Од денеска функционерите ќе добиваат енормно повисоки плати - Канал 5

Од денеска функционерите ќе добиваат енормно повисоки плати

И покрај бурните реакции во јавноста, ништо не навестува дека функционерите набрзо преку законско решение ќе си ги намалат платите кои, од денеска на нивните сметки ќе бидат повисоки за дури 78 проценти.

Од денеска функционерите ќе добиваат енормно повисоки плати

Од Владата до овој момент не добивме одговори кога новиот закон за плати во јавниот сектор, со кој меѓудругите, треба да се регулираат и коефициентите на платите на функционерите, ќе биде испратен до Собрание, а нема ниту некакви најави за ад-хок измени на постоечкиот закон за плати на функциионерите, со кој би се намалиле коефициентите, како што беше најавено од некои министри.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека се уште не ја зел априлската покачена плата, а тие немале влијание на одлуката на Уставниот суд.

Првичната верзија на новиот закон за плати во јавниот сектор, Владата го прикачи на ЕНЕР уште во декември, но оттогаш иако помина 5 месеци, тој се уште не се најде ниту пред министрите, а камоли во Собрание.

Таму, опозицијата исто така не планира некаква иницијатива за законски измени, но велат ќе чекаат власта да го поднесе предлогот за регулирање на платите, а тие ќе го поддржат.

Кога ветуваниот закон ќе се донесе нема конкретен одговор и од СДСМ. Ако опозицијата нема трпение од таму и фрлија ракавица да поднесат нивно законско решение кое власта ќе го поддржи, без никакви заддршки.

Како што соопшти Владата се работи на системско решение затоа што само системско решение за сите плати во земјата е соодветен одговор на Одлуката на Уставниот суд. Се друго е гол популизам. Ако има ВМРО-ДПМНЕ друг предлог како побрзо да се направи тоа, имајќи предвид дека има над 40 градоначалници кои земаат поголеми плати, ја повикуваме веднаш да поднесат предлог Закон во Собранието, СДСМ најавува дека бланко ќе го прифати, изјавија од СДСМ.

Инаку, предложениот нов закон предвидува да се стави ред на сите плати од државата, но колкави би биле функционерските сепак не е познато, бидејќи тоа прашање е оставено дополнително да биде уредено од Владата.

Она што е извесно е дека до измените, според новите пресметки собранискиот спикер Џафери ќе биде политичарот со највисока плата од 166 илјади денари, а покачување од околу 1.000 евра ќе имаат и сите позначајни владини и државни функционери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него

Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него

Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДС се распаѓа под негово водство.

Веќе некое време, поранешни функционери на СДС се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДС да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт.

Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него.

По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани.

Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДС, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Светски ден на беснило - 28 септември

АХВ: Светски ден на беснило - 28 септември

Овогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните.

На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата.

Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање.

За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата.

Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.09.2026 до 25.09.2026 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер