Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат
1Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
КултураОд четврток почнува „Карпошово културно лето“Од четврток на 20 август започнува Карпошово културно лето, под слоганот „овој август Карпош станува сцена“.На манифестацијата која ќе трае десет дена ќе настапат македонски естрадни уметници, а организаторите денеска најавија забава за сечија возраст и стил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканМарта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваатЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, во понеделникот во Брисел се сретнала со четворица претставници на Студентската листа од Србија. Ова е прв контакт на движењето со високи претставници на Европската Унија по изборната победа во Србија, а разговорите биле насочени кон демократијата и внатрешните политички прашања во земјата, пренесуваат српските медиуми. Претставниците на Студентската листа оваа недела го одржале својот прв состанок на високо ниво во Брисел, но во фокусот не било подобрувањето на односите со ЕУ, туку внатрешната состојба во Србија. Можеби ќе ве интересира: ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија – Србија има шанса за нов почеток. Новата Влада на Србија има можност да сврти нова страница, да ги зајакне демократските институции и основните права и да ги преземе неопходните чекори за напредок на патот кон пристапувањето на Србија во ЕУ – изјавила Марта Кос во средата пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Состанокот се одржал во периодот кога Европската комисија го финализирала извештајот Кос потврдила дека претходно оваа недела се сретнала со претставниците на Студентската листа, во периодот кога Европската комисија ја завршувала годишната проценка на земјите кандидати за членство во ЕУ. Извештајот укажува на негативни трендови во областа на основните права и присуство на антиевропска реторика. Сепак, периодот опфатен со извештајот завршил пред изборите, поради што нивните резултати не се земени предвид. – Се сретнав со претставници на Студентската листа. Разговаравме за многу работи, меѓу другото и за тоа како тие ја гледаат примарната улога на Србија во повторното воспоставување на демократијата во земјата – рекла Кос. Можеби ќе ве интересира: Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје Состанокот бил одржан во понеделникот попладне во Брисел, на покана на Марта Кос. На него присуствувале четворица претставници на Студентската листа, кои ѝ соопштиле на еврокомесарката дека нивниот приоритет е обновување на владеењето на правото и демократијата во Србија – заради европската иднина, но пред сè заради сопствените граѓани. – Тие во Србија го сакаат истото што Европската Унија го бара од Србија, а тоа значи борба против корупцијата, слободни и независни медиуми, слободно и независно судство, добрососедски односи и, секако, стратешко усогласување со Европската Унија. Подготвени сме да ѝ помогнеме на новата влада да ги спроведе сите неопходни реформи – додала Кос. Разговорот бил фокусиран на внатрешните прашања, наместо на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи нерегуларностите на повеќе избирачки места го одложуваат финализирањето на изборните резултати, а со тоа и формирањето на новата влада. Студентската листа сè уште треба да ги разјасни своето раководство и плановите за идната влада, поради што делегацијата настапила како група. Европската комисија, според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, одбила да потврди кои лица учествувале на состанокот. Ова е прв разговор на претставници на Студентската листа на високо ниво со функционер на Европската Унија. Според објавениот распоред на состаноци на Европската комисија, тие истиот ден немале средба со ниту еден друг еврокомесар. Извор: БлицТагови: Марта Кос Студентска листа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз МакедонијаЗалудни се фалбите за наводни успеси и „рекорден економски раст“, Европската комисија денес повторно со шлаканица од Брисел нѐ соочи со суровата реалност: напредок нема!Повеќе од 30 пати во најновиот извештај за напредокот на Македонија се повторува констатацијата дека „нема напредок“. Нема напредок во борбата против корупцијата, нема напредок во изборните реформи, нема напредок во степенот на слобода на медиумите, нема напредок во јавните набавки и нема напредок во евроинтеграциите. При презентација на извештаите за напредокот за кандидатите за ЕУ, еврокомесарката за проширување Марта Кос за Македонија ги наведе уставните измени како неопходен чекор во евроинтегративниот процес и дека без тоа, нема да има напредок. ЛДП уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од дипломатскиот лавиринт преку носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули. Овие решенија веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои и ден денес лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција. Ова е можност за Владата наместо да ја држи државата во заложништво на дневнополитички калкулации, да покаже политичка храброст и да преземе одговорност пред гласачите! Секако, на крајот од денот, одговорност ќе мора да има. Македонија не е и не смее да биде држава во која единствен континуитет ќе биде континуитетот на неуспесите и пропуштените шанси!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВембањама со импесивни бројки против ДаласНеверојатниот Французин најавува доминација во НБА.Натпреварот на Виктор Вембањама против Далас Маверикс дефинитивно спаѓа во „друга“ категорија. Виктор Вембањама повторно ги помести границите на возможното и приреди кошаркарски спектакл за кој зборува цела НБА лига! Французинот одигра незаборавен натпревар, предводејќи го Сан Антонио до победа од 112:111 над Далас, а неговиот учинок изгледа речиси нереално – 52 поени, 24 скока и осум блокади! И додека кошаркарската јавност му се восхитува на неговиот историски настап, Вембањама по натпреварот изјави нешто што би можело да ги загрижи сите негови идни ривали. Имено, тој смета дека не покажал ни приближно колку што навистина може! „Можам и подобро. Шутот денес не ме служеше, па морав да играм на начин што многу ме исцрпува. Можам да го правам тоа, доказот е пред вас. Но, можам да бидам многу подобар кога шутот ќе ме служи. Знам дека е само прашање на време“, изјави францускиот центар. Педесет и два поени, 24 скока и осум блокади не се само импресивни бројки. Тие се доказ за физичка супериорност, технички квалитет, кошаркарска интелигенција и способност да се влијае врз секој сегмент од играта. Против Далас Маверикс, Вембањама покажа зошто веќе се зборува за него како за потенцијално еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА. Неверојатниот Вемби против Далас, покажа колку е тешко да се подготви одбрана за играч кој може да постигнува поени на толку многу различни начини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter