Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи - Канал 5

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи

 Белгија во наредните години планира постепена замена на традиционалните розови хартиените возачки дозволи, се до нивното целосно укинување во 2033 година, од кого во употреба ќе бидат само пластичните верзии на дозволите.  

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи

- Хартиените возачки дозволи ќе истечат во 2033 година. Потоа сите ќе имаат возачки дозволи во стилот на банкарска картичка, информира портпаролот на белгиската Федерална јавна служба за мобилност, Томас Де Шпихеларе.

Тој посочи дека целта на оваа замена е сите жители на ЕУ да користат ист тип возачки дозволи, кои ќе бидат препознатливи низ целата Унија и нивната валидност лесно ќе може да се провери во секоја земја членка.

- Луѓето на кои од сега ќе им биде потребна нова возачка дозвола, од една или друга причина, по автоматизам ќе добиваат дозвола по моделот на банкарска картичка. Ова значи дека хартиените возачки дозволи постепено се укинуваат, изјави Де Шпихеларе за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.

Според него, со приближувањето на 2033 година, Службата за мобилност ќе започне активности во соработка со локалните власти за „целосна транзиција“ кон пластични возачки дозволи.

Иако белгиските хартиени возачки дозволи се уште се официјално признати низ целата територија на Европска Унија, сепак, според Де Шпихеларе, забележани се случаи кога некои Белгијци со вакви дозволи имале проблеми со локални полиции во странство, па дури заработиле и казни.

Де Шпихеларе додаде дека и пластичните возачки дозволи, како и хартиените, ќе мора да се менуваат на секои 10 години, или, како што нагласи, „кога повеќе нема да изгледате како на фотографијата на вашата возачка“.

- Претпоставуваме дека изгледате малку поинаку на секои 10 години, истакна Де Шпихеларе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер