Од 2017. нови правила во Формула 1 - Канал 5

Од 2017. нови правила во Формула 1

Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун најави воведувањето на нови правила од 2017 година. Фокусот ќе биде ставен на силата на моторот, односно аеродинамиката.

Од 2017. нови правила во Формула 1
Во Бахреин, се одржа средба на Еклстоун со шефовите на екипите по што е постигнат начелен договор за промените.

- Правилата ќе се променат, постигнат е договор. Болидите мораат да бидат побрзи и да имаме повеќе спектакуларни трки. Реално е да се очекува промени во шасијата, иако не се исклучени, и промени на моторот, изјави директорот на Мерцедес, Тото Волф.

Остануваат „V6“ моторите, но ќе биде зголемен протокот на гориво со што би се достигнале 1.000 коњски сили.

Што се однесува на аеродинамиката, таа ќе биде поедноставена. Затоа, болидите би требало да бидат поубави, но и потешки за возење.

- Две работи треба да се случат. Сите оние кои ќе работат на новиот мотор ќе треба да го надоградат на 1.000 КС, а потоа таква машина да испорачаат на своите клиенти по прифатлива цена, нагласи Еклстоун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши,  ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син.

Мајката на судијата Ристов:  Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

.Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

 Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот.

Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација.

Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот.

Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата.

Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер