Од 9 до 31 мај јубилејни 50 мајски оперски вечери

Традиционално, со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палење на фестивалскиот оган, во Националната опера и балет на 9 мај 2022, со почеток во 19.30 часот, ќе бидат отворени јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“.

Оваа година, фестивалскиот оган ќе го запали нашата оперска примадона г-ѓа Милка Ефтимова.

Меѓународниот фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ почнува на 9 маj, а ќе трае до 31 мај. На јубилејното, 50. издание на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите оперски претстави, како и две балетски претстави, со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти. Во рамките на фестивалот, ќе биде промовирана монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.

Оваа година, 50. „Мајски оперски вечери“ свечено ќе се отворат со премиерата на една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, операта „Норма“ од Винченцо Белини на 9 мај во 20.00 ч. под диригентската палка на гостинот од Италија, Енрико Довико, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф: Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога ќе настапи Благица Поп Томова, во улогата на Полионе: Ѓорѓи Цуцковски

Адалџиза: Сандра Митровска, Оровезо: Иван Томашев (Србија), Клотилде: Марика Поповиќ

Флавио: Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Втората изведба на операта „Норма“ ќе биде на 11 мај, во 20.00 ч.

На 14 мај ќе се изведе балетот во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“ по музика на Калиопи Букле, кореографија и режија на Олга Панго, либрето и драматургија Сашо Димоски.

На 18 мај ќе се изведе „Лучија од Ламермур“ на големиот италијански композитор Гаетано Доницети.

На 21 мај ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, романтичниот балет во два чина „Жизел“ од Адолф Адам .

На 26 мај ќе се изведе операта „Турандот“ од Џакомо Пучини.

Традиционално на 31 мај ќе се затворат 50. „Мајски оперски вечери“ со величествената „Аида“ од Џузепе Верди.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер