3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаОд НП „Галичица“ уверувања дека пожарот на планината е под контрола Надлежните од Националниот парк „Галичица“ денеска излегоа пред јавноста со уверување дека пожарот што е се уште активен на планината е под контрола, притоа упатувајќи да не се шири паника кај населението.Ѓуро Јовчески, одговореното лице за противпожарна заштита во Националниот парк „Галичица“ посочи дека пожарот што веќе единаесетти ден е активен е започнат на Кота 11 што се наоѓа на територија на соседна Република Албанија. -Контролиран е 11 дена. Северен ветер во два крака према југ и према североисток, го однесе длабоко во територија на Албанија од можеби три километри, и после четвртиот ден со нагла промена на ветерот од источна страна, од сите страни не заобиколи, од исток кон северниот дел према Охрид према западниот долж Охридското Езеро и ни ја заобиколи цела територија на стара Галичица. На најнепристапен терен се гаснеше на 2100 метра, каде што е многу отежнато самото движење, камоли дистрибуција на опрема или на било што, појасни тој. Јовчески уште нагласи дека во текот на сите изминати денови постојано на терен имало триесеттина луѓе, додека денеска за справување со пламенот се ангажирани 120 лица. -Конкретно во текот на денешниов ден е осигурана источната страница долж Преспанското Езеро каде што пламенот беше влезен во чамова и букова шума, се прават појаси интензивно со машини. Четириесетлуѓе се на позиција од раните утрински часови...Источниот појас е добро осигуран, рече тој. Истовремено истакна дека интервенирано е и во западниот крак на пламенот така што безбедно е движењето на моторните возила преку Галичица. Според Јовчески, најкритична точка на позицијата е северозападно од локалитетите Зли дол, Пропаст, Страчка до према Војтино, што поради непристапен терен што поради ветарот од источен правец. Инаку, тој очекува полека пожарот да биде ликвидиран на позициите север и на исток, додека за западниот дел денеска се интервенира од воздух со три авиони и хеликоптер. Тој изрази благодарност до сите ангажирани во гаснењето, од НП „Галичица“, доброволци од НП „Пелистер“, паркот „Езерани“, противпожарната единица од Ресен, волонтери од Преспа, од охридските села, од Охрид, од Противпожарното друштво од Свети Николе, Спасителната служба „Патагонија“, како и до ДСЗ и ЦУК од каде се ставени на располагање воздухопловите. - Значи работиме уште западнот дел да го осигураме и сметам дека пожарот овие денови полека ќе го намалува својата интензитетот, луѓето да бидат спокојни и да не се шири паника, изјави Јовчески. Уверувања дека пожарот е под контрола даде и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, преку својот профил на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
ЕвропаБелгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињатаБелгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико. Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението. People in Belgium will be able to smoke at restaurant terraces for a little while longer after the government announced it would be delaying its outdoor ban planned for early 2027. https://t.co/J1ZIcRXVDg — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) October 26, 2026 Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент. Тенденција присутна и во други земји од ЕУ Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата. Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми. Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомвриНа 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ . „Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”). Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27