Од идниот месец пет нови авиолинии-од Скопје ќе се лета до Палермо и Алгеро, а од Охрид до Виена, Краков и Вроцлав - Канал 5

Од идниот месец пет нови авиолинии-од Скопје ќе се лета до Палермо и Алгеро, а од Охрид до Виена, Краков и Вроцлав

Од идниот месец, патниците со „Аустриа Ерлајнс“ ќе може да летаат од охридскиот аеродром „СВ. Апостол Павле“ до Виена, Краков и Вроцлав. Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ од идниот месец ќе се лета до Палермо –Сицилија и до Алгеро – Сардинија.

Од идниот месец пет нови авиолинии-од Скопје ќе се лета до Палермо и Алгеро, а од Охрид до Виена, Краков и Вроцлав

„Во моментов се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании. Македонија е единствената земја во регионот која отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза“,вели министерот за транспорт Александар Николоски

Тој додава и дека нискобуџетната компанија „визер“ ќе го стационира својот седми авион на аеродромот во скопје, а се разгледува и можноста за воспоставување база на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

Земјата нема од што да се плаши, кога преземените обврски ќе се исполнат имам надеж дека процесот кон членство ќе биде забрзан – порача евроамбсадорот Михалис Рокас.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, утринава изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Таму беше Сандра Спасовска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени.

Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања.

Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт.

Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер