Од понеделник нови пунктови за вакцинација во Тетово и тестови за Ковид-19 - Канал 5

Од понеделник нови пунктови за вакцинација во Тетово и тестови за Ковид-19

Нови пунктови за вакцинација и дополнителна можност за тестирање за Ковид-19, најавија од Општина Тетово по денешниот состанок на кризниот штаб за справување со болеста.

Од понеделник нови пунктови за вакцинација во Тетово и тестови за Ковид-19

Најавено е дека од понеделник, 6 септември, граѓаните ќе имаат можност за брзи тестови на Ковид-19 во Здравствениот дом во Тетово.

-Благодарение на отворањето на новите пунктови за вакцинација во Тетово, според статистичките податоци ние сме првиот град во Европа по бројот на граѓани кои се вакцинирани во последните две недели, со зголемување од 15 отсто од вкупниот број на граѓани. Ако оваа динамика продолжи во следните две недели, ќе имаме близу 50 отсто вакцинирани граѓани. Од понеделник (06.09.2021) ќе започне функционирањето на Центарот за култура како центар за ревакцинација, како и пунктот за вакцинација кај Жичарницата – Елем Турс. Центарот за ревакцинација во салата на медицинското училиште ќе работи до недела (05.09.2021), а од понеделник (06.09.2021) овој центар ќе биде префрлен во Центарот за култура во Тетово, информираат од Општина Тетово.

Со цел подобро и поефикасно управување со вакцините, кризниот штаб денес одлучи дека како центар за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години, бремени жени и доилки да биде Здравствениот дом во Тетово.

-Во последните денови се забележува во Клиничкиот центар во Тетово се забележува намалување на бројот на нови случаи кои се со сериозна здравствена слика, но епидемиолошката состојба во општина Тетово продолжува да биде многу сериозна. Во однос на почетокот на учебната година со физичко присуство во основните училишта, досега строго се почитуваат мерките и протоколите за заштита, и за среќа немаме ученици кои се позитивни Ковид-19, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување.

Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот.

Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество.

Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување.

Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства.

Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата.

Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација.

Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи.

Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон.

Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор.

Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градот

Премиера на “Татко“, 12. издание на Битола Шекспир фестивалот и подготовки на претставата „Ни треба пејачка“ за месец ноември во НУ Народен театар Битола.

Премиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градот

Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво.

На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата работена по делото на Август Стриндберг играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.

Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

Особено значаен датум за НУ Народен театар Битола е и 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Годинашното издание на фестивалот ќе го збогатат театарски продукции и учесници од Италија, Ерменија, Соединетите Американски Држави, Романија, Грузија и Малта. Присуството на театри и уметници од шест држави уште еднаш ја потврдува меѓународната позиционираност на Битола Шекспир фестивалот и неговото значење како релевантна меѓународна театарска платформа, која ја поставува Битола на светската театарска мапа. Воедно се подготвува и претставата „Ни треба пејачка“ во режија на Ненад Витанов.

Со овие активности, Народниот театар Битола продолжува да ја исполнува својата мисија во развојот и промоцијата на театарската уметност, негувањето на домашното творештво и воспоставувањето меѓународни културни соработки, истовремено потврдувајќи ја својата улога како значаен културен чинител во земјата и пошироко.

НУ Народен театар Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Наградата „Германски автомобил на годината“ (GCOTY) ја освои едно електрично возило – „Volkswagen ID. Polo“.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Електричниот наследник на многу омилениот модел „Polo“ најпрво победи во категоријата „Буџет“ (за автомобили со цена под 25.000 евра), а потоа ја однесе и главната победа.

Без да навлегуваме во тоа дали можеби имало некаква пристрасност во процесот на избор, со оглед на тоа што станува збор за германски бренд, вреди да се напомене дека жирито се состоело од 47 германски и меѓународни автомобилски новинари. Понатаму, во финалниот круг, „ID. Polo“ ги надмина моделите „Kia PV5“, „Mercedes-Benz GLC“, „Xpeng X9“ и „Hyundai Ioniq 6 N“.

Томас Шефер, извршен директор на „Volkswagen“, изјави дека „ID. Polo ја носи електричната мобилност таму каде што таа може да има најголемо влијание – во секојдневниот живот на луѓето“.

Андреас Миндт, шефот за дизајн во „Volkswagen“, исто така ја коментираше наградата. Пишувајќи на „Instagram“ за „ID. Polo“, тој истакна дека „сакале да создадат вистински „Volkswagen“ – автомобил со јасен дизајн, препознатлив идентитет и карактер“.

Што се однесува до останатите победници по категории, листата е следна:

• Компактни (25.000 € – 40.000 €) – „Kia PV5“

• Премиум (40.000 € – 70.000 €) – „Mercedes-Benz GLC“

• Луксузни (над 70.000 €) – „Xpeng X9“

• Перформанси – „Hyundai Ioniq 6 N“

Специјални категории

• Најдобар однос цена-квалитет – „Geely E2“

• Најдобар дизајн на екстериерот – „Renault Twingo“

• Најдобар ентериер – „BMW iX3“

• Најдобар погонски систем – „Porsche 911 Turbo S“

• Семеен автомобил – „Škoda Peaq“

Наградата за личност на годината во индустријата за 2027 година му припадна на Клаус Зелмер, првиот човек на „Škoda“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер