Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗдравјеОд 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи ТаравариОд 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат веќе проблем со обезност, додека во светот бројката изнесува една милијарда. За десет години, според проекциите ќе порасне за 50 отсто, и тоа не само во развиените држави, туку и во државите што се во развој како што сме ние. Значи не е проблем само на популацијата што има подобри услови за живеење, туку и во државите кои што се развиваат, посочи министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на обезноста. Како што посочи Таравари, во земјава има два центри за третман на обезност, односно Клиника за ендокринологија и Градската општа болница „8 Септември“, но, како што рече, наскоро Клиниката за ендокринологија ќе се дисперзира и во Прилеп. Тој нагласи дека Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување веќе ја имаат набавено инсулинската терапија и сѐ што е потребно за луѓето со дијабет. - Ние како Министерство за здравство, заедно со Фондот за здравствено осигурување, би сакале да се пофалиме дека оваа година веќе ја имаме инсулинската терапија и сето тоа што треба за луѓето со дијабет, веќе е обезбедено и сме во процедура за обезбедување околу 10-20 отсто повеќе. Исто така ќе има третман за пациенти кои што се со дијабет и со обезност, кои што се третираат со специфична терапија. Оваа година таа бројка ќе порасне за 200 пациенти повеќе, што е релативно голема бројка. Исто така, сензорите во изминатите две години беа за 650 пациенти, оваа година ќе бидат 800 пациенти, што е релативно добра бројка, иако не е сосема доволна, не е само за пациентите, односно децата веќе со дијабет, туку и други пациенти кои што се во ризични групи, рече Таравари. Додаде дека првпат во државата Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство ќе го покриваат 25 пациенти, кои ќе можат да се оперираат. – Исто така да најавам што е новост, за првпат во државата, 25 пациенти преку Фондот и Министерството ќе можат да се оперираат, ако се обезни и постојат индикации за операција, тоа што комплетно ќе го покрива и ќе биде најдобриот систем, да речам, што е прв пат, новина се случува во нашата држава, рече Таравари. На денешната прес-конференција присутен беше и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, кој нагласи дека годинава за првпат е одобрен буџет за изведување баријатриска хирургија на Клиниката за дигестивна хирургија. Овие средства, посочи Клековски, се во висина од околу 120 милиони денари. – Идејата е дека кога постојат силни медицински индикации, не естетски, тука силни медицински индикации, кога тежината не може на ниеден друг начин да се контролира, да се пристапи кон овој начин на интервенција. Тука треба да признаеме дека веќе дебелината не ја гледаме како естетски проблем, туку како здравствен проблем, и како вложување во здравјето на единките, бидејќи некои од работите, како што е дијабетот не може да бидат апсолвирани без регулирање на тежината, рече Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЛоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евраРускиот суд ја отфрли жалбата на гигантот: „Google Ireland“ мора да плати рекордна сума на сопствената филијала поради спорни трансакции и раскинување на договори.Московскиот окружен арбитражен суд ја отфрли касациската жалба на „Google Ireland Limited“ и „Google International LLC“ против одлуката за наплата на 160,3 милијарди рубљи (околу 1,63 милијарди евра) во корист на руската филијала на „Google“, објави денес Комерсант. Во февруари, московскиот суд му наложи на „Google Ireland“ да плати 101,7 милијарди рубљи (околу 1,04 милијарди евра) од главниот долг и дополнителни 58,6 милијарди рубљи (околу 601,6 милиони евра) камата. Деветтиот арбитражен суд во Москва ги отфрли жалбите на меѓународните структури на „Google“ во јуни, по што тие поднесоа касациска жалба, која сега е одбиена од Московскиот окружен арбитражен суд. Спорот го покрена стечајниот управник на руското правно лице „Google“, Валериј Таљаровски, кој побара одредени трансакции меѓу рускиот и ирскиот дел од компанијата да бидат поништени. Предмет на спорот беше раскинувањето на договорот за препродажба на рекламен простор од 2009 година, како и склучувањето на нов договор во април 2018 година. Таљаровски, исто така, ги оспори плаќањата извршени од руската филијала кон „Google Ireland“ во вкупен износ што надминува 373,7 милијарди рубљи (околу 3,84 милијарди евра), извршени од април 2018 година до март 2022 година. Судот го прифати барањето на стечајниот управник. Руските судови претходно донесоа и други одлуки против „Google“. Во февруари оваа година, Врховниот суд на Русија не прифати да го разгледа барањето на „Google International“ за преиспитување на одлуките на пониските судови што ги признаа тужбите на руските телевизиски канали против рускиот „Google“ за блокирање на нивните канали на „YouTube“. Извор: Б92Тагови: Google русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме МакедонијаНиколоски потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот. "Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот. Кога оваа Влада беше формирана во 2024-тата година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 – се пресекуваат, а на нив се надоврзуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6", истакна вицепремиерот Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРахим Стерлинг се соочува со затворска казнаПоранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити, ...Рахим Стерлинг би можел да се соочи со казна затвор до две години доколку биде прогласен за виновен за опасно возење.Против 31-годишниот фудбалер се покренати обвиненија откако учествувал во судир на автопат додека го управувал својот „Ламборгини“, чија вредност изнесува 270.000 фунти (315.000 евра). Тој исто така се товари за поседување азотен оксид наменет за вдишување и за одбивање да даде примерок за тестирање, пренесува Goal.com. Портпарол на полицијата во Хемпшир и на Островот Вајт го потврди случајот. „Возачот треба да се појави пред суд следниот месец и да одговара на обвиненијата по судирот на автопатот М3. Ex-England footballer Raheem Sterling veers his £270k Lamborghini across three lanes while driving erratically on the M3, minutes before crash He can be seen with what looks to be a balloon filled with 'hippy crack' as he turns back into the inside lanehttps://t.co/rbklDnj6iC pic.twitter.com/1A43BM7Fl2 — Video Forensics (@Video_Forensics) June 1, 2026 Рахим Стерлинг (31) од Беркшир е обвинет за опасно возење, поседување азотен оксид за недозволено вдишување и одбивање да даде примерок“, се наведува во соопштението. Обвинението поврзано со поседувањето на азотен оксид – познат како „гас за смеење“ – е особено сериозно бидејќи оваа супстанца е класифицирана како дрога од класа Ц уште од ноември 2023 година. Неговата употреба и понатаму претставува проблем во професионалниот фудбал, со оглед на потврдените ризици од срцев удар, мозочен удар и оштетување на мозокот. Стерлинг беше пуштен на слобода со кауција за време на истрагата и сега мора да одговара пред судот по поднесените обвиненија. Незгодата се случи во близина на клучката „Минли“; сведоците пријавија дека автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот. Во судирот немаше повредени, но Стерлинг е обвинет за сериозен прекршок поради начинот на кој управувал со возилото, според описите на очевидците. По инцидентот, поранешниот англиски репрезентативец ретко се појавува во јавноста и само повремено објавува содржини на социјалните мрежи, поминувајќи го времето со своето семејство. Слободен играч без клуб Овие правни проблеми доаѓаат во момент кога фудбалерот, кој четири пати ја освоил Премиер лигата, се соочува со тешка фаза во својата кариера. По периодот исполнет со трофеи во Манчестер Сити, неговиот трансфер во Челзи во 2022 година, вреден 56 милиони евра, се покажа како лоша одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter