„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
1„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаОд први јуни авиолинии до уште три градови во ТурцијаМеѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември годинава. -Директното поврзување на Меѓународниот Аеродром Скопје со трите нови дестинации во Турција е од голема важност од повеќе аспекти, затоа што секоја област носи свои бенефити. Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Воспоставувањето на авиоконекцијата на Скопје со Чукурова и Дијарбакир пак, ќе донесат значајни стратешки, економски, туристички и културни бенефити за земјава, велат од ТАВ Македонија. -Чукурова е голема плодна област која ги опфаќа Адана, индустриски и аграрен центар и Мерсин, туристички потенцијал, дестинација на турската медитеранска ревиера. Она што е исто така значајно е што во Македонија постои голема популација со потекло од овие две области, со што авиоповрзувањето ќе ја олесни комуникацијата и одржувањето на семејните врски, нагласуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје. Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Гокчен. Во тековната летната сезона 2025, вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија, до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Turkish Airlines лета до Истанбул (IGA аеродром); Pegasus Airlines лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), Измир и Анталија, Ајет исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), додека Sun Express лета од Скопје до Анталија и Измир. Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Здравје„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за женитеПовеќе превенција, подобар скрининг и редовни прегледи и редовна терапија– ова е пораката од третиот „Розов пикник појадок“ во скопскиот Градски парк. Здружението „Хема Онко“ потсетува дека раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот. ,, Денес ова што го правиме ја обединува цела Македонија.Се трудевме оваа година да ја направиме како прослава на животот,,- Хема Онко- организатори Најсилните пораки, сепак, дојдоа од жените кои веќе ја поминале борбата со ракот на дојка. Тие зборуваа за стравот, неизвесноста и тешките моменти низ кои минувале, но и за поддршката и истрајноста што им помогнале да продолжат. ,,Да ја пренесуваме пораката дека за ваквите болести за Карциномот не смееме да ќутиме, значи ова не е нешто коешто треба да се сокрие како бункер со пари во ѕид.За ова треба активно зборување,масовно зборување,масивни прегледи затоа што само со поддршка ние се менуваме позитивно и остатокот од животот го поминуваме како маратонки со искуство,, - Тереза Балаловска ,, Јас како онколошки пациент веќе 5 години со тоа што веќе имав и повторување на болеста би рекла секогаш бидете позитивни, сакајте се самите себе колку тоа и да делува е егоистички не е така затоашто кога ќе сфатиме со која борба се бориме сфаќаме дека животот е на прво место, среќата и здравјето,,- Наташа Бабулова ,,За мене барем секогаш имало терапија на време и би им препорачала на останатите пациенти да не се затвараат во четири ѕида, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас затоашто многу не има би им препорачала на сите девојки да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат затоашто самото тело дава знаци,,- Марина Камберска Но, за рано откривање не се доволни само индивидуалните прегледи. Министерот за здравство Сашо Клековски како клучен проблем го посочува недостигот на организиран скрининг за рак на дојка. ,,Во моментов главен проблем ни е скринингот за рак на дојка.Таа спрема Ревизијата што се направи од Државниот Завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо со Хема-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нешто ново за скрининг програмата. Во однос на терапијата за рак на дојка ние префрливме два лека на позитивна листа за да можат пациентите што се на хронична терапија да го земаат во аптека, за да не мора да доаѓаат на Клиниката за Онкологија,, – Сашо Клековски министер за здравство Според последните меѓународно споредливи податоци, годишно се регистрираат околу илјада нови случаи во земјава, а официјалните здравствени податоци и натаму укажуваат дека болеста е водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЌе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.Се уште нема одговор од бугарска страна по упатеното барање од македонското МНР за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија на 8-ми октомври. На неколку дена пред состанокот, бугарската претседателка Илијана Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба. „Засега ќе бидам умерен оптимист, затоа што е за прв пат од високо ниво во ЕУ се советува владата на Република Македонија, се сеќавате имаше неколку посети на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој упати иста порака но резултати немаше. Се уште немам детали од раговорот во четири очи со Фон Дер Лајен. Но се надевам дека имала цврст став, знаете дека за две недели ќе се разгледува извештајот за напредкот на Македонија во Европската комисија. Се надевам дека имаат чисти мисли и искрена желба. Ќе разговарам со министерката за надворешни Велислава Петрова и сакам да се започнаам со текстот на упатената нота и како точно е формулирана“ - Илијана Јотова, в.д Претседателка на Бугарија Поранешниот амабасадот во Бугарија Марјан Ѓорчев смета дека Европската Комисија јасно укажала дека очекува искрен и контруктивен дијалог и смета дека Софија ќе прифати, но неговите проценки се дека нема да има конкретен исход за надминување на блокадата уште не првата средба. Но според него тоа ќе биде прв чекор кон враќање на довербата меѓу двете страни. „ЕК ќе инсистира на еден искрен разговор помеѓу минситрите за надворешни работи и во таа насока сигурно дека нивните преставници разговарале со бугарските политички чинители и од тука мислам дека ќе прозилезе конструктивен и плодотворен дијалог меѓу министрите. Размисмилсувам позтивно и мислам дека и бугарската страна разбира дека не ќе може со таа флоскула потпишавте - исполнувајте да продолжи и понатаму затоа што ЕК инсистира и двете страни да вложат напори за подобрување на односите. Доколку продолжи инсиситрањето на Комисијата и Бугаријха да даде свој прилог во напредување на односите меѓу двете држави, тогаш сигурно ќе има и понатамошни чекори во таа насока. Ова е би рекол првично кршење на мразот и мислам дека е добро да се постигне еден коректен дијалог со враќање на доцербата во разговорите“-Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија Дека посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава и предлогот кој прозилезе од неа за билатерална средба може да бидат клучни за процесите кои престојат за надминување на блокадата, вчера посочи и премеирот Христијан Мицкоски. „ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Очекувањата на премеиеот Мицкоски се дека официјална Софија нема да си дозволи да не прифати билатерална средба иницирана од ЕУ, а средбата со фон дер лајен ја оцени како како корисна и пријателска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано. -Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ. Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев. Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. -Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook