Од декември поскапо парно: Зголемување од 5,9 проценти - Канал 5

Од декември поскапо парно: Зголемување од 5,9 проценти

Од 1 декември за 5.9 % повисоки сметки за парно ќе добијат најголем дел од потрошувачите или околу 63 илјади домаќинства кои се снабдуваат преку ЕСМ дистрибуција, за 7.6% поскапува и цената за потрошувачите на ЕСМ енергетика и за 7.7% за Скопје Севе

Од декември поскапо парно: Зголемување од 5,9 проценти

Па така според пресметките просечна сметка од 2200 денари ќе се зголеми за 130 денари. Од регулаторна појаснуваат дека компаниите барале многу поголемо зголемување но голем дел од трошоците не им биле прифатени. Првиот регулатор, Марко Бислимовски вели од стартот на грејната сезона до сега имаат околу 27 500 поплаки од граѓани - дистрибутивната мрежа е во лоша состојба и мора да се реконструира, а токму тоа е и причината за растот на цената…

„ЕСМ дистрибуција за топлинска енергија во селдниот период ќе превземе и активности во однос на подлабинско скенирање во делови на мрежата каде имаме подблабински проблеми. Уште еднаш сакам да потенцирам дека единствена причина за згоелмувањето на цената е потребата да се инвестира во оваа дистрибутива мрежа...“ - Марко Бислимовски РКЕ.

Во меѓувреме граѓаните ги чекаат и пресметки на надлежните за новата цена на струјата, која ќе ја плаќаат од 1ви јануари, за што Бислимовски вели не очекува драстични промени во цената за домаќинствата.

„Во текот на следната недела ние како Регулаторна ќе донесеме одлуки за пренос, дистрибуција и цена за операторот на пазарот за струја. По носење на овие одлуки кои потенцирам дека во никој случај нема да се згоелмат, ЕВН хоме како универзален снабдувач ќе направи пресметка и ќе ја достави на увид до РКЕ. “- Марко Бислимовски РКЕ.

Инаку вчера на тендерот на универзалниот снабдувач, ЕВН Хоме, за следната 2026 година имаше само една понуда и тоа од АД ЕСМ, кои понудија за 3 евра или речиси 5 % повисока купопродажна цена на струјата, која ќе изнесува 65 евра за мегават час.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! 

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST.

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови.

Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)

Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија  (ВИДЕО)

Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“.

„Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични.

YouTube video

Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило.

На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред.

Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето.

„Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер