МакедонијаОд понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката ДреновоПоради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново.Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти денеска АМСМ. Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “Салида,,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8.2025год. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е околу 45 минути додека на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Извештај бр. 0750 02.08.2025 06:00 часот Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, наведуваат од АМСМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкраински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во РусијаУкраина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат. 🇷🇺🎯🇺🇦 Украински дронове удариха през нощта „Нижнекамскнефтехим“ в Република Татарстан – един от най-големите нефтохимически комплекси в Руската федерация, собственост на холдинга СИБУР, и предизвикаха голям пожар в индустриалната зона на Нижнекамск. Кметът Радмир Беляев потвърди поражения по обекти в промишлената зона и в жилищен блок, без да назове предприятията, а трима души са ранени. Градът е на 1100–1200 км по права линия от украинската граница. Режимът на опасност от дронове беше въведен в целия Татарстан в 3:10 ч. московско време, а малко преди 4 ч. и конкретно за Нижнекамск и още 7 града. В 5:16 ч. Беляев обяви в Telegram: „Скъпи нижнекамци, моля ви да останете в укритията и да спазвате мерките за безопасност! В момента работи ПВО.“ Според данни на „АиФ Казань“ режимът е отменен в 8:20 ч. Министерството на отбраната обяви 533 свалени дрона в цялата страна през изминалата нощ и посочи Татарстан сред регионите, без отделно число за него. В 8:31 ч. кметът описа атаката като „масирана и продължителна“. По думите му щети са получили „обекти от промишлената зона“ и многоетажен жилищен блок, чиито обитатели са евакуирани, а „благодарение на бързата и добре координирана евакуация“ са избегнати човешки жертви. Министърът на здравеопазването на Република Татарстан Алмир Абашев съобщи за 3-ма ранени със средна тежест, предаде „Медиазона“. За евакуираните са открити два пункта за временно настаняване, а „Татенерго“ спря топлата вода в града до 20 ч. Около 7 ч. на гара Биклян в Нижнекамск се запали цистерна с етилбензол от отделно стоящ товарен влак, след като върху нея паднаха отломки от дрон. Куйбишевската железница обяви, че няма пострадали, като пожарът е потушен, а движението на влаковете е възстановено. Жителите описваха нощта в градските чатове в Telegram. Малко след 5 ч. започнаха съобщенията за много дронове над заводите и за поредица от експлозии, а около 6 ч. – за пожар и за линейки и пожарни, които се отправят към промишлената зона. Модератори изтриха видеата, а в един от водещите чатове напомниха, че снимането и публикуването на кадри от прелитане, сваляне или попадения на дронове е забранено. Украински мониторинг канали започнаха да споделят кадри от пожара в 5:46 ч. Нито руските власти, нито СИБУР назоваха засегнатото предприятие. Telegram каналът Exilenova+ спомена „Нижнекамскнефтехим“ като вероятния обект още в първата си публикация, а до същия извод след анализ на кадрите стигна и независимото руско издание ASTRA. Украинският канал Falconins сподели координати на зоната на поражение, които според OpenStreetMap попадат в площадката на комплекса. „Медиазона“ потвърди пожара по индикациите за топлинни аномалии в сателитната система за мониторинг на пожари (FIRMS) на NASA. Анализ на кадри, публикувани от Exilenova+, допуска, че под обстрел са били етиленовите мощности, без независимо потвърждение. Комплексът продължава да гори към 13:00 ч. Генералният щаб на Въоръжените сили на Украйна (ВСУ) не е обявявал удар по Нижнекамск. „Нижнекамскнефтехим“ е най-голямата производствена площадка за синтетичен каучук на СИБУР, водещата нефтохим компания в Русия. През 2025 г. комплексът е произвел 3 млн. тона стокова продукция, с 15% повече от 2024 г., според „Татар-информ“. По данни на СИБУР изопреновият каучук от Нижнекамск заема 42% от световния пазар. Заводът произвежда и бутилов, халобутилов и бутадиенов каучук, полимери, етилен, пропилен и бензол. Етиленовият комплекс ЭП-600 в Нижнекамск е достроен през декември 2024 г. и може да произвежда до 600 хил. тона етилен годишно, както и над 270 хил. тона пропилен и 245 хил. тона бензол. Така мощностите за етилен на предприятието се удвоиха, писа „Коммерсант“. От него по-нататък се произвеждат пластмаси на „Нижнекамскнефтехим“ и на съседния „Казаньоргсинтез“. Промишлената зона на Нижнекамск, където се намират още рафинериите ТАНЕКО на „Татнефт“ и ТАИФ-НК, беше нападана многократно през 2026 г. В атаката на 10 август загинаха 13 души, а руската служба на BBC я определи като един от най-смъртоносните удари в Русия от началото на войната по броя загинали. Тогава ASTRA също посочи като вероятна цел „Нижнекамскнефтехим“. На 13 септември генщабът обяви попадение по ТАНЕКО и пожар в един от резервоарите ѝ. Нижнекамск беше атакуван 4 дни след като Силите за специални операции (ССО) на Украйна обявиха трети удар по рафинерията на „Газпром нефт“ в Омск на 11 ноември. Това е най-големия завод за производство на нефт в Руската федерация, с годишен капацитет от над 21 млн. тона суров петрол, разположен на 2500 км по права линия от границите на Украйна. Губернаторът на Омска област Виталий Хоценко съобщи само за отломки от дронове. За разлика от рафинериите, които бяха ударени в последните няколко седмици, основната продукция на „Нижнекамскнефтехим“ не е гориво, а каучуците и пластмасите, използвани от шинната и химическата промишленост. По данни на СИБУР от продукцията на холдинга се прави всяка седма гума в Русия. Колко от тази верига е засегнал пожарът, ще покаже едва оценката на щетите: към обяд на 15 ноември властите говорят само за поражения по „обекти от промишлената зона“. 📰 Пълният анализ можете да откриете в моя блог: https://t.co/FhTejAmkYS — Frontline Monitor (@FrontlineMntr) November 15, 2026 Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55