Од денеска тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње - Канал 5

Од денеска тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње

Денеска почнува тридневна жалост во Црна Гора поради страшното злосторство што се случи вчера во Цетиње, а откажани се сите настани на отворено низ целата земја.

Од денеска тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње

Цетиње повторно е обвиено во црно поради масакрот што се случи на 1 јануари 2025 година, во кој се убиени 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години. Пукањето се случило прво во кафеана. Убиецот Ацо Мартиновиќ извршил масакр на три локации и со часови бегал од полицијата, а кога бил опколен се самоубил, објави Телеграф.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост, а вчера беа откажани сите настани и прослави низ целата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродром

Реконструкцијата на охридскиот аеродром се одвива според планираната динамика и се очекува да биде завршена до крајот на летото, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродром

-Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца.

“ Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат.

Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати.

Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”- изјави Николоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Струмичките градинари годинава оставени на цедило. При крајот на масовните берба на доматите се соочуваат со мизерни откупни цени од само 15 денар за килограм.

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Според нив оваа цена ни од далеку не ги покрива трошоците кои ги имаат направено во текот на годината иќе бидат во загуба а за трудот и маката што ги вложиле никој не може да го наплати.

Со години семејството Митеви од Василево живее и опстанува од неколку декари под пластеници. Годинава лошо поминаа со зелката и со компирот па се надеваа дека таа загуба ќе ја надополнат од производството на домати но и таму слобнодниот увоз на зеленчук од Албанија сериозно ги урива цените а со тоа и можноста овие производители на храна да опстанат и да не заминат во некоја фабрика на работа оставајќи ги нивте празни.

Но не само градинарите од струмичко, годинава многу лошо поминаа и производителите на пченица и јачмен. Во време кога драстично се зголемија ценита на ѓубривата и нафтата заради војната на блискиот исток тие имаат откупни цени од 10 денари како од пред 20 години.

Допрва претстои откупот и на грозјето каде иако се објавија пресметките за откупните цени според земјдоелците нема одговор на тоа дали ќе се откупи целото црно грозје и дали годинава ќе се почитуваат овие цени бидејќи лани сепак откупот течеше по цени кои ги диктираа винариите а не оние кои ги донесе државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Немаме направено пресметка за тоа какви би биле цените на горивата од понеделник

По минатонеделниот раст на цените на нафтата на светските берзи – премиерот Хриситјан Мицкоски и денеска, одговарајќи на новинраско прашање рече дека цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај бенизните

Мицкоски: Немаме направено пресметка за тоа какви би биле цените на горивата од понеделник

По минатонеделниот раст на цените на нафтата на светските берзи – премиерот Хриситјан Мицкоски и денеска, одговарајќи на новинраско прашање рече дека цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај бенизните, но не прецизираше точно кога би се донела таквата одлука. Иако вели како Влада немаат направено пресметка за тоа какви би биле цените од понеделник, сепак согласно берзанските движења очекува зголемување и затоа вели како влада вчера ја продолжиле и кризната состојба до 20ти октомври.

Со одлуката се обезедува можност институциите брзо да реагираат при евентуални нагли ценовни скокови на берзите и ублажување на евентуални негативни последици врз буџетот на граѓаните и стопанство, но и, како што посочија од владата, се гарантира континуиран и непречен проток на енергнси во земјава...

-Нафтата и бенизните драматично пораснаа изминатава недела а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со минатата недела ние како влада ја продолживме кризната состојба за уште три месеци, цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од опозициската СДСМ и денеска обвинија дека власта води лоши економски политики. Според партијата платите стагнираат, цените растат, а граѓаните велат едвај врзуваат крај со крај.

„ Платите не го пратат растот на цените на храната и горивата. Куповната моќ на граѓаните е срозена. Корпата со производи во маркет е се попразна - со исти плати, а повисоки цени, може само помалку производи да се купат. Граѓаните чекаат мерки, а Владата на Мицкоски не прави ништо. Новото поскапување на бензините ќе донесе и нови поскапи цени на веќе покачените цени на храната. “- Симона Цветановски – член на ИО на СДСМ.

Во меѓувреме на Блискиот исток ситуацијата и натаму останува тензична откако САД и Иран веќе седми ден разменуваат меѓусебни напади во заливот. Дел од економските аналитичари оценуваат дека доколку ситуацијата продолжи во оваа насока светската економија ќе се соочи со сериозни предизвици, а цената на нафтата во следните две недели би можела да стигне и до 100 долари по барел, додека веќе во септември, оценуваат дека може да има сериозен недостиг во снабдувањето, што ќе го направи проблемот со инфлацијата уште полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер