ЕвропаОд дипломатски извор од ЕУ: Писмото на Мерц до лидерите на ЕУКанал 5 преку дипломатски извори од ЕУ дојде до писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до лидерите на ЕУ.Во делот посветен на земјите од Западен Балкан, Мерц бара привилегиран пристап до Внатрешниот пазар на Европската Унија. • Поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки. • Доделување на статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на ЕУ. • Одржување заеднички седници на Европската комисија или на Европскиот парламент со претставници од Западен Балкан за прашања директно поврзани со регионот. • Постепена интеграција (фазно интегрирање) преку градење на блокови кои би служеле како основа за целосна примена на одредени политики. • Зголемена поддршка во процесот на имплементација на правото на ЕУ (acquis). • Унапредување на институционалната интеграција како награда врз основа на постигнат суштински напредок. Клучна порака: Овие мерки имаат за цел значително да ги приближат земјите од Западен Балкан до ЕУ уште пред формалното членство и да ги поттикнат реформите. Притоа, јасно се нагласува дека крајната цел останува непроменета – полноправно членство во ЕУ согласно критериумите од Копенхаген и Солунската агенда од 2003 година. Во продолжение интегралниот текст од писмото преведено на македонски јазик: „СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА СОЈУЗНИОТ КАНЦЕЛАР Антонио Кошта Претседател на Европскиот совет Никос Христодулидис Претседател на Советот на Европската Унија Урсула фон дер Лајен Претседателка на Европската комисија Драг Антонио, драг Никос, драга Урсула, Берлин, мај 2026 година Проширувањето на Европската Унија е геополитичка неопходност. Меѓутоа, процесот на проширување трае премногу долго. Разбирливо, ова создава фрустрација кај земјите кандидатки – како и кај земјите членки. Поради тоа, убеден сум дека ни е потребна нова динамика како за Украина, така и за Западен Балкан и Молдавија. Дозволете ми да започнам со случајот на Украина: бидејќи веќе сме во петтата година од руската агресорска војна против Украина, мораме брзо да напредуваме со членството на Украина во ЕУ. Украина постигнува значителен напредок во пристапните преговори. А Европската комисија со право ја оценува земјата меѓу водечките во процесите за пристапување во ЕУ. Ова е уште позабележително со оглед на исклучително предизвикувачките околности со кои Украина мора да се справи како земја во војна. Очигледно е со оглед на безбројните пречки, како и политичката комплексност на процесите на ратификација во разни земји членки, дека нема да бидеме во можност набрзо да го завршиме пристапниот процес. Меѓутоа, со оглед на мировниот процес, немаме време за понатамошни одложувања. Сега е време храбро да продолжиме понатаму со ЕУ-интеграцијата на Украина преку иновативни решенија како итни чекори напред. Сакаме Украина да стане полноправна членка на Европската Унија. Затоа треба, веднаш и без одложување, формално да ги отвориме сите преговарачки кластери. Како надоврзување на нашите дискусии, исто така и со претседателот Зеленски на нашиот неформален состанок на Европскиот совет во Кипар, предлагам дополнително да ја разгледаме идејата за она што го нарекувам „придружно членство“ (associate Membership) за Украина – модел кои би значел одлучувачки чекор на патот на Украина кон полноправно членство и би ѝ помогнал на Украина на тој пат. Тоа не би било некакво олеснето членство („membership light“), туку би отишло далеку подалеку од постоечкиот Договор за асоцијација и дополнително би го забрзало пристапниот процес. Мојата идеја е уште отсега да се направи уникатен чекор на директна вклученост на Украина во суштината и структурите на Европската Унија, со оглед на специфичната ситуација во која земјата беше принудена да се најде. Она што го предвидувам е политичко решение кое суштински и веднаш ќе ја приближи Украина до Европската Унија и нејзините клучни институции, без да влијае врз тековните пристапни преговори, туку напротив, ќе го поттикне и поддржи тој процес. За ова нема да биде потребна ратификација на Договорот за пристапување согласно Член 49 од Договорот за Европската Унија, ниту пак какви било измени на Договорот, туку само силен политички договор. Статусот на земја како придружна членка би можел, меѓу другото, да вклучува: • Учество на состаноците на Европскиот совет и на Советот на Европската Унија (без право на учество во гласањето); • Придружен член на Комисијата (без ресор, со целосно учество, освен при гласање); • Придружни членови на Европскиот парламент (без право на глас); • Придружен судија во Европскиот суд на правдата (формално „помошник известувач“) и така натаму. Постапната примена на правото на ЕУ (acquis communautaire) во согласност со напредокот на Украина во пристапните преговори – не автоматски, туку по одобрување од страна на Советот и со соодветни заштитни клаузули. Буџетот на ЕУ (и Повеќегодишната финансиска рамка) не би се применувале веднаш во целост за Украина. Наместо тоа, програмите под директно управување би можеле да се применуваат чекор по чекор, во согласност со напредокот во пристапните преговори и со заштитни клаузули. Целосно усогласување на Украина со Заедничката надворешна и безбедносна политика и политичка посветеност на земјите членки за примена на Член 42 став 7 од Договорот за Европската Унија исто така и во однос на Украина, со цел да се создаде суштинска безбедносна гаранција. Механизам за итно поништување (т.н. snap-back механизам, или алтернативно sunset клаузула) во случај на назадување во фундаменталните вредности на Европската Унија, особено во владеењето на правото, или при структурни чекори наназад во пристапните преговори. Украина е членка на европското семејство и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во градењето на мирна и просперитетна иднина во рамките на Европската Унија. Со овој пристап, Украина би направила огромен чекор напред, доближувајќи се веднаш до полноправното членство. Ние уште сега би ѝ понудиле на Украина суштински еквивалент на членство кој далеку го надминува она што би можеле да го испорачаме на среден рок преку нашата методологија за пристапување, особено имајќи го предвид процесот на ратификација. Паралелно со тоа, би продолжиле со редовната пристапна процедура за да осигуриме дека ќе постигнеме и формално пристапување што е можно побрзо. Како што разговаравме во Кипар, јас сум добро свесен за фактот дека овој предлог ќе покрене одреден број прашања во однос на неговата политичка, техничка и правна изводливост. Но, убеден сум дека сите овие прашања можат да се решат доколку заземеме конструктивен пристап кон овој специјален статус, бидејќи тоа ќе биде силен политички сигнал кој на Украина и на нејзините граѓани толку итно им е потребен во нивната континуирана борба против руската агресија. Дозволете ми исто така многу јасно да истакнам уште една работа: мојот предлог ја рефлектира специфичната ситуација на Украина, земја во војна. Тој ќе помогне да се олеснат тековните мировни преговори како дел од решение за договорен мир. Ова е од суштинско значење не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на целиот континент. Подеднакво јасно ми е дека ова не смее и нема да влијае врз останатите земји кандидатки во нивните пристапни процеси. Всушност, и тие ќе профитираат од успешните мировни преговори и од безбедна и сигурна Украина. И треба да останеме цврсти во нашето ветување дека земјите од Западен Балкан и Молдавија можат да се приклучат на Европската Унија, како што е утврдено во критериумите од Копенхаген и предвидено во Солунската агенда од 2003 година. Нашата цел не е променета: комплетирање на Европската Унија преку внесување на сите земји кандидатки во Унијата. Предлагам да побараме иновативни решенија и за оние земји кандидатки кои веќе долго време се подготвуваат за своето пристапување и да го забрзаме и нивниот пристапен процес. Заедно со колегите ќе продолжам да работам на ова. Би можеле да предвидиме суштински чекори на нивниот пат кон членство и за овие земји, со на пр. привилегиран пристап до Внатрешниот пазар и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на носење одлуки, на пр. преку доделување на статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на ЕУ и со одржување заеднички седници на Европската комисија или Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан поврзани со прашања директно поврзани со регионот. Постепената интеграција би можела да се воспостави преку градење блокови кои би можеле да бидат основа за целосна примена на соодветните области на политиката, а потоа да бидат придружени со зголемена поддршка во процесот на спроведување на acquis. Покрај тоа, ние би можеле да ја подобриме гореспоменатата институционална интеграција врз основа на суштински напредок. Сето ова би можело значително да ги приближи земјите кандидати до нас и со тоа да поттикне нова амбиција за понатамошни реформи потребни за постигнување полноправно членство. Со нетрпение очекувам да ги разгледам овие идеи со вас и меѓу нашите колеги во Европскиот совет. Мојата цел би била наскоро да се постигне договор и да се формира посебна работна група за да се разработат деталите. Убеден сум дека ќе најдеме заеднички пат за Украина, како и за другите кандидати!“Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски. Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните. Заедно за Брвеница и за граѓаните! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаЧетиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор. Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата. Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад. Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот. „Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните. Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад. „Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните. „Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу. За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви. „За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца. Децата биле одгледувани само од нивната мајка Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни. После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата. Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна. „Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните. „Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу. „Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу. Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.Тагови: брат сестра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина Патрик Стјуарт, легендарниот капетан Пикар (ВИДЕО)Патрик Стјуарт, легендарниот капетан Пикард, почина денеска на 87-годишна возраст.Британскиот актер Сер Патрик Стјуарт, почитуван сценски и филмски уметник, е најпознат по своите улоги како капетан Жан-Лук Пикард во ТВ серијата „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ и професор Чарлс Ксавиер во филмовите „X-Men“, објави Телеграф. Стјуарт изгради истакната сценска кариера, приклучувајќи се кон Кралската Шекспирова компанија во 1966 година, пред да стане меѓународна ѕвезда на телевизијата и филмот. Неговото портретирање на Пикард го направи клучна фигура во франшизата „Ѕвездени патеки“, додека неговата улога како професор Х го направи познат на генерации обожаватели на суперхеројски филмови. Кралицата Елизабета II го прогласи за витез во 2010 година за заслуги во драмата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook