Од денес кризна состојба во целата држава поради опасност од пожари - Канал 5

Од денес кризна состојба во целата држава поради опасност од пожари

Македонија навлегува во екстремен топлотен бран. 

Од денес кризна состојба во целата држава поради опасност од пожари

Согласно прогнозите на УХМР и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, активирана е портокаловата фаза поради појава на топлотен бран. Владата прогласи кризната состојба на целата територија на Македонија која стапува на сила денеска поради зголемената опасност од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката важи 30 дена, почнувајќи од 1. август, и треба да овозможи побрза мобилизација на човечките, техничките и институционалните капацитети.

„Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Владата.

Македонија е зафатена од сериозен топлотен бран кој носи екстремни температури уште од почетокот на август 2026 година. Tемпературите во Македонија во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени, а топлото време ќе се задржи до петок. Пикот на топлотниот бран се очекува во среда и четврток но метеолозите укажуваат дека нема опасност од нестабилност и невреме бидејки иако има зголемена енергија сепак воздухот е доста сув што оди во прилог кон летна горештина без невреме.

Поради високите температури, здравствените вчасти препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот , да внесуваат доволно течности и да преземат мерки за заштита од топлината, да се избегнуваат тешки физички активности, да се престојува во килматизирани простории да носат светла и лесна облека, заштитни очила и капи. Ова се и укажувањата и од докторите од брзата помош кои се најмногу на удар во ваквите топлотни бранови кои предизвикауваат и доста колабирања особено кај повозрасните и хронично болните.

Агенцијата за храна и ветеринарство исто така излезе со предупредувања за зголемен ризик од труење со храна поради високите температури, препорачувајќи внимателност при набавката, транспортот и чувањето на лесно расипливите производи од животинско потекло.

Инаку во рамки на кризната состојба која стапува на сила се активира постојано заседавање на главниот штаб при центарот за управување со кризи за превенција од пожари кој ќе може да го координира делување на полицијата, противпожарните служби и Армијата. Од граѓаните се бара максимална дисциплина бидејќи високите температури и исушената вегетација создаваат средина во која секоја искра може брзо да прерасне во катастрофален пожар, нешто што во седна грција во делови близу атина веќе зема драматични димензии со евакуриање на населени. Пожар е забележан и во соседна Бугарија на Пирин планина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан откри зошто често ја запира полицијата (ВИДЕО)

Ким Кардашијан откри дека полицијата ја запрела „безброј пати“ поради пребрзо возење и непочитување на знак за стоп. 

Ким Кардашијан откри зошто често ја запира полицијата (ВИДЕО)

Признанието дојде за време на разговор со колешките Сара Полсон, Наоми Вотс и Ниси Неш-Бетс на прес-турнејата за втората сезона на „All's Fair“ во Лос Анџелес.

Разговор за навиките за возење

Во видео објавено на TikTok, актерките разговараа за нивните навики за возење зад сцената. Сè започна кога Наоми Вотс спомена дека сонувала дека добила казна за пребрзо возење. На тоа, Сара Полсон изјави дека никогаш не била запрена од полицијата. „Никогаш? Никогаш не си била запрена?“ праша Кардашијан, а Ниси Неш-Бетс додаде: „Значи, дали воопшто возиш?“

@kimkardashian ALL’S FAIR S2 PRESS TOUR: LA #AllsFair ♬ original sound - Kim Kardashian

Откако Полсон потврди дека вози, Кардашијан го призна сопствениот прекршок. „О, ме запреле толку многу пати“, рече таа. Полсон се прашуваше зошто. „Возејќи брзо. Или, да речеме, поминувајќи низ знак за стоп“, објасни Кардашијан, појаснувајќи дека мислела на забавување наместо целосно запирање.

Потоа Ватс призна дека и таа била запрена, на што Полсон шегувајќи се рече: „Се обложувам дека си лош возач, нели?“ Ватс ѝ возврати: „Е*и се! Не сум лош возач. Возам навистина добро и ги почитувам правилата.“

Претходни прекршоци

Возачките навики на Ким Кардашијан и претходно беа предмет на медиумско известување. Во ноември 2013 година, таа доби казна за пребрзо возење на автопатот 101 во Лос Анџелес, а потоа беше следена од папараците. „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека сообраќајната полиција снимила најмалку тројца фотографи како возат помеѓу 130 и 135 км/ч.

Неколку месеци претходно, TMZ објави дека таа била запрена во Калабасас затоа што имала затемнети стакла, но потоа се извлекла само со предупредување.

Во ноември 2024 година, полицијата ја запрела додека возела во Малибу. Полицаецот ѝ наредил да го отстрани филмот од шофершајбната бидејќи било премногу темно.

Возење во семејството Кардашијан

Во рамките на семејството, Ким не е позната како најлош возач. Во епизодата од 15 октомври на „Кардашијан“, Кортни Кардашијан беше прогласена за најлоша. „Таа не вози добро“, рече Ким за нејзината постара сестра, според People. „Мислам дека е премногу опуштена и не обрнува внимание на патот“.

Клое Кардашијан имаше средба со полицијата дури и пред да го положи возачкиот испит. Во нејзиниот подкаст од март 2025 година, таа раскажа како била запрена од полицијата на 15-годишна возраст додека го возела теренецот на Кејтлин Џенер. Кога ја прашале за нејзината лична карта, таа се обидела да се идентификува со името на Кортни и датумот на раѓање на Ким. „Секако, веднаш рекоа: „Лажеш, излези од колата“, рече таа.

Втората сезона од „All's Fair“ започнува да се емитува на Hulu на 4 ноември. Првата сезона имаше 3,2 милиони прегледи во првите три дена, што, и покрај негативните критики, беше најуспешниот почеток на серија игри на таа платформа во последните три години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Се испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. 

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Новинар: Премиере, во првата изјава што ја дадовте рековте дека очекувате силни и значајни пораки да бидат испратени на денешниот самит. Дали состанокот ги исполни вашите очекувања?

Христијан Мицкоски: Па, генерално, да. Се испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Исто така, можам да кажам дека и од останатите присутни на самиот работен дел од состанокот беше потврдена желбата, иницијативата, но и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу.

Она коешто за нас како држава претставува важност е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за реформската агенда, дека буквално сѐ што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме. Очекувам – тоа и го кажав во работниот дел – очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори. Исто така, истакнав дека постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправното членство во рамките на Европската Унија.

Остварив неколку билатерални средби, разговарав со соговорниците за состојбата кај нас. Но, исто така она коешто морам да го кажам, а не можам да го исклучам од генералниот тек на оперативниот, односно на работниот дел од самиот самит, е предизвикот којшто денеска се случува насекаде во светот – посебно, би рекол, историската енергетска криза којашто во многу нешта влијае денеска да ни се случуваат немири во неколку главни градови во Европа, па и кај нас во регионот, но исто така и војната во Украина. Практично живееме во атмосфера на тивка Трета светска војна којашто ќе донесе големи предизвици врз човештвото. Она коешто беше кажано од страна на неколку од соговорниците коишто имаат, би рекол условно кажано, можеби повеќе информации од тоа што јас го имам, а тоа се високи претставници на самата Европска Унија, е дека следните две години ќе бидат исклучително, исклучително предизвикувачки и тешки и треба да се води многу внимателна грижа за она што подразбира трошење, но и за она што подразбира државна одговорност.

Новинар: Уставните измени и натаму остануваат пречка за отпочнување на преговорите. Прво министерот Муцунски, потоа и вие ја потегнавте идејата за трето столче на преговарачката маса со Бугарија. Има ли шанси за дијалог во скоро време и што велат европските партнери, можат ли да помогнат некако во тој процес?

Христијан Мицкоски: Уставните измени секогаш нас ќе нѐ потсетуваат на капитулантската политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, односно на тоа што тие го прифатија. И понекогаш се чудам кога ќе слушнам високи функционери од поранешната влада, посебно од СДСМ, коишто велат: „Добро, ние бевме влада, сега вие сте влада, до каде сте со европската интеграција и европскиот процес?“.

Вие бевте влада, ни оставивте товар тежок еден тон на грбот којшто ние треба сега да го носиме и да го исправаме, и тие очекуваат дека ние преку ноќ тоа што со децении било создавано, а тие го распродадоа, преку ноќ ќе го исправиме и ќе го вратиме во некој нормален тек. Тоа така не оди, треба време.

Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата за македонските национални интереси, но исто така нема да отстапиме ниту од нашата стратешка цел да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме. И за таа цел, за да ги видиме вистинските намери и цели на сите стекхолдери во процесот, ние велиме: добро, предуслов за сѐ, дури и утре да се случи промена на Уставот, е ајде најпрвин да го договориме акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји-членки јасно велат дека немаат проблем, а една земја-членка вели дека има проблем. Ајде ние со таа земја-членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји-членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како Влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како Влада да го испорачаме. Бидејќи овој документ, акцискиот план за малцинствата, е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори.

Така што ги отфрлам сите оние тези од опозицијата: „Добро, тие не се сега власт, ние сме“. Да, точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте и ја пониживте државата што ние во овие два-три-четири месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да, повративме дел од тоа, повраќаме, се бориме, жилави сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но сѐ тоа што тие го распродадоа, испокрадоа и уништија, ние за жал во овие два-три-четири месеци не можеме да го надоместиме. Но, она коешто за нас е цел – а тоа е она коешто го повторувам многу пати во моите изјави досега – е дека денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години, и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат, се наведува во соопштението од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.

Силно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата.

Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс.

75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа.

Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии.

Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер