3Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
МакедонијаОд денеска почнува рокот за пријавување кандидати за советници во Општина ТетовоОд денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово.Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите е 15 јули, кога е всушност крајниот рок за доставување на листи на кандидати на сите политички партии или независни листи на кандидати преку собирање на потписи. Во врска со изборите во општините Маврово и Центар Жупа, од ДИК уште еднаш потсетија дека уште трае јавниот увид. -Увидот е започнат е на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа, додаде Кондарко на денешната седница. Претходно, на владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба. Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности на 21 јуни распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКинески тајкун осуден на доживотен затворКинески тајкун во секторот недвижности осуден на доживотен затвор.Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“ – компанија што претставува симбол на кризата во секторот недвижности која сè уште ја оптоварува националната економија – на доживотен затвор, а на самата групација и на нејзиниот оддел за недвижности им изрече парична казна од приближно две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, користејќи го бранот на повеќедецениска брза урбанизација и растечки животен стандард низ земјата. Заострувањето на кредитните услови, со цел да се ограничи прекумерното задолжување, доведе до неможност на компанијата да ги подмири своите обврски во 2021 година. Пропаѓањето на „Евергранде“ и на други компании од секторот, заедно со тековната криза на пазарот на недвижности, продолжува да го кочи растот, чија движечка сила тие долго време беа. На групацијата „Евергранде“ и на нејзината подружница за недвижности им беше изречена вкупна парична казна од 15,82 милијарди јуани (2 милијарди евра). 🚨 Evergrande founder Hui Ka Yan has been sentenced to life in prison. A Shenzhen court on Thursday convicted the property tycoon of multiple crimes, including fundraising fraud, securities fraud and bribery, following large-scale financial fraud between 2016 and 2021. Hui was… pic.twitter.com/GkMLd5FiUn — Jiemian News (@jiemian_news) August 20, 2026 Основачот Сју Џијајин е осуден на доживотен затвор поради „тешка финансиска измама“. Исто така, тој е доживотно лишен од политичките права, а целиот негов личен имот беше конфискуван, соопшти судот во Шенжен преку платформата „Вичет“ (WeChat). „Групацијата ’Евергранде‘ (Evergrande Group) е казнета со 8,82 милијарди јуани (1,12 милијарди евра), а компанијата ’Евергранде рил естејт‘ (Evergrande Real Estate) со 7 милијарди јуани (890 милиони евра)“, наведе судот. Во периодот од 2016 до 2021 година, „Евергранде“ и Сју Џијајин „го прекршиле националниот закон преку вршење континуирана финансиска измама од големи размери, како и други активности насочени кон вештачко зголемување на вредноста на имотот и прикривање на обврските“, појасни судот. Судот додаде дека обвинетите користеле поткуп за да „стекнат контрола врз финансиски институции“, без притоа да ги именува вклучените институции. Според судот, уште петмина високи функционери на групацијата „Евергранде“ беа осудени на затворски казни во траење од 6 до 18 години по различни обвиненија.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Меси посвети гол на неговиот татко Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2. В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување. Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута. Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство. Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот. По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter