Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз - Канал 5

Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз

 Од денеска стапува на сила одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за двојно зголемување на царините за индискиот извоз до 50 проценти, објавија британските медиуми.

Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз

Новата казнена царина од дополнителни 25 проценти е воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната царина од 25 проценти.

Најпогодени категории на производи се текстилот, скапоцените камења, накит, обувки, спортска опрема, мебел и хемикалии - при што вкупните царини се меѓу највисоките во трговската политика на САД, споредливи со оние за Бразил и Кина.

Одлуката беше донесена по пет неуспешни рунди преговори.

Индиското Министерство за трговија, повикувајќи се на анонимни извори, објави финансиска поддршка за ранливите извозници и стимулации за проширување на пазарите како што се Кина, Латинска Америка и Блискиот Исток.

Особено изложени на ризик од новите царини се производителите од Гуџарат, матичната држава на индискиот премиер Нарендра Моди.

Привременото ослободување од царини се однесува на стоки кои веќе се испратени во САД пред крајниот рок - до полноќ на 17 септември.

Одредени сектори, исто така, се ослободени, вклучувајќи челик, алуминиум, патнички возила и бакар, кои подлежат на други одредби за национална безбедност.

Според податоците на САД, вкупната трговија на двете земји во 2024 година достигна 129 милијарди долари, а трговскиот дефицит на САД изнесува 45,8 милијарди долари.

Извозниците проценуваат дека зголемените царини би можеле да достигнат 55 проценти од извозот на Индија во САД од 87 милијарди долари, отворајќи ја вратата за конкуренција од Виетнам, Бангладеш и Кина.

И покрај трговската криза, САД и Индија вчера го потврдија продолжувањето на стратешката соработка.

Стејт департментот и Министерството за надворешни работи на Индија објавија дека високи претставници одржале виртуелен состанок и ја изразиле својата посветеност на зајакнување на билатералните односи и партнерството во рамките на Четворката - безбедносниот сојуз на САД, Индија, Австралија и Јапонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинати

Шпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинати

Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници.

Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект.

Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани.

Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година.

Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање

Вториот ребаланс на државниот буџетот денеска на второ читање ќе се расправа во Собранието.

Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање

Согласно предлогот за ребаланс – приходите се планираат на 374,2 милијарда денари додека расходите на 420,5 милијарда денари, што во однос на првиот ребаланс од јули значи дека тие истовремено се намалуваат за по 5,3 милијарда денари. Буџетскиот дефицит би останал непроменет на ниво на 46,3 милијарда денари што претставува 4,1% од БДП-то.

За премиерот Мицкоски, власта води добра економска политика, додека пак, лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, обвинува дека вториот ребаланс на буџетот е како што вели, признание за катастрофалната состојба на буџетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер