Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
2Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
3Претседателката на Молдавија го алармира НАТО: Русија ја напаѓа Европа на два фронта, едниот е особено опасен
3Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
СветОд првиот ден на судскиот процес против ТрампИзборот на поротата може да трае неколку денови, и засега оди тешко - од 96 кандидати за поротници, половината беа отфрлени бидејќи се смета дека не можат да бидат фер и независни.Њујоршкиот судија Хуан Мерчан кој го води кривичното дело против Доналд Трамп околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, во судот во Менхетн го отфрли барањето на експретседателот Мерчан да се изземе и да истапи од учество во процесот. Барањето на Трамп за изземање на Мерчан е заснована на тоа што неговата ќерка која е исто така судија, работи во политичка консaлтинг фирма со клиенти демократи па тоа, според експретседателот, создава конфликт на интереси. Така, процесот синоќа продолжи со избор на порота од Њујорк која ќе го разгледува случајот на Трамп во кој тој е обвинет за фалсификување деловна документација со цел да се прикријат исплати извршени пред изборите во 2016 година во висина од 130.000 долари, а за неразгласување на наводна вонбрачна врска меѓу него и Дениелс. Изборот на поротата може да трае неколку денови, и засега оди тешко - од 96 кандидати за поротници, половината беа отфрлени бидејќи се смета дека не можат да бидат фер и независни. По тоа ќе следуваат воведни изјави и сведочења на сведоци. Дениелс и поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кои сведочеа за тоа дека тој вршел исплати на Дениелс, се исто така некои од сведоците во процесот. Трамп изјави дека е невин и планира да сведочи во своја одбрана. На рочиштето синоќа окружното обвинителство побараа од Мерчан да изрече казна за Трамп бидејќи овој ја нарушил наредбата да зборува за сведоците во овој случај, за самото обвинителство и вработените во него. За тоа ќе се решава на посебна седница идната недела. Со ова обвинителството бара начин да го развлечат судењето. Тој е првиот поранешен претседател на САД кој е кривично гонет во граѓанска парница и во случај да биде прогласен за виновен може да добие затворска казна, сметаат познавачите. Судскиот процес се очекува да трае месец и пол. Трамп е претседателски кандидат од републиканците на изборите закажани за во ноември и поради судењето тој највеојатно ќе ја паузира својата кампања. Според вториот обвинителен акт, бившата манекенка Карен Мекдугал откри дека имала повеќемесечна врска со Трамп и побарала објава за тоа. Шест месеци пред изборите, еден американски таблоид и исплатил 150.000 долари да молчи за наводите дека имала врска со Трамп. Оваа исплата не е дел од тужбите, но обвинителите сметаат дека со тоа ќе докажат таквите исплати се случувале редовно. Од синоќешното рочиште победа за Трамп беше одлуката на судијата да не се пушта снимката на „Аксес Холивуд“ со назнака дека била непристрасна. Тој побара да не се изнесуваат повеќе други наводи за сексуални напади од страна на Трамп појавени по објавувањето на снимката во октомври 2016 година. Експретседателот ги отфрла сите 34 точки покренати против него во њујоршкиот случај, вклучително и тоа дека му наредил на Коен да изврши исплати на Дениелс а потоа му платил како за адвокатски судски услуги. Десетици поротници во судењето на Трамп не беа избрани поради пристрасност Судијата во судењето за поткуп против Доналд Трамп разреши десетици потенцијални поротници кои рекоа дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот претседател на САД е виновен или невин. На првиот ден од историското судење против поранешниот претседател, судијата Хуан Мерчан им порача на стотината потенцијални поротници дека мора да ги остават настрана сите предрасуди или лични ставови за обвинетиот или случајот, вклучително и „политичката ориентација“. Најмалку 50 беа отпуштени откако рекоа дека не можат да бидат непристрасни во судењето на Трамп. Судењето го напуштија и оние кои рекоа дека не можат да ја извршуваат таа должност од други причини. Адвокатите на двете страни ќе се обидат да изберат дванаесет поротници и шест заменици во она што веројатно ќе биде единственото кривично дело со кое се соочува Трамп пред изборите на 5 ноември. Изборот на поротата од жителите на претежно демократскиот Менхетен може да потрае неколку дена, проследено со воведни изјави и изјави на сведоци. Мерчан рече дека за да го осудат, поротниците мора да утврдат дека Трамп е виновен „без никакво сомневање“, а не дека тој е „веројатно“ виновен. Доколку има Пресуда дека е виновен тоа нема да го спречи Трамп да биде претседател, но половина од независните гласачи и секој четврти републиканец велат дека нема да гласаат за него доколку биде осуден, покажаа анкетите на Ројтерс и Ипсос. Инаку, Трамп е обвинет за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година. Обвинителството најави дека ќе се фокусира на финсиските средства што Трамп му го дал на својот поранешен соработник Мајкл Коен, кој тврди и дал 130.000 долари на Даниелс, со цел да ја замолчат за нејзината наводна афера со Трамп. Според Обвинителството, тоа бил обид за незаконско влијание врз изборите во 2016 година. Ваквите исплати во САД не се нелегални, но според обвинителите Трамп направил кривично дело со неправилното евидентирање на надоместокот за Коен како правни трошоци. Трамп е обвинет за вкупно 34 кривични дела за фалсификување деловни книги од прв степен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЖена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката 73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор. Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага. На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва. Тој ѝ инјектирал пропофол Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот. Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка. Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол. На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.Тагови: Доктор мртовечница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветСтудентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство. Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе. Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“. Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот. Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија. Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил. Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла. California nursing student, 22, stabs man to death then dumps him in ravine with help from her mom: cops https://t.co/t4J5hVoaZ9 https://t.co/m1IeuqB4MH — California Post (@californiapost) November 23, 2026 Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран. Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда. Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот. Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе. Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана. Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.Тагови: Калифорнија студентка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
БизарноАмериканската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)Американската влада објави документи поврзани со едно од најпознатите митски суштества од локалниот фолклор - Бигфут, познат и како Саскуч.Тие содржат извештаи за необични траги, сведоштва на ловци и детали од истраги кои привлекуваат внимание на јавноста со децении, објави Пипл. Случаи од Монтана и Орегон Следејќи го примерот на Пентагон, кој на почетокот на 2026 година ја прошири јавно достапната архива за неидентификувани летечки објекти, Шумската служба на својата веб-страница објави и помала збирка документи за мистериозното суштество. Федералната агенција, која работи во рамките на Министерството за земјоделство на САД, објави документи со наслов „Bigfoot/Sasquatch Records“ на 15 октомври, во согласност со Законот за слобода на информации. Според веб-страницата, историските документи потекнуваат од нивната канцеларија во Вашингтон, но се однесуваат на средби и случаи поврзани со Бигфут во сојузните држави Монтана и Орегон. Меѓу нив е исечок од весник од 2003 година за мистериозни отпечатоци пронајдени во Монтана. Текстот, преземен од изданието на Clark Fork Valley Press, опишува „стотици неидентификувани траги“ пронајдени во близина на патот. Вклучува и интервјуа со локалните жители кои ги откриле. Заедно со написот беа објавени и фотографии од наводните стапалки, за кои жителите претпоставуваа дека „припаѓаат на Сасквач“. „Што друго би можело да биде? праша еден од нив. Вториот документ ја претставува истрагата на американското Министерство за земјоделство за пријавени „траги пронајдени во шумата во Орегон во 1982 година“. „Чудни индиции“ Извештајот се занимава со друго наводно откритие на стапалки од Бигфут во сливот на Мил Крик, во Националната шума Уматила во Орегон. Документот, од 18 јуни 1982 година, опишува три случаи во кои биле забележани наводните траги и вклучува фотографии од тие наоди. Според извештајот, во текот на истрагата биле направени и гипсови од отпечатоците, пренесува People. Родни Џонсон, идентификуван во документот како биолог на дивиот свет, напишал дека заклучил дека големите отпечатоци „не биле направени од суштество кое оди на две нозе и тежи повеќе од 136 килограми“, опис кој многу наликува на вообичаените поими за Бигфут. Во извештајот од 1982 година, Џонсон исто така изјавил дека, доколку траките се лажни, некој ќе мора „да вложи извонреден напор и внимание во нивното создавање“. „За малку ќе се посомневав дека за да се направат тие „лажни“ стапала, мора да се употреби гипс направен од вистинско стапало. Меѓутоа, ако беше така, другите набори на стапалото треба да се видат“, се наведува во документот. Третиот документ претставува лично сеќавање на уште една средба со „невообичаени траги“ во Монтана, за време на ловечка експедиција во 1949 година. Историски извештај од областа Пети Крик беше составен од Лео Кини, кој се сеќава дека видел „низа отпечатоци“ во таа прилика. Група од четворица ловци верувале дека трагите му припаѓаат на суштество кое украло елен што го застрелале за време на претходниот лов. Наводни средби во Охајо Кини најпрво напиша дека мислеле дека е „голема мечка“, бидејќи заедно со отпечатоците забележале „силен мирис“ и „грчење звук“. „Меѓутоа, мечките не одат само на задните нозе, освен на кратки растојанија, и нормално би влечеле толку голем труп“, напиша тој. „Што и да беше, го крена лосот целосно, така што не ја допираше земјата“, додаде Кини. Сепак, иако објавувањето на документите е ново, тие не мора да претставуваат нов доказ дека Bigfoot всушност постои. Дејвид Дејглинг, професор по антропологија и автор на книга за наследството на Бигфут во американската култура, изјави за Њујорк Тајмс дека документите објавени од Шумската служба се „вообичаената приказна за Бигфут“. „Објавувањето на овие документи во никој случај не е револуционерно“, рече тој. Објавувањето доаѓа неколку месеци откако серијата наводни средби со мистериозното суштество во Охајо повторно го разгореа интересот за Бигфут претходно оваа година. Таму случаите беа најбројни од крајот на седумдесеттите. Отприлика во исто време, документарецот Марк Еванс сними филм, чија премиера беше прикажана на фестивалот SXSW, за кој тврди дека конечно докажува дека најпознатата снимка од Бигфут на сите времиња е всушност „неверојатна измама“.Тагови: суштество Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28