БалканОд руска страна не слушнавме ниту план ниту програма за НИС, тврди српската министерка за рударство и енергетикаВо изјава за РТС таа нагласи дека состанокот се одржал на иницијатива на српските претставници во одборот. Српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека на вчерашниот итен итен состанок на одборот на директори, претставниците на државата во Нафтена индустрија на Србија (НИС) не слушнале „ниту план ниту програма“, што според неа е „загрижувачко“. Во изјава за РТС таа нагласи дека состанокот се одржал на иницијатива на српските претставници во одборот, дека утре претседателот на Извршниот одбор на „Газпром Нефт“ Александар Дјуков и заменик-министерот за руска енергетика Павел Сорокин ќе допатуваат во Србија и ќе се сретнат со претседателот на Србија Александар Вучиќ в понеделник. „Ние претходно разговаравме со руските партнери, нивниот план беше да почекаат да заврши војната (во Украина), да се постигне договор (меѓу Русија и САД), дека тоа ќе влијае на санкциите, но сме сведоци дека тоа не се случи, дека санкциите беа воведени. Во наредните денови очекуваме да го слушнеме планот на руските партнери, што смислиле и замислиле... Очекуваме предлози и план, не за следните неколку недели, туку за три, четири, пет, шест месеци, со цел да се обезбеди безбедноста на снабдувањето и работењето на рафинеријата во Панчево“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додаде дека санкциите против НИС биле објавени во декември 2024 година, дека биле одложувани неколкупати и дека на вчерашниот состанок слушнале и дека раководството на компанијата се надева дека Вучиќ „ќе најде решение на повисоко ниво“. Таа исто така изјави дека Србија не сака да национализираме ничиј имот, дека е „скандалозно“ што имотот, пред сè рускиот, „се краде денес во Европа“ и дека Србија сака да биде безбедно место за инвеститорите. Министерката изјави дека очекува нови испораки од 50.000 тони деривати за кои веќе се платени, дека има доволно резерви и дека граѓаните не треба да се грижат, но дека руската страна вчера објави дека има сурова нафта за рафинеријата во Панчево до 1 ноември, и дека НИС има свои залихи кои можат да траат само до почетокот на декември. Зборувајќи за гасниот аранжман со Русија, за кој претходно беше најавено дека ќе биде потпишан до крајот на октомври, таа изјави дека верува оти тој ќе биде продолжен до крајот на годината, односно во ноември и декември.Тагови: НИС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00