Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
1Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветОд Пентагон побарани воени опции за пристап до Панамскиот каналАмериканската војска мора да работи на обезбедување опции за да се осигура дека САД имаат целосен пристап до Панамскиот канал, потврдија двајца американски претставници. Според нив, Белата куќа и наредила на американската војска да развие опции за зголемување на присуството на американските сили во Панама. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека сака да го „врати“ Панамскиот канал, кој се наоѓа на најтесниот дел меѓу Северна и Јужна Америка и се смета за еден од најстратешките и најважните водни патишта во светот, но не понуди детали за тоа како би го направил тоа, ниту дали би била потребна воена акција. Американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека документот, опишан како привремени насоки за националната безбедност за новата администрација, ја повикува војската да ги разгледа воените опции за заштита на пристапот до Панамскиот канал. Друг официјален претставник истакна дека американската војска има широк опсег на можни опции за заштита на пристапот, вклучително и обезбедување блиско партнерство со панамската војска. Пентагон последен пат ја објави Националната стратегија за одбрана (НДС) во 2022 година. Тоа е документ со кој се поставуваат приоритети на армијата. Привремениот документ поставува широки политички насоки. Пентагон се уште не одговорил на барањето за коментар. Привремениот документ прв го објави Си-Ен-Ен. Ен-Би-Си Њуз претходно вчера објави дека Белата куќа му наредила на Пентагон да создаде опции за Панамскиот канал. Трамп тврди дека САД треба да го вратат каналот бидејќи Кина го контролира и би можела да го искористи водениот пат за да ги поткопа американските интереси. Во неговото инаугуративно обраќање во јануари, Трамп ги повтори обвинувањата дека Панама ги прекршила ветувањата што ги дала за конечниот трансфер на каналот во 1999 година. Секој потег на странска сила да го преземе каналот со сила речиси сигурно ќе го прекрши меѓународното право. САД и Панама се обврзани со договор да го бранат каналот од каква било закана за неговата неутралност и им е дозволено да преземат еднострани активности за таа цел. САД ги добија правата за изградба и управување со каналот на почетокот на 20 век. Со договор потпишан во 1979 година, за време на администрацијата на демократскиот претседател Џими Картер, САД се согласија да ја отстапат контролата над Каналот на Панама на крајот на 1999 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласањеВисоката излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter