2Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
3Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
1Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗдравјеОд почетокот на годинава се регистрирани повеќе од 18.700 случаи на вирусот мпоксОд почетокот на годината, во Африка се регистрирани 18.737 потврдени или сомнителни случаи на инфекција со вирусот мпокс, од кои 1.200 се случиле во последните седум дена, објави здравствената агенција на Африканската унија (Африка ЦДЦ).Според податоците на здравствената агенција на Африканската унија, регистрирани се повеќе варијанти на вирусот, а потврдени се 3.101 случај, 15.636 се сомнителни за вирусот, а 541 лице починале во 12 земји на континентот. Повеќе случаи се регистрирани од почетокот на 2024 година отколку во текот на целата 2023 година (14.838), наведува агенцијата. Во Демократска Република Конго, која е епицентарот на епидемијата, регистрирани се речиси сите потврдени случаи, а има и најмногу сомнителни случаи, вели истиот извор. Од почетокот на 2024 година се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи. Случаи се пријавени во 26 провинции на земјата, која има околу 100 милиони граѓани. Во Бурунди, кој граничи со ДРК, регистрирани се 173 случаи (39 потврдени, 134 сомнителни), што е зголемување за 75 проценти за една недела. Во Африка се шири нов вид на вирус кој беше откриен во Демократска Република Конго во септември 2023 година, наречен „клад Иб“, кој е посмртоносен и попренослив од претходните. Првите случаи на мпокс беа пријавени и надвор од Африка оваа недела, во Шведска и Пакистан. Поради оживувањето на мпокс, СЗО во средата прогласи глобална здравствена вонредна состојба, највисоко ниво на тревога. Претходно, Африканските центри за контрола на болести прогласија вонредна состојба во јавното здравство. Мпокс, порано наречена мајмунска сипаница, е вирусна болест која се шири од животните на луѓето, но се пренесува и преку близок физички контакт со лице заразено со вирусот. Симптомите вклучуваат осип и симптоми слични на грип. Ако не се лекува може да биде фатално. Новиот вид предизвикува осип по целото тело, додека претходните соеви предизвикувале локализиран осип на устата, лицето или гениталиите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКарик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по поразот во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (0–2) изјави дека е разочаран што неговиот тим не создал повеќе шанси против шпанскиот клуб. „Чувствата се измешани. Ова е тешко гостување, а почетокот на натпреварот очигледно нè стави во тешка положба. Мислам дека подоцна го фативме ритамот и се консолидиравме. Во второто полувреме воспоставивме одредена контрола, иако не создадовме сериозна закана. Потоа дојде шансата на Бруно, а веднаш потоа и црвениот картон – одлука што ја сметам за погрешна. Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“, рече Керик по натпреварот. Тој истакна дека неговиот тим треба да најде начин да остварува победи на претстојните натпревари. „Пробавме нешто малку поинакво. Во одбраната, веројатно пречесто ја менувавме страната на играта. Најважно е што чувствуваме дека победата беше на дофат; можевме и требаше да извлечеме повеќе од овој натпревар. Правиме и некои работи како што треба“, изјави Керик. Ова беше петти натпревар по ред без победа во сите натпреварувања за тимот од Манчестер. Јунајтед следниот натпревар ќе го одигра во недела против Лидс, во рамките на седмото коло од Премиер лигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Помалку процедури, повеќе резултати - администрација во служба на граѓанитеПомалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа.Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку бројот на реализирани активности и донесени одлуки. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на отворањето на тридневната TAIEX работилница „Зајакнување и унапредување на системот за управување со квалитет во јавниот сектор во Македонија“. На отворањето се обрати и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, во знак на досегашната соработка и споделувањето на своите искуства дава значаен придонес во унапредувањето на управувањето со квалитет во јавниот сектор. Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управувањето со квалитет не смее да остане само формална обврска или примена на одреден модел, туку треба да прерасне во начин на работа на секоја институција, заснован на одговорност, мерење на резултатите и постојано подобрување. "За нас, квалитетот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. Нашата цел е да изградиме институции кои се поефикасни и поодговорни, но и институции кои имаат капацитет да учат од сопственото работење и постојано да ги подобруваат своите резултати. Успехот на една институција не треба да го мериме само според бројот на донесени акти или реализирани активности. Прашањето е едноставно: дали граѓанинот добил подобра услуга, дали процесот е поедноставен, дали времето е пократко и дали институцијата навистина одговорила на потребата за која постои“ истакна министерот Минчев. Во таа насока, Министерството за јавна администрација веќе спроведе мерење на квалитетот на услугите преку методологијата „таен клиент“ и анкети со корисници на услуги, со опфат на повеќе од 600 граѓани и 70 директни проверки. Резултатите покажуваат дека речиси половина од анкетираните граѓани сметаат дека работата на институциите е подобра од претходно. Овие показатели се важна основа за согледување на постигнатиот напредок, но и за утврдување на областите во кои се потребни дополнителни подобрувања. Осврнувајќи се на значењето на иновациите во јавниот сектор, министерот нагласи дека подобрувањето на јавните услуги бара отвореност кон нови идеи, преиспитување на постојните практики и подготвеност за промени што носат конкретни резултати за граѓаните. Во текот на тридневната работилница, претставниците на Националното координативно тело и имплементаторите на моделот CAF 2020 ќе работат на унапредување на знаењата и практичните вештини за самооценување, мерење на резултатите, изработка на планови за подобрување и одржливост на постигнатите резултати. Министерството за јавна администрација продолжува да ги унапредува институционалните капацитети и да гради систем во кој квалитетот нема да биде само формален стандард, туку секојдневна обврска на институциите кон граѓаните. Целта е јавна администрација што ги става граѓаните на прво место, со поедноставни постапки, поквалитетни услуги и институции што ја оправдуваат довербата преку конкретни резултати. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот градГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје.- Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што се приклучи му благодарам од срце. Денес покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел. Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува. Само заедно, со меѓусебна почит и подготвеност секој да го даде својот придонес, можеме да ги направиме промените што сите ги посакуваме. Зад секое исчистено катче има нешто многу поважно од убавата слика - поздраво место за живеење, побезбеден простор за детска игра и маало во кое е убаво да се расте. Нашите деца заслужуваат зеленило, чисти паркови и уредени населби – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на сите што несовесно фрлаат отпад да го почитуваат трудот на нивните сограѓани. - Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил. Вложи сила и труд за сите да живееме поубаво. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес. Ние продолжуваме со истата решителност. Ги повикувам сите сограѓани да почнеме од својот праг, од својата улица, од паркот во кој ги носиме децата. Да го чуваме исчистеното и со сопствениот пример да поттикнеме уште некого да се приклучи. Дополнително, во употреба е пуштена и новата механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и новите 3.300 контејнери. Со ова ги зајакнуваме капацитетите за побрзо и поефикасно собирање и транспортирање на отпадот, за почисти улици и поуредени населби. Обезбедуваме опрема, работиме на терен и создаваме услови за јавна хигиена каква што скопјани заслужуваат. За нашето Скопје. За нашите деца. За град со кој ќе се гордееме – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции ќе се организираат двапати месечно, со цел заедничкиот труд да прерасне во трајна навика, а грижата за Скопје да стане дел од нашето секојдневие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00