3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
ЖивотОд оваа маска Јапонките имаат здрава и сјајна коса (видео)Домашен кетатин од природни состојки за коса како свила.За убава и здрава коса не мора да купувате скапи препарати. Иако и ден-денес многу жени трошат пари на скапи шампони и маски, постојат и други третмани за дамите што не можат да си дозволат скапи производи или не сакаат да ја изложат косата на хемикалии. Јапонките се познати и по својот порцелански тен и квалитетната коса. Судејќи по едно видео кое кружи на социјалните мрежи, тајната за нивната убавина е во користењето на неколку состојки што сите ги имаме во нашата кујна. Древната јапонска тајна за мазна и свиленкаста коса се крие во следната природна маска или домашен кератин што можете да го приготвите. Состојки од кујната што ќе ја направат вашата коса неверојатно убава За да направите кератинска маска за коса во која Јапонките се колнат, потребни ви се следните состојки: ориз вода пченкарен скроб кокосово масло маслиново масло Во сад ставете две чаши вода, откако ќе зоврие, ставете четири лажици ориз. Оризот треба да се превари. Познато е дека оваа намирница го зголемува волуменот на косата, ѝ дава сјај и поубав изглед, ги зајакнува фоликулите на косата, а има и антиинфламаторно дејство. Откако сварениот ориз ќе се излади, ставете го во блендер и мешајте додека не добиете кремаста текстура. Префрлете ја смесата во помал сад, па додадете една лажица пченкарен скроб претходно измешан во една лажица вода. Убаво измешајте ги оризот и пченкарниот скроб, а потоа садот со овие состојки ставете го на средно јака температура на рингла и мешајте една минута. Тргнете го садот од шпоретот, додадете една лажиче кокосово масло, кое исто така благотворно делува на косата, правејќи ја поцврста. На крај, додадете една лажица маслиново масло и сè убаво измешајте. Како да се користи? Поделете ја косата на неколку еднакви делови. Нанесете ја маската рамномерно на секој прамен од коренот до врвот. Потоа завиткајте ја косата со проѕирна фолија и оставете ја маската да делува најмалку еден час. Исплакнете ја косата со вода, измијте ја со шампон, исчешлајте ја и исушете ја. Резултатите од користењето на оваа маска ќе бидат видливи веќе по првата употреба. За подобар ефект и резултати, оваа маска треба да ја нанесувате два пати неделно. @mary_doctor Japanese secret for silky smooth hair! #haircare #silkyhair #smoothhair ♬ Epic Music(863502) - Draganov89 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook