Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
2Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
МакедонијаОд лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програматаFlex Group продолжува со вториот дел од својата осуммесечна програма ставајќи фокус врз развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку градење на емоционална писменост и примена на менторски стилови.Во рамките на овој модул, Верита Акташ, ја одржа обуката „Емоционална интелигенција и тренинг вештини за ментори“, на која учесниците работеа на теми што се дел од секојдневието на секој менаџер и тоа: како личните емоции влијаат врз начинот на кој комуницираме и носиме одлуки, како се препознава она што се случува во тимот и како се води разговор со цел развој на вработениот. Еден од главните фокуси беше емоционалната писменост. Притоа учесниците истражуваа како тие влијаат врз односите, врз реакциите при работа под притисок, врз комуникацијата и на крајот, врз начинот на кој се водат луѓето, наместо досегашното сфаќање дека емоциите треба да останат надвор од работното место. Вториот дел беше посветен на менторството како пристап во развојот на луѓето. Преку активно слушање, поставување на отворени прашања и ненаметливо насочување на вработениот кон самостојно наоѓање на решение и нови идеи, лидерите се стекнаа со нова алатка за развивање на потенцијалите на својот тим. Преку GROW моделот, учесниците вежбаа како разговорот 1 на 1 со член на својот тим може да се помести од: „Еве што треба да направиш“ кон: „Како ти самиот да дојдеш до нови идеи, предлози и пристапи кон секојдневното работење?“. Токму тоа е и идејата на Flex Group Leadership Academy - лидерството да се развива континуирано, преку знаења и вештини применливи во секојдневната работа затоа што доброто водење, не значи секогаш да го имаш одговорот, туку да знаеш да слушаш и да го поставиш вистинското прашање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаМицкоски: 250 дечиња од Шуто Оризари добиваат свое место во новата детска градинка „8 Април“Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот„Добар ден и од мене. Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот. Ние како Влада, како што веќе слушнавте и од страна на претставниците на меѓународната заедница, почитуваните амбасадори, во најскоро време ќе дадеме согласност за вработување на кадар и на тој начин сето она кое што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција. И она што мене посебно ме прави среќен е што повеќе нема да имаме листа на чекање овде во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети. Ќе можат родителите дечињата да ги остават тука, ќе имаме кадар кој што ќе се грижи за нивното детство и за периодот од денот кога тие ќе престојуваат токму во оваа градинка. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорот на Норвешка, на Швајцарија, на сето тоа кое што го направија за оваа градинка и за да можеме ние денеска еве овдека да стоиме и да практично објавиме дека капацитетот е подготвен да ги прими нашите најмлади, најмили, тоа се дечињата. Исто така да се заблагодарам на Општина Шуто Оризари, на градоначалникот, на Советот, на советниците, на колегите од Владата кои што посветено работат за да можат овие проекти да станат реалност. Како што кажа и министерот, нашата цел е до крајот на мандатот да немаме воопшто листа на чекање низ сите општини во државата. Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите. Така што уште еднаш еве нека е честито, нека е со среќа и што повеќе дечиња да можат да ја користат оваа градинка. И уште еднаш благодарност до сите кои што учествуваа во реконструкцијата и обновата на овој објект, истакна во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРастат тензиите на границата меѓу Белорусија и Латвија, дали може да дојде до ескалација?Вооружени лица кои придружувале 20 мигранти и се обидувале да им помогнат илегално да преминат од Белорусија во Латвија, им се заканувале на латвиските војници.По заканите, втора група накратко влезе во земјата, изјави латвискиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава на 6 октомври. „Лицата што ги придружуваа илегалните мигранти – а кои се наоѓаа на белоруската страна – беа вооружени, упатуваа закани кон [латвиските] војници и активно ја охрабруваа и насочуваа групата мигранти кон Латвија“, истакна тој во објава на платформата „X“. Кратко потоа, група маскирани лица илегално влезе во Латвија, украде опрема и се врати во Белорусија. „Неколку часа по оваа конфронтација, маскирани лица влегоа на латвиска територија, оштетија дистрибутивен ормар и украдеа камери пред на местото на настанот да пристигне гранична патрола, по што се вратија на белоруска територија“, рече Домбрава. Латвискиот министер ги предупреди белоруските власти дека ваквите гранични инциденти би можеле да доведат до „сериозни последици“ за Минск. Слични инциденти се случувале и претходно, а ЕУ воведе санкции кон земјата во 2021 година поради инструментализација на мигрантите. Активностите на хибридно војување против Европа од страна на Москва и Белорусија се интензивираа во последните месеци додека Русија ја продолжува војната против Украина. Литванските власти соопштија дека силите на НАТО собориле дрон што навлегол во литванскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта на 15 септември. Дронот влегол во литванскиот воздушен простор од соседна Белорусија и прелетал над градот Лентварис, во близина на главниот град Вилњус, пред да биде соборен во близина на големиот град Каунас, изјави за јавниот сервис „LRT“ Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Извор: Б92Тагови: белорусија Латвија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фазаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“ и дека до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.- Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота! Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа да се реши овој проблем. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно се соочуваа со гужви, нервози и изгубени часови во сообраќајот. Со години слушаа ветувања, а пред себе ја гледаа истата слика. Денес, таа слика ја менуваме со работа. Со асфалтирањето влегуваме во завршницата на оваа значајна сообраќајна делница. По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за нешто повеќе од три месеци се решени проблемите што со децении го кочеа овој проект. - Ја ослободивме трасата, изградивме нова атмосферска канализација и сега поставуваме асфалт. Зад секој од овие чекори стојат посветеност, одлуки и решителност да се заврши започнатото. Овој горлив проблем им беше познат на сите што претходно ја имаа одговорноста и можноста да го решат. Но, со децении изостануваше решителноста да се оди докрај. Граѓаните ја плаќаа цената на секое одложување, на секое оправдување и на секое неисполнето ветување. Презедовме обврска да ставиме крај на тоа чекање и денес, на терен, покажуваме дека зборот за нас има тежина. За мене, секој поставен метар асфалт е почит кон луѓето кои предолго чекаа. Кон работникот што брза на работа, кон родителот што го носи детето на училиште, кон секој човек што заслужува побезбедно и побрзо да стигне дома. Мојот народ заслужува дела и исполнети ветувања – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00