Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи - Канал 5

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора денес во Белград  одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција, информираат од РФМ.

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи

- За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и зајакнување на регионалната соработка. Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со висок степен на организација и професионални стандарди, стои во објавата на федерацијата.

Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат усогласени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигите. На наведениот состанок ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

Ракометните федерации продолжуваат со интензивна комуникација и соработка со цел реализација на овој значаен проект за развој на ракометот во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Какви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ

За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите...

Какви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ

За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите, а за дел пак вчершаните говори на одбележувањето на 123 годишнината од илинеденското востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ, наместо обединувачки – се слушнале и пораки на поделби. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски во некои од пораките гледа напад наместо констуктивност во конеткст на нашата мегународна позиција

„Тој популистички наратив фукнционира врз база на некаков непријател и некакво загрозување кон кое ние треба да се обединиме и сплотиме. И во таа смисла пораките за Европската унија дека губат кога ние не сме членка, тие се точни, но повеќе губиме ние – точно е дека ЕУ проширувањето го смета за геополитички приоритет, но за нас недостоткот на проширување многу брзо се прелева во недостаток на вода за пиење, недостаток на собирање отпад.....“ - Петар Арсовски – политички аналитичар.

За поранешниот амбасор пак Ристо Никовски, нема никакви дилеми дека владата прави се што може за што поскоро земјава да стигне во Брисел и токму таква јасна порака според него била испратена и вчера, но вели пречките на кои наидуваме се огромни и сите критики според него кои доаѓаат од опозцијата се апсолутно неидржани.

„Проблемите со кои се соочуваме, проблемите кои се пред нас се огромни и дека суштината не мора и не смее да се бара во Брисел и Софија ние мора да ги исправиме историските грешки, капитулациите и предавствата што ги направи претходната влада во дипломатијата меѓународните договори се склучуваат и раскинуваат и наш потег во таа насока мора да биде ввториот протокол. Тој нема никакво правно дејство, е тотално не легален, но тој е суштината на нашата преговарачка рамка и како и другите протокли кои треба да се потпишуваат во иднина и затоа Македонија мора да превземе кција и да ги расчисти тие дилеми .....“ - Ристо Никовски – поранешен амбасадор.

Инаку шефот на македонската дипломатија во неколку наврати изминативе денови, иако не отркива детали посочи дека се водат разговори за излез од европскиот ќор сокак... Муцунски пред неколку дена во Вести плус на Канал 5 рече дека една од опциите кои се намаса се и уставни измени со одложено дејство...

Во вчерашните илиденски пораки претседателката Сиљановска Двакова посочи дека За тешко изборената држава некому не должиме ништо и никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

Премиерот Мицкоски пак,рече дека секоја генерација има свој Илинден а обврска на оваа генерација е да ја врати довербата во институциите, достоинството и иднината на државата, упатувајќи истовремено и критики до политичките опоненти - повторувајќи го Ставот дека никогаш нема да прифати нови остапки на патот кон ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотен бран во Македоија, зголемен бројот на интервенции на итната помош

Освен високи температури преку ден кои се очекува да ја надминат 40-ката на живата на термометарот, синоптичарите предупредуваат дека неделева и ноќите ќе бидат „тропски“.

Топлотен бран во Македоија, зголемен бројот на интервенции на итната помош

Освен високи температури преку ден кои се очекува да ја надминат 40-ката на живата на термометарот, синоптичарите предупредуваат дека неделева и ноќите ќе бидат „тропски“, бидејќи температурата од четврток и после полноќ во Скопје ќе биде од 20 до 25 степени целзиусови.

Истиот ден ќе има услови и за дожд и грмежи кои нема да не разладат со оглед на метеоролошките предвидувања.

-Топлиот бран ќе биде најизразен во деновите што следуваат, па се до крајот на оваа седмица. Особено топло ќе биде во деновите од викендот што следува, кога се очекува дневната температура на места да го надмине 40-тиот степен. Особено од четврток ќе имаме високи температури и во текот на ноќта кога температура во воздухот во ноќните часови ќе биде во интервал од 15, 16 па се до 25 степени. После полноќ, од 12 до 3 до 4 наутро во Скопје ќе биде 22, 23 степени Цензиусови. Јулијана Фиданоска Мишкоска – УХМР.

Изгор топлото време веќе го зема данокот во здравје, барем ако се суди по зголемениот број на итни интервенции на службата на медицинска помош. Изминатата ноќ интервенирале за четири сообраќајни незгоди на моторциклисти, а ист е бројот и на дневни колапси.

Лекарите предупредуваат, во наредните денови, кога и залезот на сонцето нема да направи огромна разлика во температурите да не се напрега телото со силна физичка активност, а адаптацијата од под клима надвор и обратно да биде етапна.

Лекарите апелираат дека пиењето вода треба да биде редовно и во поголеми количества, дури и кога не се чувствува директна жед, да се избегнуваат алкохолни пијалаци, или оние со висок процент на шеќер и кофеин, бидејќи дополнително го забрзуваат процесот на дехидратација.

Во однос на исхраната да се конзимира полесна храна, главно овошје, зеленчук и супи, а да се избегнуваат помасни оброци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство

Иако во текот во вчерашниот ден во Гостивар се регистрирани  84 нови прегледи, од Министерството за здравство уверуваат дека епидемиолошката состојба е стабилна. 

Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство

Според ресорното министерство во однос на бројките од пикот на епидемијата, новите податоци покажуваат дека епидемијата се смирува..

-Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи,велат од министерството..

Од кризниот штаб потсетуваат дека водата се уште не е за пиење, но очекуваат состојбата да биде ставена под контрола во текот на следната недела.

-Секојдневните анализи покажуваат дека состојбата благо се подобрува, хиперхлорирањето продолжува понатаму но за жал во водата се уште се присутни бактерии кои што ја прават неподобна за пиење. Апелирам до граѓаните на Гостивар, да не ја користат за пиење ниту за готвење водата од градскиот водовод,- -Стојанче Ангелов, директор на дирекција за заштита и спасување.

Опозицијата и денеска прозива на одговорност.. Според СДСМ, освен во Гостивар, водата не е исправна во над 50 населени места, а граѓаните, како што тврдат, добиваат, контрадикторни информации од надлежните.

-Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење,- -Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека според микробиолошките анализи гостиварската вода не била за пиење, согласно законски утврдените критериуми, во пет наврати во периодот од 2020 до 2023-та година и прашаа зошто тогаш Филипче молчел..

Инаку, Забраната за пиење и употреба на водата во Гостивар се очекува да се укине кога три последователни анализи ќе го утврдат нејзиниот квалитет – посочуваат од Кризниот штаб.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер