Од корона почина новинарот Антон Серечи - Канал 5

Од корона почина новинарот Антон Серечи

Новинарот Антон Серечи почина на 74-годишна возраст. Серечи бил хоспитализиран извесно време на Инфективната клиника во Скопје, поради Ковид-19.

Од корона почина новинарот Антон Серечи

Антон Марку Серечи е роден на 22 декември 1947 година.Се школувал во Скопје каде го поминал целиот свој живот. Својата радио кариера ја започна во 1971 година како соработник во спортската редакција на Радио Скопје. Со своите емисии тој придонесе за афирмација на спорт и спортисти во Македонија и пошироко. Во текот на 1995-1997 година Серечи бил главен уредник на Радио Скопје, додека во периодот 1991-2002 година бил директор на втората програма на Македонско радио.

Антон Серечи беше еден од најпознатите достојни претставници на католичката заедница во Скопје, каде даде голем придонес во афирмацијата на оваа заедница и упорно се бореше за афирмација на ликот и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.

Серечи бил хроничар за животот и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, како и симбол на албанските католици од Скопје.

Голем дел од менаџментот и вработените во Канал 5 ТВ соработуваа со нашиот Тони, позвајќи го како човек со огромно срце и почит кон своите колеги.
Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

По посетата на Антонио Кошта и средбите на македонскиот државен врв со европските лидери, во Скопје на почетокот на јули доаѓа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

Посетата за Канал 5 ја потврдуваат извори од МНР кои велат дека таа е најавена и очекувана, но точниот датум и агендата допрва ќе се утврдуваат.

Посетата на Кос на земјава инаку, доаѓа во период кога повторно се отвораат прашањата за деблокада на македонските евроинтеграции, по одржувањето на самитот Европска Унија- Западен Балкан во Тиват, но и нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за забрзана и постепена интеграција на земјите-кандидатки во Унијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за македонските евроинтеграции

Опозицискиот лидер Венко Филипче е на став дека историските спорови со Бугарија и работата на мешовитата комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите, туку билатерално прашање меѓу двете земји. 

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за македонските евроинтеграции

Според него тоа го потврдила и претседателката Сиљановска Давкова во нејзиното последено интервју во кое меѓу другото вели дека „Македонија го губи времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од конститутивните акти на ЕУ и дека треба се концентрира на европеизација, преку Копенхашките критеруми“.

Филипче ваквата изјава на Сиљановска Давкова ја толкува како признание и потврда на она што СДСМ го говори подолг период и прашуваат дали претседателката сака да се приклучи на “Фронтот за вистина и правда“.

„По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов. Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата“, наведува Филипче во објава на социјалната мрежа „Икс“

Од кабинетот на Сиљановска не го коментираат ставот на Филипче, додека од владеачката ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека опозицискиот лидер Филипче слугува на бугарските, наместо на македонските интереси. Од таму се на став дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде последно барање од Софија. Сметаат дека граѓаните ги поддржуваат надворешните политики на власта и се против уставни измени под бугарски диктат.

„ Актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско. Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија. СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија“- Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Дека уставните измени ќе бидат само почеток, а не крај на барањата од официјална Софија порача и премиерот Мицкоски по средбата на престедателката Сиљановска Давкова со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова. Според Мицкоски на таков начин ќе се отвори Пандорината кутија од која ќе произлезат низа други барања, а дека работата на Историската комисија е само едно нив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Избран е конзорциум, почнуваме со изградба на нов автопат Скопје-Блаце

Конзорциум предводен од македонската фирма “Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце – информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој оцени дека, ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија.

Николоски: Избран е конзорциум, почнуваме со изградба на нов автопат Скопје-Блаце

Информацијата николоски ја соопшти по средбата со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, со кого како што информираа од министерството за транспорт била изразена заедничката подотвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурини проекти кои се од стратешко значење за државата. Николоски по средбата порача и дека очекува проектот за автопатот Скопје-Блаце да биде завршен за три и пол години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер