МакедонијаОд денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците Почна примената на владината мерка училишна кошничка.Почна примената на владината мерка училишна кошничка - ранците, тетратките, блоковите, колажи, моливи, пенкала, боички, фломастери, острилки, гуми, футроли, лепила, папки, дигитрони, односно сите неопходни материјали за почетокот на новата учебна година од денеска во книжарниците се продаваат со попуст. По објавувањето на одуката во службен весник, министерот за економија Бесар Дурмиши вели трговицте ќе имаат неколку дена да се прилагодат и да ги променат цените, од понеделник стартуваат контролите. Доколку ДПИ утврди непочитување или злоупотреба на одлуката ќе има соодветни казни... „Mерката е донесена на седница на влада и заедно со ДПИ ќе излеземе ќе ги контролираме сите книжари и сите маркети трговци кои продаваат овој вид на производи. Таму каде што ќе видиме дека не се почитува мерката или се злоупотребува нормално дека во рамки на законот ДПИ ќе постапува....“ - Бесар Дурмиши – министер за економија. Со мерката, која ќе важи до крајот на месец септември, трговците не големо се задолжени цените на училишниот прибор да ги намалат најмалку 10, додека пак, оние на мало се задолжени да обезбедат попуст од најмалку 15 проценти. - Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето. Во септември засилени контроли Друмиши најави и кај цените на храната. Растот на цената на горивата очекува да влијае и на другите цени но засега вели инфлацијата е стабилна и два месеци по ред имаме намалување на цените на храната. Доколку, инспекторите забележат девијантно однесување, вели како надлежно министерство веднаш ќе реагираат. „Сега за сега стабилна е ситуацијата, ја мониторираме, ако се зголемуваат цените без економска оправданост од страна на трговците, како што сме постапиле и во минатото ќе постатиме и сега. Ние ја гледма ебруто профитанта маржа на трговцеот поради тоа што ако на берза се зголемува цената на нафта тоа ќе влијае и кај другите цени и ние со ДПИ правиме контроли на целиот синџир... “- Бесар Дурмиши – министер за економија. На брифингот со новинарите Дурмиши рече дека во периодот кој следи можни се и измени во законот за нефер трговски практики, а зборуваше и за минималната плата – прашање кое рече дека во наредниот период ќе се отвори во рамки на ЕСС, бидејќи вели сите индикатори досега покажуваат дека таа во март повтроно ќе се згоелми, но исто така рече дека како институција се отворени за разговори и за смена на формулата за пресметка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЗоран Доревски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина? Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите? Можеа ли службите да го превенираат настанот? Што се случува во пост-атентаторска Македонија? Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ТехнологијаНеверојатна фотографија од Марс- роверот на НАСА го сними моментот на изгрејсонце НАСА објави прекрасна слика од зората на Марс направена од нејзиниот ровер „Кјуриосити“. Прекрасната слика од Црвената планета покажува сончева светлина што ги осветлува карпестите врвови формирани пред милијарди години, додека роверот со големина на автомобил продолжува со своето истражување на Марс, објави Psych.org. Роверот „Кјуриосити“ слета на Марс во 2012 година во кратерот Гејл во близина на екваторот на Марс и се искачува на планината Шарп, планина висока 3,1 милји (5 км) што се издига од дното на кратерот, од 2014 година, објави Ројтерс. Сликата е направена околу еден час по изгрејсонцето со неговата камера „Масткам“ и прикажува карпи и гребени разнесени од ветерот во далечината. - Светлите карпести врвови во далечината се од карпест слој што изгледа сосема поинаку од кој било друг слој низ кој роверот некогаш поминал. „Мислиме дека некогаш бил составен од седимент донесен од ветерот, можеби песок, или дури и пепел што бил фрлен во кратерот од блиската вулканска активност“, рече Ашвин Васавада, научник во Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА, кој е одговорен за мисијата Кјуриосити. Откако седиментот се претворил во карпа, ветерот во текот на милиони години го обликувал површинскиот слој во гребени познати како јарданзи. Се смета дека овој слој се формирал пред околу три милијарди години и се протега околу 16 километри по северозападната страна на планината Шарп. Васавада рече дека слојот веројатно не е дел од континуирана серија слоеви што го сочинуваат планината Шарп, туку се формирал подоцна, над геолошки дисконтинуитет, период во кој претходните слоеви еродирале пред да се наталожат нови врз нив. Роверот се искачил повеќе од еден километар (3,2 милји) во висина за време на постепеното искачување, највисоката надморска височина што некогаш ја достигнал ровер на Марс, соопшти НАСА. Планината Шарп е составена од слоеви карпи што зачувуваат траги од различни периоди во геолошката историја на Марс. Со проучување на овие слоеви, научниците дознале повеќе за езерата и потоците што некогаш го покривале овој дел од планетата, кога Марс бил потопол и повлажен отколку што е денес. НАСА се надева дека ќе стигне до слојот Јарданза во 2027 или 2028 година, кога нејзините инструменти детално ќе го проучат неговиот геолошки состав. Роверот „Кјуриосити“ ја проучува геологијата и климата на Марс и се обидува да утврди дали планетата некогаш имала услови погодни за микроорганизми. Тој е еден од двата ровери на НАСА што моментално го истражуваат Марс, додека роверот „Персеверанс“ се движи по работ на кратерот на езерото на северната хемисфера. Васавада го опиша новиот материјал како глетка што го потсети на патување низ Долината на спомениците во американската држава Аризона, но истакна дека портокаловото небо и синкавите нијанси на изгрејсонцето јасно укажуваат дека тоа е Марс.Тагови: марс НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 годинаВладата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година. Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата. Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво. Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски. Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08