Од 2019-та, Македонија во четири нови проекти на ФАО

Од вкупното производство на храна, Македонија може да извезува 87 отсто, а со 13 проценти може да ги задоволи домашните потреби,.

Но, нема доволно преработувачки капацитети, слаб е пристапот до странски пазари, а се поизразени се и климатските промени, беше речено на денешната прес-конференција на која се потпишаа договорите за четирите нови регионални проекти на ФАО.

Еден од проектите ќе треба да ги идентификува загубите на храна кои во Македонија годинава достигнале 80 отсто, додека 460 илјади граѓани се соочуваат со сиромаштија и проблем да обезбедат јадење.

-Македонија учествува во речиси сите регионални иницијативи на ФАО чија цел е подобрување на животот во руралните средини, олеснување на трговските односи, намалување на процедурите и формалностите, како и поголема конкурентност, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој информира дека останатите три регионални проекти на ФАО се за поголема контрола на штетници, итно справување со африканската свинска чума и креирање политики за рибарство.

Проектите ќе стартуваат од 2019 година, а нивната вкупна финансиска конструкција изнесува 1,5 милиони долари.

Како што беше речено, освен Македонија, во регионалните проекти на ФАО се вклучени и Ерменија, Албанија, Молдавија, Црна Гора,…

Министерот Николовски порача дека е многу важно проектите да се имплементираат, но и усвоените практики потоа да останат одржливи.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер