Од 80 до 100 евра ќе треба да потрошат граѓаните доколку сакаат јагне за велигденските празници

Од 80 до 100 евра ќе треба да потрошат граѓаните доколку сакаат да си купат јагне за велигденските празници. 

Сточарите во земјава велат изминативе години има заинтересираност, но јагнето не се купува како порано. Резултат за тоа се и повисоките цени. Годинава јагнето се продава по цена од околу 230 денари за килограм жива мера, додека пред некоја година, цената се движеше од 150 до 170 денари.

„80 до 100 евра цело јагне да е над 25 кила, жива мера.... Јас како производител на сирење ја подобро имам рачун да одам на сирење него на јагне. И јас ги продавам мали, некој што не прозиведува сирење, ги чува и поголеми, ама тие поголемите не ги сакаат и не може на пример, 30 кила јагне еден македонец не може со оваа плата да го земе за 100 евра. “--изјави Скендер Аме – Здружение на сточари Даши – Дебар.

Од дебарското здружение на сточари Даши велат околу 70 % од македонските јагниња веќе завршиле на странскиот пазар.

Извозот, во пресрет на католичкиот велигден, и оваа како и претходните години, е главно на италијанскиот пазар. Сточарите, велат ќе остане и по некое јагне за православниот Велигден, но цената сега и тогаш нема да биде иста.

„До сега, за овој католичкиот празник, се продаваше по 230 денари за живо јагне. Цената за велгиденскиот празник секогаш е поголема од католичкиот, затоа што, во велигеднскиот има и луѓе што земаат директно од фарма.“ --изјави Скендер Аме – Здружение на сточари Даши – Дебар.

Јагнешко месо има и по месарите. Цената во моментов се движи од 600 до 650 денари за килограм, но месарите велат секоја година пред велигденските празници традиционално цената на јагнешкото месо расте, па така и годинава очекуваат килограм да достигне и 700 до 800 денари.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат не само јагнешкото туку секое месо е скапо, но еднаш во годината можеби и ќе може да си дозволат по некое кило јагнешко.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

притисни ентер