Од коронавирусот во светот починале 200.000 луѓе , од кои 60 проценти во Европа

Од скоро 200.000 жртви на пандемијата на коронавирус, европскиот континент е најтешко погоден со 120.000 смртни случаи, од кои три четвртини се однесуваат на Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Со вкупно 120.140 смртни случаи (од 1.344.117 потврдени заразени лица), Европа е континентот најтешко погоден од пандемијата „Ковид-19“, во која што загинаа 197.871 луѓе ширум светот, според Универзитетската болница „Џон Хопкинс“.

Италија е прва според несреќниот биланс во Европа со 25.969 смртни случаи.

Шпанија е втора во Европа со 22.902 смртни случаи. Следува Франција со 22.245 мртви, додека Велика Британија има 19.506 жртви.

Со 51.949 смртни случаи, Соединетите држави се земјата со најголем број жртви на Ковид-19 во светот , според податоците на Џон Хопкинс до 15 часот попладнево.

Според истиот извор имало 905.333 заразени во САД.

Во целиот свет, 2.826.904 се заразени со Ковид-19 до денес во 15 часот, според истиот извор.

Сообраќајка кај Влајко на Партизанска, повреден возач

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока.

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота.

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0.

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците.

Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците.

„Израел ќе испрати делегација (...) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението.

притисни ентер