Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
1Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
3Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
ЗдравјеОд денеска пријавување за вакцинирање против КОВИД во домашни условиГраѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, од денеска може да закажат вакцинирање во домашни услови.Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација, соопшти Министерството за здравство. Граѓаните може да се јавуваат за вакцинација со домашна посета на броевите: Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен Дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот; Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот; Здравствен Дом Вевчани – 078 436 932 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Велес – 078 222 257 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Виница – 078 217 007 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Гостивар – 071 769 009 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Делчево – 076 487 611 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен Дом Демир Хисар – 075 662 469 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Кичево – 075 613 451 закажување од 08 до 10 часот; Здравствен дом Кратово – 078 321 038 закажување од 08 до 14 часот; Здравствен дом Крива Паланка – 076 311 120 закажување од 09 до 11 часот; Здравствен дом Крушево – 078 315 487 закажување од 12 до 13 часот; Здравствен дом Куманово – 075 239 148 закажување од 08 до 13 часот; Здравствен дом Македонски Брод – 045 274 151 закажување од 10 до 15 часот; Здравствен дом Неготино – 072 270 402 закажување од 09 до 10 часот; Здравствен дом Охрид- 071 366 564 закажување од 12 до 14 часот: Здравствен дом Пехчево – 071 229 354 закажување од 12 до 13 часот; Здравствен дом Прилеп – 078 313 625 закажување од 08 до 12 часот; Здравствен дом Пробиштип – 071 581 719 и 071 366 186 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот; Здравствен дом Ресен – 070 290 017 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен дом Ростуше – 078 241 071 закажување од 09 до 13 часот; Здравствен дом Скопје – 02 3134 629 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен дом Свети Николе – 075 402 365 закажување од 13 до 14:30 часот; Здравствен дом Струга – 077 665 590 , 076 243 403 закажување од 08 до 12 часот; Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот; Здравствен дом Тетово – 078 330 185 закажување од 08 до 15 часот; Здравствен дом Штип – 078 345 273 закажување од 08 до 15 часот; Здравствен дом Македонска Каменица – 075 228 526 закажување од 13 до 14 часот; Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот; Здравствен дом Дебар – 077 978 903 закажување од 09 до 12 часот; Здравствен дом Кавадарци – 072 250 330, 076 218 169 закажување од 08 до 10 часот: Здравствен дом Кочани – 078 811 604 закажување од 13 до 14 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банкаНаместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. „Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ. Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред. “Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБоб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфераПапата Лав го прими американскиот кантаутор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, во Апостолската палата во Ватикан.Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан. Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера. По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One). Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача. Дилан моментално се наоѓа во Рим, каде што утре ќе одржи концерт во „Палацо дело Спорт“ (Palazzo dello Sport), како дел од есенскиот дел на неговата турнеја „Rough and Rowdy Ways“. Предвидени се настапи и во Милано и Болоња, при што на присутните строго им е забрането да снимаат со мобилни телефони. Во јули, папата Франциск цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружани и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disarmed and Disarming: Peace Is a Gift). Изданието е објавено од Издавачката куќа на Ватикан (LEV), а уредник е новинарот Алесандро Банфи. Во предговорот, Папата издвои стихови од песната на Дилан „Go Away You Bomb“ („Оди си, бомбо“), во која бомбата е опишана како производ на човечки раце. Тој ги искористи овие стихови за да предупреди на глобалната трка во вооружување и заканата што ја претставуваат нуклеарното оружје. Дилан ја напишал песната во 1963 година, во период на големи тензии за време на Студената војна. Таа никогаш не била официјално снимена или објавена на некој албум, а оригиналниот ракопис стана познат за јавноста дури во 2013 година. Ова не е прва средба на познатиот музичар со поглаварот на Католичката црква. Во 1997 година, Дилан настапи на 23-тиот Национален евхаристиски конгрес во Болоња, пред папата Јован Павле II и околу 300.000 млади луѓе.Тагови: папата Лав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter