3Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност
БалканОд огномет и пиротехнички средства од јахта, предизвикан пожар на грчкиот остров ИдраСпоред грчките медиуми, постоела пријава од капетан на соседен брод дека од огнометот од конкретната јахта бил предизвикан пожарот, а од претпладнево во тек е прелиминарна истрага на противпожарната служба на Грција. Голем пожар во борова шума беше предизвикан доцна синоќа на грчкиот остров Идра од огномет и пиротехнички средства испукани од приватна јахта, пожар што веќе е локализиран, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, постоела пријава од капетан на соседен брод дека од огнометот од конкретната јахта бил предизвикан пожарот, а од претпладнево во тек е прелиминарна истрага на противпожарната служба на Грција. Јахтата е закотвена во морскиот дел во близина на Атина, според истите информации, ја изнајмиле група од 17 странски државјани кои денеска ќе дадат исказ. Градоначалникот на Идра Јоргос Кукудакис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ изрази огорченост од фактот што „некои луѓе толку неодговорно фрлаат огномет во борова шума“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМузичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години македонска државностНајголемите македонски музички хитови и поезијата на великаните на македонската литература ќе бидат споени во музичко сценски спектакл насловен „Силно светнал ден“, со кој ќе се одбележи 35 годишнината од независноста на Македонија.Првиот настап на овој музички караван е закажан за деветти август, во античкиот театар во Охрид, а денешната генерална проба покажа дека се е подготвено за мјузиклот во кој ќе оживеат стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети. Спектаклот ќе обедини околу 120 учесници и ќе понуди богата музичка програма поделена во неколку тематски целини, од песни посветени на Тоше Проески, преку поп музиката до етно звуците. Игор Џамбазов и Драгана Ливринска, кои ќе бидат домаќини на овој спектакл, велат дека покрај забавниот дел, имаат и мисија на младите да им ја доближат македонската култура и историја. Дел од помладите актери кои се учесниците во претставата велат дека им е исклучителна чест што се дел од овој проект. Караванот ќе посети вкупно единаесет градови. Завршниот концерт е на 4 септември во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБоледувањата и терапиите за онколошките пацинети во фокусот на ФЗОБоледувањата над 30 дена во Македонија, како и лекувањата во странство ќе бидат главен фокус во делот на реформирање на трошоците во Фондот за здравство, изјави првиот човек на фондот Златко Перински. Тој потенцира дека последниот извештај на заводот за ревизија е објективен и мора да се воведе поголема конторола во трошењето на парите. Според последните податоци годишно лекување во странство чини 500 милиони денари. Перински објасни дека е потребна контрола во делот на начинот на лекување, успешноста на лекувањето да се следи од самиот почеток за да се види и ефикасноста на самите болници. „Ќе се формира тим од вработени во фондот кои ќе ги следат парите, документите и начинот на лекување во странство со цел да ја знаеме и ефикасноста на лекувањето“-Златко Перински . Исто така ќе се контролираат и боледувањата над еден месец пред се боледувањата кои траат и по пет години за лесни дијагнози. Затоа е потребно интеграција на здравственито систем и со други институции со цел да се контролира делот на земање на боледувања подолги од еден месец кои буџетот го чинат за три години над милјадрда и седусмтотни илјади денари велат од фондот. Во делот на недостиг на терапија на онкологија првиот човек на ФЗОМ објасни дека по комуникација со директорот на клиниката за онкологија терапијата ќе пристигне за десет дена, како причина била наведено доцнењето на добавувачот на терапија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедностЗакана за националната безбедност – вака албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари ја образложи одлуката Ваљон Беља и Бекир Халими да бидат прогласени за непожелни во Албанија. Ламалари откри дека одлуката била донесена уште на 17 јули, врз основа на информации од безбедносните и разузнавачките служби. Иако прашан кои конкретни активности довеле до мерката, тој одби да открие детали, повикувајќи се на доверливи податоци. Сепак, порача дека достапните информации биле доволни двајцата македонски државјани да бидат оценети како закана за безбедноста и јавниот ред и да добијат десетгодишна забрана за влез во Албанија. - Министерот за внатрешни работи – како орган што ја носи одлуката, нема апсолутно никаква законска обврска за транспарентност зошто ја донел одлуката. Тоа е така бидејќи, како што веќе спомнав, располагаме со многу информации за тековниот надзор што го спроведуваат надлежните служби во Албанија – како од разузнавачките, така и од оние за спроведување на законот. / Мораме да спречиме оваа потенцијална закана да се материјализира, било во политичка, идеолошка или деструктивна смисла, преку искористување на одредени агенди насочени кон поединци со одредени ранливости, кои би можеле да станат плен на таквите агенди,- - Бесфорт Ламалари - Министер за внатрешни работи на Албанија. Беља кој на јавноста и е познат како аналитичар, активист и политичар, во минатото беше осомничен и дека оставил куршум завиткан во салфета кај тогашниот градоначалник на Чаир. Тој потоа беше беше економски директор на клиниката за гинекологија, па економски директор на железници транспорт. На социјалните мрежи, Беља одлуката ја нарече политички мотивирана и донесена од „Владата на Еди Рамовиќ“ кој го нарече „сијамски брат на Вучиќ“. Халими пак, кој е оџа и поранешен припадник на УЧК, вели дека за одлуката дознал од медиумите. -Вознемирувачко е за секого да се соочи со неправда, особено за некој што целиот свој живот го посветил на подигнување на верската свест кај нашиот народ и на давање патриотски придонес кон нашиот национален развој. Сепак, таква е природата на животот. Ќе продолжиме да бараме правда и да се бориме против неправдата каде и да се појави,- Бекир Халими. Ова инаку, не е прв случај Албанија да прогласи странски државјани од соседството за непожелни поради безбедносни причини. Пред два месеци, на теолошката активистка од Косово, Икбале Худути Бериша исто така и беше изрешена забрана за влез во земјата, во времетраење од 15 години, поради учество на протестите во Тирана. Образложението на албанските власти во таа прилика беше дека нејзините активности и можни врски со Иран, се опасност за националната безбедност и јавиот ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook