Од Општина Кисела Вода стартуваше проектот “Итно Копче” - Канал 5

Од Општина Кисела Вода стартуваше проектот “Итно Копче”

Од денес, Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа која ја имплементираше услугата “Итно Копче” во соработка со Црвениот Крст. 

Од Општина Кисела Вода стартуваше проектот “Итно Копче”

Се работи за аларм уред поставен на нараквица кој на постарите и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом. Услугата, за почеток е достапна бесплатно за 40 корисници, а тенденцијата е овој број да се зголеми, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој му се заблагодари на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити за сите досегашни заеднички проекти. Презентирајќи го “Итно Копче”, информираа дека продолжува и проектот за бесплатен транспорт на овие лица, кој стартуваше од Кисела Вода минатата година.

-Општина Кисела Вода денеска ја започнува новата услуга „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани. Оваа услуга, која е достапна 24/7, е овозможена преку соработката со Црвениот крст и претставува уште еден чекор напред во нашата посветеност кон грижата за најранливите категории на граѓани. „Итно Копче“ е иновативен аларм-уред кој на нашите сограѓани им овозможува брз и лесен пристап до помош во секое време. Сѐ што е потребно е да го притиснат копчето на уредот, по што ќе добијат повик од операторот на контакт центарот на Итно Копче. По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом.

Општина Кисела Вода и досега беше лидер во обезбедување на услуги за постарите и изнемоштените лица и лицата со посебни потреби. Ние први започнавме со услугата за бесплатен превоз, овозможувајќи им на нашите повозрасни сограѓани транспорт до лекар или до некоја институција за вршење на административни услуги. Оваа услуга продолжува и годинава, но со големо задоволство ја промовираме и новата услуга со бесплатни нараквици со итно копче. За почеток, општина Кисела Вода обезбедува вакви нараквици за 40 корисници, со надеж дека оваа бројка ќе се зголеми во иднина. Се надеваме дека и другите општини, а зошто не и Градот Скопје, ќе ја следат оваа траекторија и ќе се приклучат кон обезбедувањето на подобри услови за граѓаните. Нашата мисија е да обезбедиме безбедност, грижа и поддршка за сите наши сограѓани, а „Итно Копче“ е уште еден значаен чекор во остварувањето на таа мисија-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити истакна дека со овој проект се надградува досегашната одлична соработка со Општина Кисела Вода за корисниците од овој дел на градот.

-Примерот со Општина Кисела Вода е пример за следење, типичен пример за грижа за сопственото население за имплементација на улогата на градоначалникот. Црвениот крст дава поддршка на градоначалниците, на институциите на системот за тоа како да ги подобрат социјалните политики. Се надевам дека истиот ќе биде следен од останатите градоначалници и од другите институции. Ова за Црвениот крст е само почеток, сега за сега ги покриваме општините во Скопје, со тенденција во наредните година, две да се прошириме и во поголемите градови во нашата земја. Засега ова услуга ја користат 100 лица. Со договорите што ги правиме, денес започнуваме со Општина Кисела Вода, како прва, а интерес пројавија и други градоначалници, би биле задоволни ако стигнеме до бројката на 1000 корисници, со тенденција да ги покриеме сите граѓани кои имаат ваква потреба-изјави Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити.

Петранка Димишкова, која веќе 33 години е дијабетичар, е првиот корисник кој денес преку уредот поставен на раката, бесплатно ја искористи услугата. Досега во општина Кисела Вода седум лица го користеле ова “итно копче”, но за тоа плаќале. Од денес и за нив и за останатите, засега вкупно 40, услугата ќе ја покрива Општина Кисела Вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. 

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните.

На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж.

Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората.

Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот?

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕ: Продолжен рокот за државната поддршка-граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

МЕ: Продолжен рокот за државната поддршка-граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година.

Со оваа одлука, Министерството отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас.

За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел – што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс.

Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање.

Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации има на сајтот на министерството – www.energy.gov.mk

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски  ќе информира за  проширувањето на позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Клековски кој е кандидат за министер за здравство во телевизиско гостување вели дека заедничките служби на клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките.

– Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на онкологија сега е пет милијарди, не зборувам за нешто со што не може да се управува. Значи, една милијарда долг звучи многу, меѓутоа севкупниот буџет на клиниката е пет милијарди и како таков тој е 20 отсто од буџетот на клиниката, изјави Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер