Од „Мандалорецот“ до „Белиот лотос“ – актери отпуштени поради своите политички ставови - Канал 5

Од „Мандалорецот“ до „Белиот лотос“ – актери отпуштени поради своите политички ставови

Актерката Џина Карано ги тужеше Дизни и Лукасфилм откако во февруари 2021 г. на својот профил на Инстаграм сподели објававо која ги споредила републиканците со Евреите за време на Холокаустот, набргу потоа, таа беше отпуштена од „Мандалорецот“. 

Од „Мандалорецот“ до „Белиот лотос“ – актери отпуштени поради своите политички ставови

Имено, оваа актерка прогонот на Евреите од страна на нацистите го поистоветила со актуелната политичка клима со која се соочуваат републиканците.

„Евреите беа тепани на улиците, не од нацистите, туку од нивните соседи... дури и децата. Според тоа како се уредува историјата, повеќето луѓе денес не сфаќаат дека да дојде до тоа, нацистите лесно да соберат илјадници Евреи, владата прво морала да дозволи нивните соседи да ги мразат само затоа што биле Евреи. По што се разликува ова од омразата кон некои поради нивните политички ставови“? – пишувало во објавата што таа ја споделила.

Истиот ден, Лукасфилм, продуцентската компанија која стои зад серијата, како и UTA, агенцијата за таленти што ја застапувала речиси две години, престанале да соработуваат со неа. Во својата изјава, застапникот на Лукасфилм изјавил дека „нејзините објави на социјалните мрежи кои ги омаловажуваат луѓето врз основа на нивниот културен и верски идентитет се гнасни и неприфатливи“.

Сепак Карано поднела тужба против Лукасфилм, која е финансирана од Илон Маск, кој, пак, на својата платформа „X“, упати отворен повик до другите да се приклучат на тужбата. Карано бара отштета од 75.000 долари и бара од судот да го принуди Лукасфилм повторно да ја ангажира. Но, оваа актерка не е единствената што неодамна доби отказ поради своите политички ставови.

Случајот на Милош Биковиќ и Сара Рамирез

Слично нешто му се случи и на српскиот актер Милош Биковиќ. Имено, откако HBO објави дека Биковиќ ќе глуми во третата сезона на хит серијата „Белиот лотос“, Министерство за надворешни работи на Украина јавно се пожали за неговиот ангажман.

„HBO, дали е во ред да соработувате со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право? Министерството се обрати до сервисот за стриминг на Х, а актерот набргу беше отпуштен и на негово место дојде Јулијан Костов, но HBO сепак ќе му го исплати на Биковиќ целиот хонорар.

„Ми беше чест што бев избран за „Белиот лотос“, ТВ серија што ја ценам и во која глумат колеги кои длабоко ги почитувам. Сепак, моето учество не е можно од причини надвор од доменот на уметноста и нема да се приклонам кон ниту еден наратив што настојува да ми го загрози интегритетот“, порача Биковиќ.

Нивната судбина ја дели и Сара Рамирез, која минатиот месец беше отпуштена од серијата „И тукутака“(And just like that“), нуспродукт на Сексот и градот. Имено, на 16. јануари таа во објава на Инстаграм тврдеше дека „директорите и агентите прават црна листа на актери и филмски работници кои објавуваат што било во знак на поддршка на Палестинците и Газа, за да бидат уверени дека повеќе нема да работат“, инсинуирајќи дека актерката е отпуштена поради нејзините пропалестински ставови.

Меѓутоа, Дејли Мејл пишуваше дека извори блиски до продукцијата се сомневаат во тоа, посочувајќи дека нејзиниот лик, Че Дијаз, се сметал за ужасно досаден и дека гледачите веројатно би биле благодарни што е тивко отстранет. Сепак, тврдењата на актерката не се без преседан.

Сузан Сарандон и Мелиса Барера отпуштени поради „антисемитски коментари“

Актерката Сузан Сарандон е на удар на критики од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт поради тврдењата дека Евреите сега „знаат како е да се биде муслиман“. Сарандон присуствуваше на серија пропалестински митинзи во Њујорк, каде што се придружи на скандирањата „Од реката до морето“, воен крик што го користеа пропалестинските активисти и Хамас, а многумина ова го нарекоа антисемитски повик за уништување на Израел.

„Во ова време има многу луѓе кои се плашат да бидат Евреи и чувствуваат како е да се биде муслиман во оваа земја“, рече актерката на протестите. Таа, исто така, беше мета на критики на Интернет поради ретвитување на објави на Х, во кои отворено се слави фронтменот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, кој со години беше обвинуван за антисемитизам.

Сарандон го истакна настапот на Вотерс во Уругвај на „Х“ и ретвитна објава во која се вели: „И покрај обидите на израелското лоби да го откаже настанот, Роџер Вотерс од Пинк Флојд излезе на сцената во Уругвај со кефија на главата и повика за прекин на израелскиот геноцид во Газа“.

Мелиса Барера, главната ѕвезда на петтиот и шестиот дел од франшизата Врисок, која требаше да се појави и во претстојниот седми дел, беше отпуштена од продуцентската куќа Спајглас Медиа Груп поради наводните антисемитски коментари.

„Имаме нулта стапка на толеранција за антисемитизам или поттикнување омраза во која било форма, што вклучува лажни референци за геноцид, етничко чистење, искривување на информациите за Холокаустот и сè што ги надминува очигледните граници на говорот на омраза“, изјави портпаролот на оваа продукциска куќа.

По терористичките напади на Хамас на 7. октомври и израелскиот одговор на тие напади, Барера во своите објави на социјалните мрежи за конфликтот помеѓу Израел и Палестина сподели објава во која го обвинува Израел за „геноцид и еничко чистење“. Исто така сподели и објава од списанието Еврејско движење (Jewish Currents) за „искривување на информациите за Холокаустот со цел поттикнување на израелската индустрија за оружје“.

Соочување со „несоодветните“ политички ставови во иднина

Иако постои огромна разлика помеѓу изразувањето поддршка на луѓето кои беа бомбардирани и споредувањето на Холивуд со нацистичка Германија, желбата да се отпушти секој што предизвикува контроверзии со своите политички коментари покажува одредено ниво на нервоза во забавната индустрија.

Ставовите што доведоа до отпуштање на Биковиќ и Рамирез ги ставија раководните лица во тешка ситуација, помеѓу одржувањето на континуитетот на нивните серии и соочувањето со бесот за правда на коментаторите на социјалните мрежи, но овој принцип би можел да создаде спротивен ефект.

Во најлош случај, овие отпуштања помагаат да се создадат маченици, па така Карано стана само погласна откако беше отпуштена, пишувајќи тиради против шефицата на Лукасфилм, Кетлин Кенеди и давајќи изјави дека била замолчувана од „тоталитарната мафија“. Овие отпуштања, исто така, ги потврдуваат ставовите на оние што веруваат дека холивудската индустрија функционира како хомоген ентитет кој го отфрла секој оној чиишто вредности не се во согласност со консензусот.

Исходот од тужбата поднесена од Карано може да промени некои работи во забавната индустрија. Имено, ако судијата пресуди дека таа не требало да биде отпуштена поради нејзините убедувања, постојат шанси Рамирез, Биковиќ, Сарандон или кој било друг отпуштен поради своите политички ставови да покрене слична тужба и да побара од судот да биде вратен во неговата серија.

Иако големо прашање е кој би сакал да работи на место на кое колегите веќе еднаш јавно се откажале од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дастин Хофман за обвинувањата за злоставување: Сигурен сум дека на некои жени им беше непријатно

Дастин Хофман се осврна на годините на обвинувања за несоодветно однесување во своите нови мемоари. 

Дастин Хофман за обвинувањата за злоставување: Сигурен сум дека на некои жени им беше непријатно

Во книгата „Погледни ме“, која е во продажба од 10 ноември, 89-годишниот актер ги отфрла обвинувањата за сексуална злоупотреба, но признава дека неговите постапки можеби предизвикале непријатност кај некои жени, пишува People.

„Непријатноста е субјективна“

„Сигурен сум дека е вистина дека во текот на мојот живот, особено пред четириесет години, им предизвикав непријатност на некои жени“, пишува двократниот добитник на Оскар. „Но, „непријатноста“ е субјективно емоционално чувство. Она што е едноставно и навредливо за една личност може да биде урнебесно, стимулативно или дури и некако пријатно за друга.“

Хофман се опишува себеси како „директна“ личност која ги сака „т.н. мрсни шеги“. „Јас сум „старомоден заводник“, како што еднаш рече Бил Мареј. Тоа не е исто како да се принуди некого да направи нешто што не го сака“, наведува тој во книгата.

Движењето #MeToo и серијата обвинувања

Актерот, исто така, се осврнува на движењето #MeToo, кое започна во 2017 година. „Кога тој бран на пресметка почна да се шири низ интернетот и да го потресува Холивуд, мислев дека е многу добра работа. Тогаш знаев дека многу жени во мојата индустрија трпеле премногу работи предолго“, пишува Хофман.

Тој додава дека не бил загрижен дека нешто негативно ќе се каже за него, „бидејќи идејата да се земе нешто од некого сексуално што не сака да го даде... едноставно никогаш не сум го направил тоа“.

Во текот на 2017 година, шест жени излегоа со обвинувања против Хофман. Трите зборуваа за списанието Variety за сексуално вознемирување, напад и изложување пред малолетник. Актерот потоа јавно ѝ се извини на една од нив, а неговиот адвокат ги нарече обвинувањата на другите две жени „клеветнички лаги“.

Порано истата година, три други жени одделно го обвинија за вознемирување. Едната тврдеше дека ја нападнал во 1985 година додека работела на претставата „Смртта на еден патувачки продавач“ како 17-годишна девојка. Друга жена од истата продукција изјави дека ја допирал и ја малтретирал, а третата дека ѝ дал непристојни понуди на деловен состанок. Хофман никогаш не бил обвинет ниту гонет.

Споредба со ловот на вештерки

Хофман ја споредува ситуацијата со обвинувањата против моќни мажи со ерата на макартизмот од почетокот на 1950-тите, кога холивудските личности биле ставени на црна листа поради наводни врски со комунизмот. Тој пишува дека во средината на тој период „целиот негов живот се променил“. „Немало презумпција на невиност. Ништо не било „докажано““, истакнува тој.

„Сè беше толку лудо што бев збунет како воопшто да се одбранам... или дали воопшто треба да се обидам. Не сакав да се борам против нешто што мислев дека е важно. Не сакав да бидам на спротивната страна од моите сопствени вредности. Единствениот проблем беше што за мене се зборуваа работи што едноставно не беа вистинити“, вели Хофман.

Саморефлексија и улогата на сопругата

Во книгата „Погледни ме“, Хофман пишува дека „научил многу“ од својата сопруга Лиза, со која е во брак од 1980 година, за „мажите, жените и различните начини на кои ги доживуваме одредени ситуации“. Тој признава дека му биле потребни „години, дури и децении, за да разбере дека е погрешно да пука во секоја жена што ја среќава“.

„Не е дека Лиза некогаш се сомневала во мојата љубов или посветеност. Таа знае со кого си има работа. Се заљубила во човек со едноставно чувство за хумор кој е опседнат со секс и секогаш бара внимание“, пишува актерот. Тој наведува дека му требало „срамно долго време да сфати дека луѓето освен неговата сопруга може да го сметаат неговото флертување или едноставните шеги за несоодветни“.

„Знам дека сум безопасен, таа знае дека сум безопасен, но дали некој што никогаш не ме запознал би го знаел тоа? Не сакам никого да понижувам или навредувам. Не сум личност што ужива во моќ или врши притисок врз луѓето. Искрено, никогаш не сум се сметал себеси за моќна личност“, додава тој.

Ѕвездата на филмот „Дождовниот човек“ исто така го поставува прашањето: „Дали е можно да бев виновен за недостаток на емпатија? Дека бев премногу самобендисан за правилно да проценам како се чувствуваат луѓето околу мене? Секако. Апсолутно.“ Поглавјето завршува со реченицата: „Ако не се чувствувате исто, тогаш сте поинакви од кое било човечко суштество што некогаш сум го сретнал во мојот живот, машко или женско.“

Хофман неодамна се појави на големото платно во филмовите „Тјунер“ и „Дијамант“. Неговите мемоари „Погледни ме“ се достапни во книжарниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Во Собранието тече надзорната расправа за Алта Банка, која почна со серија серија паузи и тензии..

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Сите објавуваа документи и записници..Имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки..

Во Собранието е Михајло Видмилиски.. Михајло до каде е во моментот надзорната расправа, кога се очекува сведочењето на обвинителот Савески?

Народната банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за случајот со Алта Банка, соошти денеска на брифинг со новинарите премиерот Мицкоски.. Владеачката партија во изминатиот период ја прозиваше СДСМ дека шири паника за банката, дали во мегувреме има некакви информации околу овие кривични од Обвинителството?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето .

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата пред да даде согласност за преземањето.

„Од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво? Особено тука сакам да бидете попрецизни во одговорот, бидејќи во јавноста веќе има информации дека станува збор дека тоа плаќање е од приватна сметка, односно сметка на физичко лице. Значи, од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво и од која сметка тие се префрлени“, праша Николова.

Таа посочи дека, според јавно достапните информации што ги наведе, осигурителното друштво било купено за околу 1,7 милиони евра, со преземање на сите 60.000 акции.

Николова нагласи дека јавноста досега не добила објаснување од Агенцијата за начинот на кој била спроведена продажбата и за проверките што ѝ претходеле на согласноста.

„Стекнувањето сопственост во осигурителното друштво не може да биде само формално административна постапка. Таа е многу повеќе од една таква формална постапка, особено кога станува збор за финансиски субјект кој располага со средствата од премии на илјадници граѓани и на компании. Агенцијата мора да има јасна слика за финансиската состојба на инвеститорот, потеклото на неговиот капитал, неговата деловна репутација и поврзаноста со други правни и финансиски субјекти“, истакна Николова.

Обраќајќи ѝ се на претставничката на Агенцијата, Дракуловска, пратеничката побара да бидат презентирани конкретните наоди врз кои била донесена одлуката за преземање на осигурителното друштво.

„Обврска на Агенцијата е да ги препознае ризиците, навреме да ја заштити довербата на осигурениците. Дали Агенцијата го проверила потеклото на средствата, финансиската состојба на купувачот и неговата поврзаност со останатите финансиски субјекти и врз основа на кои конкретни наоди е дадена согласност за преземање на ова друштво?“, праша Николова.

Таа нагласи дека случајот има јавен интерес, бидејќи се однесува на сигурноста на граѓаните и компаниите кои имаат осигурителни полиси, како и на вработените во друштвото.

„Ова не е прашање само на сопственичката трансакција или на деловен интерес на еден инвеститор. Ова е прашање коешто има јавен интерес и на довербата во институциите кои треба да го штитат финансискиот систем и да ги штитат граѓаните“, порача Николова.

На крајот, таа побара прецизни одговори за потеклото на капиталот, извршените проверки и основата за дадената согласност.

„Не барам општи уверувања дека осигурителниот сектор е стабилен затоа што денес цел ден слушаме такви општи уверувања. Барам конкретни одговори на прашањата што ви ги поставив“, нагласи пратеничката на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер