Од јануари покачување на платите и за медицинските сестри, но за 5%

Наместо од септември како што беше првично најавено, покачувањето на платите од 5% за медицинските сестри ќе стартува од јануари, најави Владата презентирајќи го буџетот за следната година.

Заев вели изнајдовме начин покачувањето да биде од стартот на годината.Според ова платите на специјалистите, кои од јануари ќе се покачат за 10%- ќе стигнат до 90 илјади денари - оваа и 100 илјади денари - следната година.

По катастрофалната реализација на капиталните проекти годинава, Заев верува дека сите причини кои ја кочеа реализацијата се отстранети и очекува подобри резултати дури и на крајот од оваа година. За следната пак државата планира да започне да го гради Клиничкиот центар, да се забрза гасификацијата, изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Ветува повеќе пари за нови училишта и градинки, водоводни мрежи, канализација...

Но сепак, иако министрите при креирањето бараа повеќе пари за своите сектори, Заев вели не им ги исполнил барањата во новиот буџет, бидејќи не заслужиле.

- Не добија се што бараа, затоа што буџетот има лимит и рамка, а впрочем и не залужуваат во реализација на капиталните инвестиции. Се надевам објективни причини се оттргнати, и верувам ќе пораснат капитални инвестиции со просек 31,12 да се подобри. И ќе бидат добар индикатор за 2019та. Железничката, после канализација, училишта.

Иако јавниот долг догодина ќе порасне и ќе изнесува околу 600 милиони евра, , надлежните уверуваат нема да надмине 50% од БДП. Тевдовски и Заев објаснуваат дека тоа е така поради тоа што во вкупниот јавен долг на државата не влегува само дефицитот од буџетот туку и сите кредити кои ги земаат другите институции, како ЈП за државни патишта. Новиот кредит од речиси 200 милиони евра за автопатот Кичево - Охрид е една од причините - јавниот долг на земјава за следната година да биде зголемен.

Буџетот следната година ќе тежи 3,7 милијарди евра. Владата очекува раст од 3,2 отсто.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер