Од длабочините на океанот се извадени ситни црни јајца- научниците се шокирале кога ги отвориле (ФОТО) - Канал 5

Од длабочините на океанот се извадени ситни црни јајца- научниците се шокирале кога ги отвориле (ФОТО)

Длабоко под површината на Тихиот Океан, каде што сончевата светлина никогаш не допира и каде што притисокот ги крши дури и најтврдите материјали што ги знаеме, научниците наидоа на нешто што на почетокот немаше јасно објаснување.

Од длабочините на океанот се извадени ситни црни јајца- научниците се шокирале кога ги отвориле (ФОТО)

Од еден од најдлабоките океански ровови на планетата, за време на истражувачка експедиција во 2024 година, беа извлечени мали, необични примероци, а нивната вистинска природа стана јасна дури подоцна, во тишината на лабораторијата, под микроскоп.

Немаа поим за што се работи

За време на истражувањето на Курилско-Камчатскиот ров во северозападниот дел на Тихиот Океан, на неверојатна длабочина од 6.200 метри, научниците пронајдоа необични црни јајца.

Откритието е направено благодарение на д-р Јасунори Кано од Универзитетот во Токио, кој управувал со далечински управуваното возило „Хакухо-мару“, објавува IFL Science.

Кано ги покажа примероците на колега од Универзитетот Хокаидо, кој подоцна стана еден од авторите на научен труд посветен на ова откритие. Како што признаа истражувачите, тие на почетокот немале поим што е тоа.

Невообичаена бела течност

Никогаш порано не виделе нешто слично, и на почетокот претпоставиле дека станува збор за алга или некој друг вид микроскопски организам. Вистината била откриена кога едно од јајцата било исечено и истекла бела течност.

Потоа било ставено под микроскоп, а научниците виделе остатоци од млади сплескани црви (Platyhelminthes) во лушпата!

Во тој момент, истражувачите признаваат дека не биле свесни колку е ретко ова откритие, ниту точно на која група припаѓаат овие организми. Сепак, примероците биле внимателно зачувани и транспортирани во Хокаидо, каде што започнала детална анализа.

Извлечени четири примероци

Истражувачкиот тим успеал да извлече четири целосно зачувани капсули од јајца од примероците. Во едната, бил пронајден црв кој бил специјално зачуван за да може детално да се проучува под микроскоп, додека научниците извлекле генетски материјал од два други примероци за да утврдат точно за кој вид станува збор.

Резултатите биле извонредни - остатоците припаѓале на сплескани црви од подредот Maricola. Ова потврдило дека ова се сплескани црви што живеат најдлабоко, некогаш забележани во светот.

Уште поголемо изненадување беше откритието дека нивниот развој е речиси неразличен од оној на сродните видови кои живеат во многу поплитки и поблаги морски услови.

Истражувањето продолжува

Научниците истакнуваат дека студијата дава први конкретни информации за раните животни фази на сплесканите црви во бездната зона. Сличноста во развојот помеѓу видовите во плитките води и длабокоморските видови сугерира дека најголемите предизвици во адаптацијата на длабочините не биле развојни, туку физиолошки и еколошки.

Со други зборови, овие организми успеале да го одржат истиот основен план за развој, дури и во услови на екстремен притисок, студ и целосен мрак.

Многу други вредни примероци беа собрани и за време на истата експедиција, чија анализа допрва треба да се изврши. Истражувањата ќе продолжат, а длабочините на Пацификот наскоро може да откријат повеќе изненадувања.

Студијата е објавена во престижното научно списание Biology Letters, со што официјално се внесува ова откритие во историјата на науката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер