Од 24 февруари ќе бидат обновени летовите од Белгија за Израел

 Белгискиот национален авиопревозник „Браселс Ерлајнс“ соопшти дека од 24 февруари ќе ги обнови летовите за Тел Авив, укинати по настаните од 7 октомври минатата година. 

Одлуката е донесена по темелно разгледување и предвидува дополнителни безбедносни мерки, се наведува во соопштението.

До крајот на април ќе има три лета неделно, по што ќе се процени дали се неопходни промени во распоредот. Компанијата додава дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и ќе прави промени по потреба.

Се прецизира дека во декември минатата година безбедносните служби на германската авиокомпанија „Луфтханза“, во која е и белгискиот национален авиопревозник, дале позитивна оценка за обновувањето на летовите до Тел Авив, доколку се преземат дополнителни мерки.

Димитриевски: Нека е честит и вековит денешниот празник!

Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци.

Посакувам оваа традиција на христијанството преку обединување на народот да ја продолжиме, вршејќи само добри дела, кои ќе донесат здравје и духовен мир.

Нека е честит и вековит денешниот празник! Бог се јави! Нека е за многу години празникот Водици!

Трајче Костадиновски го подигна Светиот крст во Кавадарци, парите за лекување на малата Симона

Светиот крст во Кавадарци го подигна Трајче Костадиновски од селото Марена.

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и голем број граѓани , како и свештенството од Вардарската епархија, Костадиновски веднаш по излегувањето од водите на Црна посака една желба.

Тој од црковните лица побара на плоштадот во Кавадарци да се постави кутија за донации и сите пари што ќе му се даруваат денеска да бидат наменети за лекување на девојчето Симона .

Претседателката Гордана Силјановска- Давкова од Охрид: Да ги отвориме нашите срца за вербата

На овој возвишен ден, присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици во Охрид.

На овој возвишен ден, присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив.

Стотици верници, поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, учествуваа во овој свет чин. Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост.

Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!, објави претседатеката на ФБ.

притисни ентер