Од Кичево до ѕвездите, астронаутката Мартина Димоска ја отвора вратата кон вселената – младите да инвестираат во знаење - Канал 5

Од Кичево до ѕвездите, астронаутката Мартина Димоска ја отвора вратата кон вселената – младите да инвестираат во знаење

Од Кичево до ѕвездите, астронаутката Мартина Димоска ја отвора вратата кон вселената – младите да инвестираат во знаење и да не дозволат географијата да им ги ограничи соништата.

Од Кичево до ѕвездите, астронаутката Мартина Димоска ја отвора вратата кон вселената – младите да инвестираат во знаење

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

Димоска во разговор за МИА појаснува дека аналоген астронаут е високо квалификуван професионалец кој учествува во високо реалистични симулации на вселенски мисии на Земјата, наменети за тестирање на технологии, оперативни протоколи и човечки перформанси пред нивна примена во вистински вселенски услови, во орбита, на Месечината или при идни мисии кон Марс.

Овие мисии се одвиваат во екстремни и изолирани средини и вклучуваат спроведување на EVA процедури, научни експерименти, следење на физичка и психолошка издржливост на екипажот, како и тестирање на донесување одлуки под висок оперативен притисок.

Според Димоска, аналогните мисии претставуваат клучен дел од подготовката за човечко присуство надвор од Земјата и придонесуваат кон зголемена безбедност, ефикасност и доверливост на системите пред нивно воведување во реални вселенски програми.

- Аналогните мисии се клучни затоа што овозможуваат безбедно тестирање на ситуации што во вистинска мисија би можеле да бидат животно загрозувачки, додава Димоска.

Пат полн со препреки – но и со истрајност

Нејзиниот пат не започнал со „трасирана патека“ – напротив, како што посочува, со самото тоа што доаѓа од земја која нема национална вселенска агенција, на почетокот значи отсуство на институционална поддршка, инфраструктура и јасни патишта за вклучување во меѓународниот вселенски сектор.

- Доаѓам од мала земја без национална вселенска агенција, што значи дека ништо не беше однапред дефинирано. Мораше сама да ги градам врските, знаењето и сопствената патека, вели таа.

Посочува дека нејзиниот пат започнал од љубопитноста кон науката, инженерството и прашањето како човекот функционира во екстремни услови, а се развивал низ години на посветена работа и специјализирана едукација. Во тој процес, таа има завршено низа професионални програми и тренинзи, меѓу кои нуркачка NAUI обука во Германија, Analog Mission Training во Austrian Space Forum, како и NASTAR обуки и сертификација за човечки вселенски лет. Денес таа е Senior NASTAR амбасадор и NAUI сертифициран нуркач. Паралелно, поседува формално образование како инженер на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, магистерски студии по вселенски науки на International Space University во Франција, како и постдипломски студии по комерцијални вселенски науки на Florida Institute of Technology во САД.

- Паралелно со студиите и тренинзите, јас морав и да работам за да се издржувам. Тоа значеше значително поголем стрес, хроничен недостиг од одмор и постојана потреба сè што ќе заработев да го реинвестирам во сопствениот пат. За разлика од многу мои колеги, кои имаа стипендии и институционална поддршка од нивните национални вселенски агенции, стабилен животен баланс и простор за неформален нетворкинг, професионални настани и социјални активности што дополнително ја забрзуваат кариерата, јас морав да функционирам без таа мрежа на поддршка. Фактот дека бев целосно самофинансирана и постојано „растегната“ меѓу обврските, неизбежно создаваше и одредени предрасуди. Не секогаш бев перципирана на ист начин како колегите со институционална позадина, што дополнително го отежнуваше процесот на градење доверба. Мојата мотивација отсекогаш беше да покажам дека со дисциплина, знаење и истрајност може да се пробие и од помала земја, додава Димоска.

Нејзина мисија е да се отвори првата современа опсерваторија во Македонија

И покрај тоа што веќе работи на меѓународно ниво, Димоска останува посветена на идејата да развие домашна научна инфраструктура.

- Сакам Македонија да ја добие првата современа опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, поставена во Западна Македонија. Место каде секој млад човек ќе биде добредојден, вели таа.

Нејзината работа преку International Space Alliance (ISA) веќе донесе конкретни резултати. Еден од нив е проектот „A small patch for man, a big one for our history books“, преку кој македонско знаменце ја премина Кармановата линија со летот на Blue Origin во 2024 година.

Димоска е дел од тимот што ја има основано Граѓанско-научната космичка агенција на Македонија (ГНКА) – модел кој ја заменува улогата на државната агенција што недостига. Објаснува дека таа не е државна институција, туку граѓански и научно заснован одговор на јазот што постои.

Нов почеток во САД – и нови вселенски можности

Неодамна, таа доби EB-1A зелена карта, позната и како „Ајнштајнова виза“, која се доделува на лица со исклучителни достигнувања. Таа пред скоро време се преселила во Калифорнија и во овој период нејзин приоритет е целосно да се интегрира во американскиот вселенски сектор и да продолжи со работата што нејзиниот тим веќе ја гради. Иако поседува зелена карта, таа посочува дека сè уште нема право да аплицира на голем дел од огласите за директно вработување во NASA, кај NASA контракторите, па дури и во приватниот сегмент на вселенската индустрија, во компании како SpaceX, бидејќи државјанството на САД е задолжителен услов. Овој услов важи низ многу слоеви, од програмите за практиканти во NASA па се до астронаутските позиции. Во меѓувреме, таа е професионално ангажирана како консултант и соработува со институции кои стратешки соработуваат со NASA, со фокус на Human Spaceflight.

Како што наведува, во моментов се фокусира на вмрежување и аплицирање во ретките можности што се достапни за лица со статус на постојан жител на САД, во рамки на поширокиот вселенски екосистем.

- Тоа значително го стеснува опсегот на достапни можности. Сепак, постојат неколку селективни, но исклучително значајни позиции, програми и партнерства каде што можам активно да придонесувам, да соработувам и да градам долгорочно присуство во секторот. Ова го гледам како почеток на подолг и постабилен процес на интеграција, вели Димоска.

Порака до младите: географијата да не биде граница за нивните соништа

На младите кои сонуваат за кариера во вселенската индустрија им порачува да инвестираат во знаење и да бидат многу трпеливи, да аплицираат, да учат, да градат мрежи и да не дозволат географијата да им ги ограничи соништата. Како што вели, да не чекаат „дозвола“, признание или валидација од луѓе кои никогаш не го поминале патот по кој тие сакаат да чекорат. Таа во разговор за МИА објаснува дека патот е долг, тежок и исполнет со неизвесности, но возможен.

- Ги очекуваат години пожртвуваност, неизвесност и многу работа без големи признанија. Наместо „сјаен“ живот, реалноста најчесто подразбира постојано реинвестирање и учење да се живее за мали, но значајни победи. Ако се истрајни и несебични, ќе имаат можност, и покрај сите препреки, достојно да се претстават себеси и, доколку тоа го изберат од лична одговорност, да ја претстават и државата од која доаѓаат во најдобро можно светло, иако на тој пат никогаш не добиле институционална поддршка, вели таа.

Димоска потенцира дека таа и понатаму лично одбира да се залага за својата земја и, пред сè, да ја одржува врската и континуираната релација со Македонија – особено за оние малкумина што со сериозност и доверба пристапиле кон нејзе и нејзините соништа и им ја укажале честа да чекорат по истиот, исклучително трнлив и неизвесен пат./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)

Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.

Полицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)

Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал.

Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата.

Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си.

Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата

Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата.

Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард.

Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале.

Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест.

Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест.

Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот

Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година.

Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година.

Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат.

Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари.

Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата.

Тој плати кауција од 25.000 долари

Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред.

Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)

Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. 

Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)

Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти.

Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица.

Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот.

Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба.

Филипинската војска се соочува со недостаток на средства

Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени.

Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства.

Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.

Најмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОН

Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН.

Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени

Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага.

Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН.

Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства.

Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле.

Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност.

Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година

Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година.

Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН.

Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер