Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот - Канал 5

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. 

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5077 македонски тагови и 8500 српски тагови.

- ЈПДП бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000денари. Што се однесува до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините, изјави за МИА Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Наплатата е 99,6 проценти, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.

Подостапни М ТАГ-ови за корисниците

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со таг, што се покажа како начин успешен начин на наплата согласно Договорот Open Balkan.

Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

- Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните, вели Трајановски,

Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот.

- Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на собраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите, вели Трајановски.

Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијатвата „Отворен Балкан“ истакнува дела покажува добри резултати. Регистрирани се 5077 македонски тагови во системот Отворен Балкан, како и 8500 српски тагови.

- Секако дека логирањето на системот кое е обврска на корисникот на микробрановиот транспордер (ТАГ) е со одредена процедура, но ги покажува вистинските придобивки и резултати, велат од ЈПДП.

Документација за електронска наплата и на Миладиновци

Од Јавното претпријатие за државни патишта споделуваат и дека е во тек подготовка за изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8.

Во однос на модернизирањето на наплатните станици и на процесот на наплата на Коридорот 8 веќе се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.

Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

[Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македон]

Со недоамнешните измени на Законот за јавни патишта се воведе и можност за дигитално евидентирање на јавните патишта. Тоа, според образложението од Министерството за транспорт, е од особена важност во однос на евиденцијата и сега се воведува како параметар неопходен за подобро функционирање на системот за управување со патни средства на јавните патишта. Конкретно се предвидува обврска за дигитално евидентирање на јавните патишта кои се во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта- државните патишта, како и во надлежност на општините и Градот Скопје-општинските патишта, со соодветен референтен систем и стационажа како и доставување на евиденцијата на општинските патишта до ЈПДП. Се уредува и рокот во кој би се воспоставил Единствениот систем за управување со патни средства на јавни патишта кој се однесува на општиниските патишта, како и во кој рок општините и градот Скопје треба да отпочнат со водење на евиденција во овој систем, за јавните патишта кои се во нивна надлежност. Со законските измени се проширува на кои се места односно јавни патишта може да се постават применуваат мерки за забавување на сообраќајот во согласност со прописите за безбедност во сообраќајот, имајќи ги во предвид случувањата од последните неколку години за начините на управување со моторни возила во населени места и често неприлагодување на брзините на патот што придонесуваат до зачестени сообраќајни несреќи кои за жал завршуваат и со многу лош исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на Унијата, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

За неа, важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Од 4.000 до 11.000 денари во просек повисоки месечни примања со јануарската плата ќе добијат вработените во Армијата и Министерството за одбрана.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Линеарно зголемување од 10 отсто за сите вработени во одбраната најави ресорниот министер Владо Мисајловски.

Покачувањето ќе ги опфати не само основните плати, туку и додатоците за ноќна и прекувремена работа. Мисајловски го оцени зголемувањето како најголемо досега во апсолутна вредност, со што, според него, одбраната станува една од институциите со највисоки примања во државата.

„Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата.“ изјави Владо Мисајловски – министер за одбрана.

Најавеното покачување го поздравија и претставниците на репрезентативните синдикати. Синиша Станчевски, потпретседател на Независниот синдикат на одбраната, оцени дека зголемувањето на платите е резултат на успешниот социјален дијалог со Министерството.

„Вака вистински изгледа социјалниот дијалог. Како синдикат се гордееме со постигнувањата што ги остваривме во овој период –изјави Синиша Станчевски – потпретседател на Независниот синдикат на одбраната.

„Ова е историско покачување, со кое за првпат во Министерството за одбрана и Армијата имаме зголемување на платите и другите додатоци од 10 проценти. Исто така, успеавме за неколку месеци да решиме и други проблеми во врска со професионалните војници, согласно член 40 од Законот за служба во Армијата – посочи Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Во меѓувреме, за 7 ноември останува најавен протестот на синдикатот предводен од Александар Насковски, кој бара законско решавање на статусот на професионалните војници, повисоки плати и обесштетување на поранешните припадници на Армијата. Мисајловски порача дека секој има право на протест, додека Алити смета дека барањата се веќе решени и дека нема основа за протест.

-Ние како синдикат на професионални војници не го поддржуваме тој протест бидејќи законски тоа е решено,- изјави Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Покрај повисоките плати, со буџетот за 2027 година за одбраната се предвидени дополнителни две милијарди денари. Според Мисајловски, околу 30 отсто од средствата ќе бидат насочени кон модернизација и капитални инвестиции, а приближно ист толкав дел кон персоналот. Меѓу најголемите финансиски обврски останува набавката на хеликоптерите „Леонардо“, чија реализација, како што посочи министерот, е еден од приоритетите во продолжувањето на модернизацијата на Армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер