Од коронавирусот во Србија починале 70.000 лица или еден отсто од вкупното население - Канал 5

Од коронавирусот во Србија починале 70.000 лица или еден отсто од вкупното население

Вирусот го скрати животниот век за две години.

Од коронавирусот во Србија починале 70.000 лица или еден отсто од вкупното население

Пандемијата на коронавирус имаше поголемо влијание врз човештвото од кој било настан забележан во последните 50 години, вклучувајќи воени конфликти и природни катастрофи. Србија беше погодена доста тешко, дури и повеќе од речиси сите други земји, со 70.000 смртни случаи, што е повеќе од еден отсто од вкупното население. Таа предизвика просечниот животен век на луѓето низ светот во просек да се скрати за околу две години, јави дописникот на МИА од Белград.

Во март 2020 година во Србија е забележан првиот случај на коронавирус, а деновиве се одбележува годишнината од прогласувањето пандемија на Ковид-19, кој го зафати целиот свет. Стапката на смртност, според последните податоци, е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Д-р Зоран Радовановиќ, епидемиолог, за Белградска Н1 изјави дека е прашање на време кога ќе се појави нова пандемија во светот, посочувајќи дека Србија беше сериозно погодена од коронавирусот пред четири години.

-Во 2019 година, Светската здравствена организација обезбеди листа на можни причини за пандемијата. Исто како што ја имавме пандемијата на колера претходно, потоа СИДА, а потоа и пандемијата на свински грип во 2009 година. Тоа беше прашање на време. Што се однесува до Кина, тоа се случи на крајот на 2019 година. Во Србија првите случаи беа во март 2020 година. Оттогаш и официјално се соочуваме со Ковид. Србија беше прилично силно погодена, дури и повеќе од речиси сите други земји, имавме 70.000 смртни случаи, што е повеќе од еден отсто од вкупното население на Србија, изјави епидемиологот.

Тој посочи дека очекуваниот животен век на глобално ниво е скратен за две години.

-За да го разбереме обемот на тоа, мораме да направиме споредба: ако ракот исчезне, сите форми на рак, просечниот човечки животен век би се продолжил за нешто повеќе од две години, а ковидот направи да се намали за толку. Во светот се проценува дека само во 2021 година благодарение на вакцината се спасени 20 милиони луѓе, посочи Д-р Зоран Радовановиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје

Каде е Венко Филипче?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје

Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари?

Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија.

Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар, „Мамас“.

Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу земјите што во последниот период оствариле забележително подобрување во националните капацитети за сајбер-безбедност.

Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA). Индексот ја оценува подготвеноста на државите преку 49 индикатори распоредени во 12 области, опфаќајќи ги стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани. Оценувањето се заснова на јавно достапни закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практично спроведени мерки.

Според најновите податоци, Македонија има максимални оценки во повеќе клучни области, меѓу кои политиките за сајбер-безбедност, заштитата на критичната информациска инфраструктура, образованието и професионалниот развој, заштитата на личните податоци, одговорот на сајбер-инциденти и борбата против компјутерскиот криминал.

„Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Напредокот е резултат на координираната работа на институциите и на повеќе преземени системски чекори, меѓу кои донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и Акцискиот план за нејзино спроведување, воспоставувањето механизми за национална координација и зајакнувањето на капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти.

Новата законска рамка ги утврдува надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, воведува обврски за управување со сајбер-ризици и пријавување инциденти и ја зајакнува заштитата на суштинските и важните субјекти.

Министерството ќе продолжи со спроведување на Стратегијата и Акцискиот план, јакнење на националните капацитети за превенција и одговор, развој на стручниот кадар, подигнување на свеста кај граѓаните и компаниите и продлабочување на меѓународната соработка.

Безбедна дигитална држава значи сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација.

Во прилог ви ги проследуваме официјалните извори:

• Официјална ранг-листа на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI):

https://ncsi.ega.ee/ncsi-index/

• Официјален профил на Македонија – 30. место и резултат од 84,17 поени:

https://ncsi.ega.ee/country/mk/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тажни вести од Хрватска: Пронајдено телото на еден Португалец

Лоши вести пристигнуваат од Хрватска, бидејќи спасувачите го пронајдоа телото на еден од двајцата португалски државјани по кои се трагаше од вчера, 12 август. Како што беше објавено, телото е пронајдено пред заливот Завратница.

Тажни вести од Хрватска: Пронајдено телото на еден Португалец

Продолжува потрагата по вториот исчезнат португалски државјанин.

Телото на еден млад маж – еден од четворицата португалски државјани, од кои двајца претходно беа пронајдени и спасени откако се најдоа во невреме во Велебитскиот Канал – беше пронајдено околу 8 часот наутро во морето кај заливот Завратница, додека потрагата по уште еден маж продолжува. Според капетанот на пристаништето во Сењ, Ненад Бугарин, телото било забележано од полициски хеликоптер утринава, а потоа било извлечено од водата од страна на екипа на Капетанијата на пристаништето во Сењ.

Инаку, четворица млади пријатели од Португалија исчезнаа вчера, 12 август, по силно невреме во Велебитскиот канал во Хрватска, поради што и започна потрагата по нив.

„Известување за четворица исчезнати лица, државјани на Република Португалија, беше примено во MRCC Риека ноќеска, на 12 август, во 04:41 часот, од страна на нивен познаник“, соопшти претходно Министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска.

Според нивниот познаник, четворицата пријатели тргнале со рекреативен гумен чамец долг до 1,5 метри, веслајќи од локалниот камп северно од Сењ кон самиот град Сењ, по што им се изгубила трагата.

Вчера беа пронајдени две лица – жена и маж. „Жената беше пронајдена во морето во заливот Бутињ околу 11:40 часот. Таа беше предадена на медицинскиот персонал во Нови Винодолски за да ѝ се укаже помош доколку е потребно“, изјави вчера Ненад Бугарин, капетан на Лучката капетанија во Сењ.

Спасената жена, која поминала неколку часа во морето борејќи се со лошите временски услови, добила помош на лице место откако била извлечена на брегот, а потоа била пренесена во КБЦ Риека. Таа пристигнала во болницата во стабилна клиничка состојба и со нормални витални параметри.

По сеопфатен медицински преглед и третман, таа е примена на Одделот за пулмологија заради понатамошно следење на состојбата и засега ќе остане во КБЦ Риека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер