Од денеска почнуваат консултациите за двотретинска поддршка на уставните измени

Премиерот Заев  од денеска ги почнува консултациите со ВМРО ДПМНЕ за обезбедување на двотретинско мнозинство

Во Собранието за уставните измени кое ако не се обезбеди ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски во синоќешен телевизиски настап рече дека ВМРО ДПМНЕ е за предвремени избори но само ако се организираат според пржинскиот модел односно 100 дена пред избори техничка влада да ги организира истите а во која би имало и претставници од опозицијата.

Барселона со нов план за справување со финансиските проблеми

Раководството на Барселона продолжува да се бори со финансиските проблеми на клубот и покрај тоа што потпиша договор за период од 14 години со „Најк“, кој на Каталонците ќе им донесе импресивни 1,7 милијарди евра.

Според локалниот печат, клубот се уште не го гарантирал пријавувањето на Дани Олмо и Пау Виктор, кои добија привремени дозволи на почетокот на сезоната. Тогаш Каталонците го искористија правилото кое дозволува пријавување на нови играчи во случај на сериозна повреда на некој од актуелните на списокот, кој ќе го извади од теренот повеќе од четири месеци.

Сепак, Барса е блиску до влез во фамозното правило 1:1, што се очекуваше да се случи веќе во текот на летото, а тоа ќе стане возможно по активирањето на уште еден финансиски лост од страна на клубот. Овој пат Каталонците ќе додадат уште 200 милиони евра со продажба на ВИП места во реновираниот објект во следните 10 години. Токму овој приход сега ќе ги додаде потребните средства, што ќе придонесе многу за да се намали финансискиот притисок и да се вклучат двајцата фудбалери на листата на пријавени за настапи.

Медиумите во Шпанија пренесуваат и дека сега Барселона ќе има поголема слобода во планирањето на селекцијата и обидот да привлече нови играчи. Сепак, не се очекуваат поголеми зделки во јануари.

Лидерот на сириските бунтовници: Режимот на Ал Асад е „мртов“

Лидерот на сириската бунтовничка алијанса, Абу Мохамед ал-Џулани, изјави дека нивната цел е да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад и да формираат нова влада.

-Режимот што Иранците и Русите се обидоа да го оживеат е мртов, рече Ал-Џулани за Си-Ен-Ен.

Ал-Џулани рече дека планира да воспостави систем на владеење во Сирија заснован на институции, а не систем во кој еден владетел носи, како што рече, произволни одлуки.

Ал-Џулани е водач на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која водеше ненадејна офанзива против силите на Ал Асад минатата недела, што повторно ја разгоре сириската граѓанска војна по години ќор-сокак.

Бунтовничката алијанса оттогаш ја презеде контролата врз Алепо, вториот по големина град во земјата. Покрај повеќе од 200 села и позиции, неодамна ја зазедоа и Хама.

Следна цел е Хомс, кој се наоѓа на околу 40 километри јужно. Тој е трет по големина град во земјата и важен центар на патот кон Дамаск, брегот на Средоземното Море и Либан.

Мицкоски: Работодавачите и работниците треба да се усогласат околу минималната плата

Владата ќе прифати тоа што ќе договорат.

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да се усогласат околу параметрите, меѓу кои е и минималната плата. Владата е во поразлична позиција. Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат, рече денеска премиерот Христија Мицкоски.

Владата, напомена Мицкоски на прес-конференција, е тука да фасилитира, а не да одлучува.

-Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени средства за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и образованоето.

Пред почетокот на седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека остануваат на барањето за минимална плата од најмалку 450 евра, како и за зголемување на платите во јавниот сектор. Трендафилов изрази и очекување дека „останатите социјални партнери“ ќе ги прифатат овие барања.

-Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Согласно буџетските проекции кои ССМ можеше да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, нагласи Трендафилов.

притисни ентер