Од автомобилот направил дом и живее во него – Еве како оди во тоалет и одржува хигиена! (видео) - Канал 5

Од автомобилот направил дом и живее во него – Еве како оди во тоалет и одржува хигиена! (видео)

Во потрагата по авантура, сè повеќе луѓе се одлучуваат за поинаков начин на живот. Наместо да живеат во топол дом, тие се одлучуваат за номадски начин на живот, па живеат во прилагодени камп приколки или адаптирани комбиња.

Од автомобилот направил дом и живее во него – Еве како оди во тоалет и одржува хигиена! (видео)

Еден од нив е Алекс Хараус, кој избрал живот на тркала.

Тој својот автомобил субару го претворил во тесен, но интересен дом. За да го оствари својот сон, му помогнале пријателите, со чија помош успеал автомобилот да го претвори во дом.

Во возилото вградил специјална опрема, а сепак има место за четворица патници.

Иако Алекс во своето видео на Јутуб ги објаснува карактеристиките и дизајнот на возилото, сите се прашуваа едно - како оди во тоалет?

Алекс Хараус им објаснил на своите придружници дека се снаоѓа на малку чуден начин и дека во тоа му помага лопатата. Така овој инфлуенсер се ослободува од непотребниот отпад.

- Лопатата е со големина до 20 cm. Изгледа грубо, но само сетете се дека имате тоалет со преубав поглед на природата или сте осамени со мирисот на борова шума – изјавил тој.

Овој инфлуенсер својата лопата ја чува на кровниот носач, каде што се наоѓа и резервната гума, столчиња на расклопување, масичка и ролетни што самиот ги направил заради приватност. Во автомобилот тој има комода, библиотека, како и полици и кујнски фиоки.

Има и кревет за едно лице како и соларни панели кои му помагаат за напојување на уредите со електрична енергија. Задниот дел од креветот може да се преклопи и тој простор магично се претвора во мала канцеларија на местото на задното седиште. Второто задно седиште е спуштено и на тоа место има комода и фрижидер.

Алекс има и кујна на расклопување со шпорет на гас, и ја користи кога автомобилот е паркиран, пишува британски Сан.

Основните работи ги чува во комодата што ја направил со помош на пријателите. Авантуристот се капе во реки и езера, вода зема со кофа и така ги мие лицето и косата.

Неговите придружници беа воодушевени од неговата посветеност и од неговиот начин на живот.

-Навистина ме натера да се обидам да живеам на пат. Знам дека не е за секого, но... разбирам.

- Колку убав начин на живот, апсолутно сум за ова и многупати сум размислувал да го направам истото.

- Ова е одлична и ефикасна конструкција. Има сè што му треба – коментирале корисниците на мрежата што го следат.

Иако според многумина, тесниот простор е повеќе за вонредни ситуации и краткорочни авантури, сепак на повеќето им се допаднало идејното решение на Хараус. Некои од корисниците забележале дека на овој начин би заштедиле значителна сума на пари што инаку би ја потрошиле, на пример, на изнајмување стан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ

Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Љубовните врски честопати од луѓето го вадат најлошото, бидејќи бараат да бидеме ранливи и да ѝ веруваме на другата личност. 

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Во таквата динамика, конфликтот, стравот, несигурноста, па дури и огорченоста се речиси неизбежни. За среќа, постојат вештини што можат да ни помогнат полесно да се снајдеме во интимните односи, пишува Vice.

Еве кои пет клучни вештини е добро да се развијат за да можете да се потпрете на себеси и на партнерот во врската.

Активно слушање

Иако изразувањето на сопствените чувства и потреби е од суштинско значење за секоја врска, многумина забораваат колку е важно да се слуша другата личност. Според психотерапевтите, активното слушање му покажува на вашиот партнер дека ви значи она што го кажува и дека сте навистина присутни во тој момент.

При тоа, целта е да го разберете искуството и перспективата на вашиот партнер и да одговорите внимателно, наместо да реагирате инстинктивно.

Емоционална свест

Недостатокот на самосвест е еден од најтешките проблеми во врските, а ова особено се однесува на емоционалната свест.

Развивањето на емоционалната свест им помага на партнерите појасно да разговараат за своите потреби и да реагираат повнимателно за време на стрес и конфликт. Клучен чекор во спречувањето на импулсивни реакции е да застанете и да се обидете да разберете што ве мачи и како обично реагирате кога емоциите ве преплавуваат.

Емоционална регулација

Покрај емоционалната свест и емоционалната регулација е клучна. Ако не можете да управувате со сопствените емоции, не можете да очекувате некој друг да го стори тоа наместо вас. Без оваа вештина, може да реагирате импулсивно наместо внимателно, што може да биде штетно за вашата врска.

Кога партнерот може да се справи со сопствените емоции во време на вознемиреност, стрес или други тешкотии, тоа може да направи голема разлика. Емоционалната регулација или заедничкото смирување партнерот создава безбеден психолошки простор што овозможува ранливост.

Ранливост

Ако не можете да бидете ранливи во интимна врска, си ја одземате можноста да се поврзете подлабоко. Во силните емоционални врски партнерите си веруваат еден на друг и си се доверуваат еден на друг за своите стравови, потреби, разочарувања и надежи.

Ранливоста создава можност партнерите навистина да се запознаат и да се поддржуваат еден со друг.

Способност да се поправи односот

Никој не е совршен и ниедна врска не е идеална. Конфликтот е неизбежен, но важна е и способноста односот после конфликт да се поправи.

Паровите кои успеваат во тоа, на расправијата гледаат како на ситуација „ние против проблемот“, а не „јас против тебе“. Тие заедно работат на компромисот и на подобро меѓусебно разбирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луѓето кои заработуваат најмногу имаат една заедничка особина, покажува една студија

Многумина веруваат дека клучот за напредок во кариерата и повисока плата е едноставно посветеност на работата и надминување на очекувањата, или агресивен пристап кон деловните можности.

Луѓето кои заработуваат најмногу имаат една заедничка особина, покажува една студија

Но, иако продуктивноста е важна за професионален развој, и нашата личност игра голема улога. Студија на група економисти од Универзитетот во Кембриџ покажа дека една особина на личноста е особено важна за оние кои сакаат да заработат повеќе.

Совесноста како индикатор за приход

Истражувањето се базира на теоријата „Големите пет“ особини на личноста, според која личноста може да се опише преку пет димензии: отвореност, совесност, екстровертност, прифатливост и невротицизам. Додека претходните истражувања покажаа како овие особини влијаат на романтичните врски и развојот на кариерата, економистите беа заинтересирани за тоа како тие влијаат на приходот.

Вејлонг Жанг, еден од авторите на студијата, објасни дека совесноста е често најсилниот индикатор дека едно лице ќе заработи повисока плата. Тој ја опиша оваа особина како „силна предност на пазарот на трудот“, што генерално е поврзано со повисоки приходи и помала веројатност за невработеност.

Луѓето со високо ниво на совест се познати по тоа што се одговорни и организирани. Тие работат напорно за да ги постигнат своите цели и се стремат мудро да го користат своето и туѓото време, поради што често се поврзуваат со трудољубивост и сигурност.

Според Жанг, „Совесните луѓе често се перципираат како сигурни и вредни, додека емоционалната стабилност им овозможува поефикасно да се справат со стресот, а работодавците високо ги ценат овие два квалитета.“

Зошто оние што угодуваат се во неповолна положба

Ова се однесува на некој кој лесно се сложува со другите луѓе. Како што истакнува Жанг, оваа особина може да биде голема предност во меѓучовечките односи, но можеби не е секогаш корисна кога станува збор за преговори за плата.

„Конформистите имаат тенденција да избегнуваат конфликти, што може да ги направи помалку решителни во преговорите“, вели тој.

Ваквите поединци често се поподготвени да ги прифатат понудените услови без понатамошни преговори, бидејќи не сакаат да создадат тензии или да им отежнат на другите. „Жените, кои во просек покажуваат повисоко ниво на конформизам, се соочуваат со двоен хендикеп на пазарот на трудот“, вели Жанг. „Не само што често се перципираат како помалку решителни преговарачи, туку економската вредност на нивниот конформизам е често помала од онаа на мажите“.

Вештините не се единственото нешто што ја одредува платата

Иако би било идеално ако платата се базира исклучиво на знаење и вештини, реалноста на пазарот на трудот е многу посложена.

Пристрасноста е појава која ретко кој сака да ја признае, но лесно може да се вовлече во работната средина, честопати несвесно. Истражувањата покажуваат дека менаџерите понекогаш не ги забележуваат таквите форми на неправедност, додека вработените се многу посклони да ги воочат.

Висината на платата зависи од многу повеќе фактори отколку само од вештините. Денешниот пазар на труд често ги наградува луѓето кои се посамоуверени, амбициозни и организирани. Ова може да биде предизвик за оние кои ги немаат овие особини, но ваквите обрасци често се појавуваат на работното место.

Совесноста може да се развие

Добрата вест е дека совесноста може да се развива во текот на целиот живот. Ова вклучува сериозно сфаќање на повратните информации, промена на начинот на кој пристапувате кон вашата работа и вложување поголем напор во соработката и односите со колегите.

Со тоа, покажувате одговорност и професионализам, дури и додека сè уште работите на сопствениот развој. Долгорочно, токму ова може да ве доближи до унапредување и повисока плата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер