство се голем дел од влијанието на ЕУ врз климата“.

Бугарските земјоделци

Бугарската Влада преговараше со Бугарската национална асоцијација на производители на жито и според премиерот Николај Денков веќе постои консензус со земјоделците за главните точки.

Но, по средбата на 4 февруари, земјоделците повторно излегоа на протест минатиот вторник и ги блокираа патиштата низ државата поради несогласување со некои точки.

Главните барања на одгледувачите на жито се законски измени со цел да се стигне до економска безбедност, обид да се сменат условите на Европската зелена агенда и субвенции од 200 лева по хектар (речиси 100 евра) за ублажување на последиците од војната во Украина. Според земјоделците, бугарската Влада треба да се заложи за изедначување на субвенциите и за поддршка на одгледувачите на жито низ Европа. Дополнително, тие бараат промени и олеснување на правилата на Европската зелена агенда кои наложуваат ротација, диверзификација и минимизирање на уделот на обработливо земјиште наменето за други цели.

Денков нагласи дека договорил преговори со ЕК за олеснување на новите еколошки барања.

Данскиот министер за клима Агард ја поздравува новата цел на ЕУ за 2040 година

Министерот за клима на Данска, Ларс Агард изјави дека најавата на ЕК пристигнува во вистински момент со климатската борба во ЕУ. - Гледаме демонстрации во европските престолнини и како владите ги намалуваат своите амбиции, изјави Агард, додавајќи дека ова се случува во земји кои обично се амбициозни за климатски промени. - Но, не смееме да ја изгубиме битката и затоа сум задоволен што Комисијата одлучи да ја следи препораката на Данска за поставување амбициозна дел, рече Агард.

Тој ја отфрли идејата дека најавата може да наштети на кредибилитетот на новата климатска цел бидејќи првата цел уште не е финализирана. -Создавањето доверба дека климатската политика ќе се продолжи и по 2030 година дополнително ја вреднува целта за 2030 година, нагласи Агард.

Новата висока цел доаѓа во време кога неколку земји веќе се борат да ја исполнат целта за 55 отсто намалување до 2030 година. Данска, исто така, допрва треба да укаже како значително да се намали јаглеродот диоксид.

Словенија и Италија го поздравуваат повлекувањето на регулативата за пестициди

Министерот за земјоделство на Италија, Франческо Логобриџида, ја поздрави најавата на Фон дер Лајен за повлекување на предлог-регулативата за пестициди, нагласувајќи дека „дополнително ќе ги ограничиме агрохемикалиите само кога ќе можеме да го заштитиме производството на алтернативни методи“.

- Од првиот ден се спротивставивме на идеолошкиот пристап кон прашањето (за еколошката транзиција) кој би имал разурнувачки ефект врз производството и ограничен ефект врз природата, рече Логобриџида.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повлекувањето го нарече „победа за Италија“.

По најавата на претседателката на ЕК, според словенечката министерка за земјоделство Матеја Чалушич, Словенија предложила индивидуален пристап кон употребата на пестициди. Таа нагласи дека земјоделските површини во Словенија се фрагментирани, а пред да се донесат нови регулативи прво треба да се знае кои се алтернативите за заштита на посевите.

Словенија ќе мора да ги засили своите напори со цел да ја исполни препораката на ЕК, изјави секретарот на словенечкото Министерство за животна средина Урош Вајгл. Тој верува дека новата цел за 2040 година може да се постигне, но треба да се дискутира како е тоа можно.

Претставници од словенечките земјоделци остварија средба со Чалушич и понудија неколку решенија за директните плаќања. Таа рече дека ќе го поддржи предлогот на ЕК според кој земјоделците ќе бидат ослободени од тоа да мора да остават дел од земјиштето необработено во 2024 година и дека сè уште ќе добиваат финансиска поддршка.

Што сега?

ЕК нагласи дека иако целта е да се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 отсто до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, мора да се обезбеди и конкурентност на европската индустрија и да се одржи стратешки дијалог со индустријата и земјоделците. Целта за 2040 година не е законски предлог, туку првична препорака.

Новата цел исто така ќе функционира како патоказ на следната Комисија и ќе ги води долгорочните инвестиции во трката за зелена технологија, помогнати од САД, Кина, ЕУ и други развиени економии.

Во меѓувреме, земјоделците низ целиот блок продолжуваат со протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

„Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска.

Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите.

„Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер