Од разголени снимки до финале на Вимблдон- најубавата тенисерка ја заврши кариерата (ФОТО) - Канал 5

Од разголени снимки до финале на Вимблдон- најубавата тенисерка ја заврши кариерата (ФОТО)

Една од најубавите тенисерки во светот, Ежени Бушар, која остави длабок белег во светскиот тенис, ќе се збогува со професионалниот спорт на својот домашен терен.

Од разголени снимки до финале на Вимблдон- најубавата тенисерка ја заврши кариерата (ФОТО)

Една од најубавите тенисерки во светот, Ежени Бушар, која остави длабок белег во светскиот тенис, ќе се збогува со професионалниот спорт на својот домашен терен, симболично затворајќи го кругот на својата кариера таму каде што започна, во Монтреал.

Иако нејзиниот врв беше финалето на Вимблдон во 2014 година, Канаѓанката се памети и по учеството во финалето на најпрестижните гренд слем турнири, вклучувајќи ги полуфиналињата во Мелбурн и Париз.

- Ќе знаете кога е вистинското време, за мене е сега. Завршувам таму каде што сè започна, во Монтреал - напиша таа во објава на својот Инстаграм профил.

Нејзината одлука да се пензионира на 31-годишна возраст дојде веднаш по поразот во првото коло на турнирот во Њупорт, што, како што вели, беше сигнал дека дошло време за крај.

Таа зад себе остава скромна, но значајна кариера обележана со упорност, харизма и титулата една од најпрепознатливите фигури во женскиот тенис во изминатата деценија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. 

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции.

„Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“.

Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

„Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните  алармираат за својата безбедност.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена.

Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат.

„ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка.

Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени..

Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години.

Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер