3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
КултураОд 23 јули до почетокот на август „Скопје вибрира“ со изложба, музика, филм „Скопје вибрира“ - поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности, ќе се одржи во главниот град на државава од 23 јули до почетокот на август.Како што денеска информираат „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности. - „Скопје вибрира“ е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум“ лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“ и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во денешното соопштение. Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од ЛатвијаНа 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаВчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела државаПри контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци. Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.Тагови: пешаци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетитеСо документите в рака и со големи очекувања, идните бруцоши денеска тргнаа кон избраните факултети. За некого изборот бил одамна направен, за други пак одлуката била донесена во последен момент. На техничките факулети, но и на медицинскиот факултет во Скопје раздвиженоста беше најголема. Дел од идните академски граѓани уште од сега својата иднина ја гледаат надвор од границите на Македонија, други пак веруваат дека татковината ќе им овозможи стабилна иднина, за да не мораат да ја бараат во странство. Кандидатите за студенти на најголемиот државен универзитет Св. Кирил и Методиј, денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.851 слободно место. Од вкупниот број, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти. Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места. Министерката за образование Весна Јаневска информира дека оваа академска година има скратување на квотите на одредени факултети по направените анализи за потребите на пазарот на трудот. За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, додека запишувањето на примените кандидати е предвидено за 3 и 4 септември. Вториот уписен рок ќе се одржи на 10 и 11, а третиот на 23-ти септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места. Тагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook