Од 23 до 28 септември 40. јубилејно издание на МОТ - Канал 5

Од 23 до 28 септември 40. јубилејно издание на МОТ

-Седум меѓународни и исто толку македонски претстави и промоција на книгата „Моќта на театарот-40 години МОТ“ на Љубиша Никодиновски-Биш се предвидени за јубилејниот 40. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ), што ќе се одржува од 23 до 28 септември.


- Бариери или ѕидини, тоа е она што оваа година не инспирираше и претставите со повеќегодишно внимание беа одбирани. Кога велам бариери, мислам на бариери на умот, политички, временски, родови, конфесионални, финансиски, на сопственото јас, бариери кои МОТ успешно, умешно, некогаш похрабро, а некогаш помалку храбро МОТ успевал да ги руши и да ги сруши, рече генералниот менаџер Златко Стевковски на денешната прес-конференција.

Град Скопје го поддржува фестивалот со два милиона, а Министерството за култура со пет милиони денари.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски потенцира дека МОТ значи многу за Град Скопје и за театарскиот живот.

- Досега, овие 40 години на фестивалот како учесници биле презентирани театри, театарски групи и самостојни театарски уметници од над 70 држави од Европа и од светот, со повеќе од 700 изведби. Целта на МОТ е и во иднина да остане единствен прозорец кон светот на современи европски театарски вредности, да ги промовира европските театарски знаења и искуства пред домашната публика, но и да овозможи промоција на македонските автори, проекти и продукции на големата европска сцена, рече Трајановски. Додаде дека има зголемен интерес на публиката за фестивалот.

Русе Арсов, извршен продуцент ја презентира програмата. Фестивалот ќе биде отворен на 23 септември, на големата сцена во Македонската опера и балет со танцовата трупа „Алијас“ од Женева. Претставата „Пред“, која трае 55 минути, ќе биде прикажана во Скопје, по нејзината премиера. Поради голотијата на сцената, таа е наменета за публика над 16 години. Истиот ден во Младинскиот културен центар ќе биде прикажана претставата „Комплекс Ристиќ“, копродукциски проект меѓу Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

Дел од програмата се Гогољ центар од Русија со „Самовили“, исто така наменета за публика над 16 години, „Друга страна“ чиј автор е Дејан Дуковски, а во изведба на танц театарот „Лидија Литос“ од Атина, Белорускиот слободен театар од Англија со „Црвена шума“, „Неопланта“, претстава на Новосадскиот театар „Ујвидеки синхаз“, а за затворање е претсватата „А каде е револуцијата, стоко?“, на Монтажстрој од Загреб.

- Првпат оваа година се обидуваме да направиме и организиран македонски преглед на престави кои мислиме дека се релевантни да се прикажат, рече Арсов. Ќе се прикажат „Време на забава“ на Театарската трупа „Гнев“ од Скопје, „Солун, град на духови“ на Театарот на навигаторот Цветко од Скопје, „Федра“, копродукција меѓу Велешкиот театар и Словенско младинско гледалишче, „Прометеј“ на Турскиот театар од Скопје, „Дневникот на лудакот“ на Moving Music Theatre од Битола, „Кој пукаше на 21-ви? на Младинскиот културен центар и „Електра“ на МНТ.

МОТ ќе се одржува на неколку локации, во Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар, Театар Комедија, Македонскиот народен театар и Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија. Поради јубилејот на МОТ, до почетокот на фестивалот сите билети ќе бидат со 40-процентен попуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер