Од отпад до квалитетна храна: Рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир - Канал 5

Од отпад до квалитетна храна: Рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир

Семејството Фузевски од Ресен го трансформира органскиот отпад во квалитетно природно ѓубриво, докажувајќи дека еколошкиот пристап носи поздраво производство. 

Од отпад до квалитетна храна: Рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир

„Имаме повкусен компир, откако користиме органски отпад што сами го произведуваме“, раскажува Игор Фузевски од Ресен. Ова семејство само произведува огрански отпад, она што останува од природните материјали не го да фрлаат на депониите туку го претвораат во компост, природно ѓубриво кое е многу поевтино и покавлитетно. Најважно за нив е што нивните деца учестуваат во целиот процес и учат за важноста за зачувување на природната средина.

„„Компостирањето го започнавме пред околу 10 години како еден начин да се ослободиме од органскиот отпад кој нам ни се јавуваше во нашите насади. Оттука произлезе прво идејата да произведеме едно квалитетно ѓубриво кое потоа пак го враќаме во земјата при производство на нашите производи“, вели Игор Фузевски.

Од здружението за заштита на животна средина „Еко Герила Преспа“ објаснуваат дека позитивно е што има интерес земјоделците наместо да го фрлаат отпадот или да го горат се повеќе создаваат природни ѓубрива.

„Треба поголема заложба која на долг рок ќе донесе одлични резултати“, вели Марија Евримовска „Еко герила Преспа“

За професорите од земјоделскиот факултет, долгорочното компостирање е еден од најважните фактори на плодноста на почвите. Според докторантот Нечковски од факултетот за земјоделство компостирањето во преспанскиот регион каде доминира интезивното овоштарско производство компостирањето на органскиот отпад има големо значење на долг рок.

„Компостирањето е приоден процес на разградување на органски отпад и многу потребен. Со овој процес се подобрува водно воздушниот режим на почавата, намалување на ерозоиата и зголемување на микробиолошката активност“, вели м-р Стојанче Нечковски ДОКТОРАНТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ .

Најзначајно е создавњето на биоќумур што искулучтелно стабилен не се разградува брзо и може да се задржи во почавата.

„Биоќуморот е одлично решение и дава одлични резултати во насока на нивно искористување како ресурс за подобрување на водно- воздушниот капацитет на почвата“, изјави м-р Стојанче Нечковски докторант на Земјоделскиот факултет.

За професорите во Македонија има одлични земјоделци кои се клетката на нашето здравје и произвдство на храна. Тие објаснуваа дека науката и праксата може да имаат одлични решнија и притоа да се зачува животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

На 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица.

Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција.

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Човекот едноставно не може, а да не излаже.

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра.

Филипче е роден лажго.

Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра, сличен како оној што го возеше со Заев.

Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже?

Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт.

На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив на големи антивладини протести, три дена пред општите избори што се сметаат за референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. 

Големи протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)

Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа.

„Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот.

Тесна трка

Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу десничарскиот блок на Нетанјаху, кој е на власт од крајот на 2022 година, и блокот на централнодесничарскиот ривал Гади Ајзенкот. Најновите анкети покажуваат дека ниту еден блок нема да освои мнозинство места во израелскиот парламент.

Репортер на АФП изјави дека илјадници луѓе марширале од центарот на плоштадот Рабин кон Плоштадот на заложниците, каде што се одржал собирот и кој бил централна точка на минатите антивладини протести со барање за ослободување на заложниците од Газа.

„Кој и да нè водеше во изминатите четири години, завршил ужасна работа“, изјави 68-годишната Хадас Фојерштајн за АФП кратко пред почетокот на собирот. „Израел никогаш не бил во ситуацијата во која се наоѓа сега“, додаде таа. Советот од октомври ја предупреди полицијата за можни „провокации“ од страна на провладините агитатори.

Пропусти на 7 октомври

Собирот доаѓа по години застапување од страна на израелското граѓанско општество и опозициските партии за формирање независна истражна комисија за да ги испита безбедносните пропусти што доведоа до настаните од 7 октомври.

Владата на Нетанјаху одби да формира такво независно тело, како што Израел честопати формирал во минатото за да истражува големи пропусти на државно ниво. Наместо тоа, таа предложи формирање „политички“ комитет, во кој половина од членовите би биле назначени од владејачката коалиција, а другата половина од претставници на опозицијата. Опозициските лидери изјавија дека ќе го бојкотираат комитетот назначен од политичарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер