Од денеска во Србија повисоки пензии за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик - Канал 5

Од денеска во Србија повисоки пензии за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик

 Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.

Од денеска во Србија повисоки пензии за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик

Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари за зголемување на пензиите не се точни и истакна дека почнувајќи од денеска пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти и дека првите поголеми пензии ќе бидат исплатени пред божиќните празници, односно на 4 или 5 јануари.

Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека оваа година, пензиите ќе бидат зголемени за сите пензионери еден месец порано, односно од декември, наместо од јануари.

„Со претстојното зголемување на пензиите, просечната пензија оваа година ќе биде околу 437 евра, додека просечната пензија во 2026 година ќе достигне 488 евра. Навистина огромна разлика во споредба со 2012 година, кога просечната пензија беше 204 евра“, објави Мали на Инстаграм.

Владата на Србија има за цел просечната пензија да изнесува 650 евра до крајот на 2027 година.

„Секако, покрај зголемувањето на пензиите, ќе има и други зголемувања на приходите на граѓаните, па така платите во јавниот сектор ќе бидат повисоки за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, додека минималната плата ќе се зголеми за 10,1 процент, што ќе надмине 550 евра“, рече Мали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Во 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. 

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот.

Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа.

Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот.

Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен.

„Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“.

По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер