И тие ќе земаат брисеви дел од критичните категории на лекари, полицајци, таксисти, возачи на автобуси, негователки во градинки, вработени на шалтер. Тестовите треба да покажат дали биле заразени од КОВИД 19, а немале никакви симптоми.
Доколку нема енормна промена на бројот на заразени од коронавирусот, од 18-ти месецов , граѓаните ќе можат да закажуваат термини и да одат на забар, велат за Канал 5 од стоматолошката комора.
Од стоматолошката комора посочуваат дека зависно од самата состојба, дел од цените на услугите би можеле да се зголемат.
Од Министерството за здравство во однос на евентуалното враќање на нормала на овие ординации, но и на целокупниот здравствен систем, за Канал 5 појаснуваат оти за да се примаат сите пациенти и тоа со одредени протоколи, мора да се исполнат услови, согласно епидемиолошката слика на ниво на држава.
-Во услови кога ќе наложи епидемиолошката состојба се размислува за враќање во нормален режим на работа, кое мора да оди постепено, со континуирано следење и евалуција. Стоматолошките ординации ќе бидат отворени во услови кога ќе наложи епидемиолошката состојба која Комисјата за заразни болести ја следи врз основа на воспоставените критериуми и степенот на ризик.-Министерство за здравство.
Од Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ се надеваат дека веќе од наредната недела ќе можат да се закажуваат и прават редовни операции и на оние пациенти што не класифицираат како итни случаи.
И од здружението на матични лекари сметаат дека веќе треба да се размислува за постепено враќање на работите во нормала и во примарното здравство, но, со огромна претпазливост, различни влезови и шалтери за пациентите.